O
Omer el Faruk
Гостин
ШТО Е ИСЛАМ?
Им реков, еднаш, на своите ученици: „Кога би ви дошол некој туѓинец, па би ви кажал дека располага само со време од еден час и сака за тоа време да дознае што е исламот, како би сте му го објасниле тоа за еден час?“
Одговорија: „Тоа е невозможно! Неопходно е да го проучува монотеизмот, исправното читање на Куранот (теџвид), толкувањето и коментарот на Куранот (тефсир), преданијата за говорот и делувањето на Пратеникот (хадисите), исламското право (фикх), основите на исламското право (усули-фикх) и да се задлабочи во проблемите и прашањата од кои Не може да се излезе за пет години!“
Јас на тоа им реков: „Субханалах (На арапски јазик значи: славен нека е Бог) , зарем не дошол еден бедуин да престојува кај Пратеникот еден ден или дел од денот, да го запознае за тоа време исламот, за после тоа да го пренесе на својот народ, станувајќи негов упатувач и учител, мисионер и доставувач на исламот? А освен тоа, зарем Божјиот пратеник, нека е Божјиот мир над него, во хадисот за Џибрил (Архангелот Гаврил), целата вера не ја објаснил во три реченици, говорејќи во нив за исламот, иманот (верувањето) и ихсанот (доброчинството)? Па зошто да не го објасниме исламот денес за еден час...?“
Што е, тогаш, исламот? И како се стапува во ислам?
Секоја вероисповед - вистинита или лажна, секое здружение - корисно или штетно, секоја партија - добра или зла, имаат свои идејни темели, како и идеолошки поставки кои ја одредуваат целта и го насочуваат правецот, служејќи како статут на нејзините членови и следбеници.
Оној кој сака да пристапи кон едно од споменатите здруженија, прво гледа во неговите основи, па ако е задоволен со нив, ако потсвесно и свесно ги прифати, без најмало сомневање во нив, бара да пристапи во тоа здружение, се вклучува во кругот на неговите членови, приврзаници, тогаш станува должен да ги извршува сите активности со кои го задолжува статусот како член на здружението и да плаќа одредена членарина. После тоа, должен е со своето дејствување да покаже искреност во прифаќањето на неговите основи и принципи, непрестајно присетувајќи се на нив, како не би сторил нешто што им се спротивставува. Со својот морал и дејствување, претставува убав пример на тие принципи, како и нивен практичен мисионер.
Членството во здружението, значи, означува: познавање на неговиот систем, верување во неговите начела, покорување на неговите одредби, и практично дејствување, во согласност со тие одредби. Ова е општ став кој е применлив и во исламот. Со оглед на тоа, оној кој сака да пристапи во исламот, треба прво да ги усвои неговите основи и непоколебливо да ги прифати, како би станал муслиман (Покорен, послушен, предан на Бога) . Овие основи се состојат, накратко, во верувањето дека овој материјален свет не е сè што постои и дека овој дуњалучки живот (Овоземски живот, во понатамошниот текст ќе биде употребен изразот овоземски живот) , всушност не е целиот живот. Човекот постоел пред раѓањето, ќе постои и после смртта. Не се создал тој самиот, туку бил создаден уште пред да се спознае себе си. Не го создале неоргански битија околу него, затоа што тој поседува разум, а тие не, туку него, а и сите овие светови, од непостоење ги создал Единиот Возвишен Бог. Единствено Тој оживува и усмртува. Тој е Оној Кој сè создава и ако сака сè уништува. Овој Бог не е сличен на ништо од овие светови. Тој е од секогаш, не е создаден, Тој е за секогаш, нема да исчезне. Моќен е, нема граници на Неговата моќ. Сè знае и ништо не е скриено од Неговото знаење. Праведен е, но Неговата праведност не се одредува со мерилата на човечката праведност. Тој е Оној Кој ги поставил законите на вселената, кои ние ги нарекуваме природни закони, и сè што е во неа складно го направил. Отсекогаш ги определил сите подробности и облици, како и сè што ќе им се случи на живите и на неживите битија: движење и мирување, постојаност и промени, активности и неактивности. На човекот му подарил разум кој размислува за многу нешта кои му ги потчинил на неговиот разум, со кој го реализира она што ќе го избере. После овој привремен живот создадал вечен живот - во идниот свет, во кој добротворот ќе биде награден со џенет (Рај, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – рај) , а грешникот казнет со џехенем (пекол) .
Овој Бог е еден и единствен. Нема придружник кој се обожува освен Него, ниту пак има посредник преку кој Нему му се приближува, и кој кај Него без Негова дозвола се завзема. Обожувањето, во сите негови видови, само кон Него, искрено се упатува.
Сите видливи битија кои со сетилата се чувствуваат, како и оние за нас невидливи - Му припаѓаат Нему. Некои од нив се неживи, а некои живи, задолжени со должности. На некои од тие битија својствено им е само доброто, а тоа се само мелеците (ангели) ; на некои им е својствено само злото, а тоа се шејтаните (ѓаволи, демони) , додека на некои им е својствено и доброто и злото, а тоа се џините и луѓето. Тој, Возвишениот Господар одбира некои од луѓето и им испраќа ангел со Неговиот закон, да им го предаде на луѓето, преку пратениците.
Овие Божји закони содржани се во книгите и посланијата кои се објавени од небесата. Последната од нив ја поништува претходната или ја корегира. Последната книга е Куранот. Сите книги пред него се изменети, или исчезнале и се заборавени. Единствено Куранот останал сочуван од промени и пропаст. А, последниот од спомнатите пратеници е Мухамед ибн Абдулах ел-Ареби ел-Курејши. Со него се запечатени пратеништвата, а верите со неговата Објава, така да нема веровесници и пратеници после него.
Куранот е исламски законик. Оној кој тврди дека Куранот е од Возвишениот Господар, Алах, и верува во Него, како целина и во подробности, се нарекува верник. Верувањето во оваа смисла не му е познато на никој освен на Возвишениот Алах, затоа што луѓето не ги отвораат човечките срца ниту пак знаат што има во нив. Поради тоа должен е, за муслиманите да го сметаат како еден од нив, да го изјави тоа верување со изговарање на шехадетот (Сведочење, усно сведоштво за припадност на исламот) . Шехадетот гласи: „Верувам дека нема друго божество достојно за обожување освен Алах, и верувам дека Мухамед е Алахов пратеник“.
Кога ќе ги изговори тие зборови станува муслиман, т.е.: вистински жител на исламската држава, во која ги ужива сите права кои ги ужива муслиманот и прифаќа да ги извршува сите должности со кои исламот го задолжува.
Овие обврски, т.е., верски должности се малубројни, лесни, и во нив нема никакви мачнини, ниту големи потешкотии.
Прватаод нив е в зори да клања два реката (Основен дел од молитвата, а се состои од едно стоење кое се нарекува кијам, едно поклонување наречено руку и две спуштања ничкум наречени сеџда. Молитвата е составена од најмалку два реката, а највеќе четири) сабах-намаз , тивко повикувајќи Го својот Господар, молејќи Го за секое добро и барајќи заштита од казната. Пред тоа зема абдест, т.е., мие одредени делови на телото или ако е џунуб (нечист), се капе.
Клања во средината на денот четири рекати пладне-намаз, малку подоцна уште четири рекати икиндија-намаз , а после заоѓањето на Сонцето три рекати акшам-намаз и на почетокот на ноќта четири рекати јација-намаз.
Ова се петте пропишани молитви. Нивното извршување трае околу половина час. За нивното извршување не е определено ниту место ниту определена личност (верски човек) без кои тие не би биле исправни. Во нив, како и во сите други верски должности, Богоугодни дела и обожувања, нема посредник помеѓу муслиманот и неговиот Господар.
Вторатаобврска на муслиманот се однесува на определениот месец во годината, Рамазан, во кој муслиманот го поместува појадокот, па го извршува на крајот на ноќта - наместо на почетокот на денот, а го одлага ручекот за после заоѓањето на Сонцето, воздржувајќи се во текот на денот од храна, пијалок и приоѓање кон жената. Тоа за неговата душа е месец на чистење, за неговиот стомак месец на одмор, а за неговото тело месец на преиспитување на неговото однесување и здравје. Овој месец е еден од начините на поттикнувања на добродетелство и еднаквост во животот.
Третата обврска е зеќатот. Ако после задоволувањето на личните потреби и потребите на семејството се појави како вишок одредено количество на иметок, за кое муслиманот во текот на годината немал потреба, должен е од тој иметок, после истекувањето на година дена, да издвои два и пол проценти (2,5 %) и да ги раздели на сиромашните и бедните. За муслиманите тоа давање не е никаков терет, а е од голема корист за оние на кои што тоа им е потребно. Тоа е цвид подлога на меѓусебното помагање и лек за болеста на сиромаштијата, една од најтешките болести.
Четвртатаобврска: исламот во својата заедници ги регулира и семејните собири:
- Собирот на маала се одржува пет пати дневно, како часовите во училиштето. Тоа е џематското (заедничкото) извршување на молитвата, во кое секој член ја зацврстува својата покорност кон Бога, состанувајќи се пред Него. Плодовите на овој собир се моќните да ги помагаат послабите, учените да ги подучуваат неуките, богатите да ги помагаат сиромашните. Просечното траење на овој состанок изнесува петнаесет минути, така да не му смета на работникот во работата, ниту на трговецот во трговијата. Ако муслиманот не присуствува на состанокот, не бива казнет за изостанувањето, но нема ниту награда заради учеството во него.
- Собир на ниво на заседание на градските квартови, кој се извршува еднаш неделно, е џума-намазот . Временски трае помалку од еден час, а присуството е задолжително за сите мажи.
- Собир на ниво на градско заседание, кој се одржува еднаш годишно, а тоа е Бајрам-намазот. Присуството на него е задолжително, а временски трае помалку од еден час.
- Собир на ниво на општо-муслимански конгрес, кој се одржува секоја година на одредено место: насочувајќи го дејствителниот и идејниот циклус, муслиманот е задолжен да присуствува еднаш во животот, ако е во можност - а тоа е хаџот (аџилакот) .
Тоа се основните верски обврски кои се задолжителни за муслиманите.