Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.164
- Поени од реакции
- 18.205
Судија со 1,94 промили алкохол делел правда
Екипа Меѓународен Фудбал
25.10.2011 10:05
Чешкиот судија Томаш Фидра морал да суди на својот роденден. Па откако убаво се „налил“ заминал на натпреварот од регионалната лига во Чешка на кој толку бил пијан што постојано паѓал по теренот, а потоа со ништо не предизвикан од ракав доделил три црвени картони.
„Здивот толку му мирисаше што фудбалерите ми рекоа дека се чуствуваат како да се во пивара. Воопшто не се трудеше да сокрие дека слави роденден“ - изјави Карел Душек претседателот на клубот Јестраби Лота, од чиј тим судијата исклучи без никаква причина тројца фудбалери.
„Не сакавме да го прекиниме натпреварот затоа што мислевме дека ќе бидеме казнети. Не постои правило кое забранува пијан судија да суди на натпревар“ - вели Душек.
Гледајќи дека на неспортски начин противничкиот тим останал без тројца фудбалери, играчите на домашниот тим Тинец Лабем не сакале да напаѓаат кон голот на гостите туку едноставно чекале само да дојде крајот на натпреварот кој завршил 1-1.
„Дури и навивачите со аплауз го поздравија потегот на домашните кои не сакаа да напаѓаат“ - рече Душек.
А судијата едвај стоел на нозете. Дресот целиот му бил извалкан од блатото. И полицијата чекала да заврши натпреварот, па потоа интервенирала. По проверката славеникот имал 1.94 промили алкохол во крвта. Добил 12-месечна суспензија, а натпреварот сепак е поништен од Регионалната чешка фудбалска федерација.