Што доведе до катастрофалните резултати од државната матура?

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Што доведе до катастрофалните резултати од државната матура?


09.08.2009 18:23


Партиските вработувања на наставниците и професорите, лошо изработените наставни програми, воопшто образовен систем кој е далеку од она кон што се стремиме
Овие недостатоци доведоа и до последниот неуспех - катастрофалните резултати од државната матура.
Речиси 50 проценти од сите средни училишта во земјава имаа просечна оценка меѓу 1 и 2-ка, а само 3 беа солидни со оценка над 4.
За учениците и студентите, ова е поразително. Категорично порачуваат, образованието има стратешки проблем, и не му требаат парцијални решенија туку темелни зафати.
„Сакам да видам компаративен приказ со другите земји кога Македонија ќе има квалитет во образованието, којшто го има една Норвешка и го има една Шведска, може да разговараме“, вели Ана Бојаџиевска, Младински образовен форум.
„Македонија на Пиза истражувањето последен пат учествуваше во 2000 година, резултатите беа поразителни, немавме ниту едно дете коешто достигна највисоко ниво на читање со разбирање, тоа е поразително“, додаде Бојаџиевска.
Велат за произведување квалитетни кадри треба квалитетни учители. За жал, професијата учител го изгуби достоинството.
„Што е многу битно, е враќање на достоинството на професијата професор. Да не се лажеме, кај нас учениците носат мобилни телефони во висина на платата на професорите. Тоа е сето поради лошо поставениот систем. Системот не функционира, системот полека но сигурно тоне надолу, еден ден ќе доживее крах. подобро да не го дочекаме тој крах“, рече Самуил Малчевски, ССУКМ.
И првиот човек во образованието Тодоров е разочаран од професорите. Лошите резултати од државната матура во најголем дел ги препиша на нереалното оценување во текот на годината.
Според него, слабите оценки се аларм и поттик за итно и целосно реформирање на средното образование. Приоритет е носењето на Законот за професионални квалификации.
Ранг листата на Министерството покажа дека најлоши резултати од полагањето матура имаат стручните училишта, додека гимназиите се солидни.
Директорите на најслабите училишта се свесни за состојбата и ги очекувале ваквите резултати. Но, вината за ова ја лоцираат и во имиџот на училиштата, кој се креира преку уписната политика на Министерството. Според неа, на основците со послаб успех местото им е тука, одличните имаат предност во другите.


http://www.time.mk/story_b62ded2624_article_558cc62397.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom