“Нешто е гнило...”

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Крајно поразувачко-окрутно-вистинито обраќање. Не само студентите, сите си ја добивме дозата на површност и отупавеност со социјалните мрежи и медиумите.
Но, има една фина разлика зошто секогаш бил посебно важен бунтот на студентите: немаат „опашки и ташни“ кои би им ги стивнале гласот.
Некој ќе се вади дека има деца за гледање, некој го уценуваат со работа па си ја наведнал главата, некој чека ред за ин-витро, некој е на список за административец, некој е со договор на дело ако го видат одма лета.... огромно мнозинство на овој или оној начин е седнато во скут на „големиот татко“. Е драги студенти, вие сеуште немате багаж и макар да горенаведеното не е доволно силна причина за бацување газови, можете со мирно срце и чиста мисла да си ги кажете сите маки и неправди. А факт е дека е срамота какви се условите за вашето битисување.
Секогаш најголем страв на една власт бил студентски протест; од времето на Тито па навака ги имало многу и сите биле значајни. Просто е: млади се, силни, гласни и желни да одат напред.
Треба да го кренете гласот!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Кои сте, бре, вие? Извор: Време
Но, како и секогаш, како и секаде, шанса да добие има само оној што бара. Ако денешниве студенти (луѓе без работа, текстилци, продавачи во маркети, незадоволни пациенти, социјални случаи) не бараат, значи не им треба. Ако бара само еден, наместо стотина/илјада/10 илјади, тоа е лесно да се игнорира, и уште полесно е да се мава сеир од страна (по правило најголемите сеирџии се исто за жалење, ако не и повеќе, ем се меѓу оштетените, ем не им стиска да кренат глава). Во одредени случаи силата е во бројноста. Никој не се заебава со 300.000 народ на кој од се` му е дојдено преку глава и излегол на улица да го изрази тоа (мислам на Македонија се разбира, во Кина тоа е улична тепачка пред кучешки ресторан). Ние сме поделени на толку различни начини и толку сме отуѓени, што секој може да не дрибла.
Лесна му земја на Тијаниќ.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Проблемот во нашата земја е зависноста од државата. Она е најголем работодавач со години. Запослува 50% од работоспособното население, 20% работат во приватен сектор од која барем 10% се поврзани со државата преку тендери вклучувајќи ги најголемите работодавци Бетон и Гранит и 30% население невработено кое чека и се надева на работно столче во Влада. Во ваква поставеност нема кој да ја понесе битката. Тие кои директно не се зависни се многу малку. Ако ти не си некој од твоето семејство е на државна цицка.

Никогаш нема да се крене овој народ додека е вака поставена ситуацијата. Само кога би се променила би збореле за бунтови.
 
Кога тогаш млекото ќе пресуши
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Од оваа власт ништо да не очекувате,ниту пак наредната која ќе дојде,Ни протест не помага,видивме и самите како завршија стечајците,производителите на млеко,новинарите,тутунарите,средношколците.Единствен спас ви е да побарате помош од младинскиот сојуз на некоја од водечките партии,а тие да го предадат до државните органи или директно до општинската куќа под која територија се студенстките домови.Протестот е навистина најдобра солуција,но колку од колку ќе се појават на тој протест?еден од десет или тројца од петнаесет?
И да се разјасниме,како студенти имате право на протест и тоа како,спиете во нешто слично на отпад.Да видиме дали би можел некој од власта или самиот премиер да спие таму!?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога тогаш млекото ќе пресуши
Пак ние како народ ќе бидеме оштетени. На крајот на краиштата народот секогаш ќе страда и кога е вака и кога ќе пресуши.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom