Што ако вашето момче е мамино галениче?

Член од
25 февруари 2014
Мислења
41
Поени од реакции
32
Значи убаво е кога ќе видите дека дечко ви ја почитува својата мајка, се однесуваат добро кон неа, и помагаат итн. Јас стварно тоа го сакам, тоа покажува дека маж. Но машките кои се зависни од своите мајки, секогаш бараат совети од нив, што не се самостоени и нормално мајките имаат дозвола да управуваат се што е поврзано со нивните синови, е таквите машки се бљак..
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Сето то е во ред ако мајката не е љубоморна на сната оти во спротивно ако не се погодам карактерно со свекривата стално ке е на нејзина страна, шо и да напрај нема да биди крива, па можи и претерано и да се меша во врската.....а кај е интимата тука
 

Angel4eeee

Ke vi kazam po nekolku godini :D
Член од
7 март 2014
Мислења
38
Поени од реакции
14
Ubavo e koga sinot ja pocituva svojata majka.Ama da bide do tolku da ne moze bez nea nisto da napravi ili pak taa da mu go organizira zivotot kako nea i odgovara e togass od strana izgleda ko malce retardirano :eek:.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Абе многу е едноставно. Гледам има многу постови на темава кои ги сметам за екстремно глупи, па си викам да појаснам малку.

Група од девојките (НЕ СИТЕ - да не бидам погрешно сфатен) си режираат глупи „филмови“ дека се што ние машките правиме е резултат како влијание на нашата мајка врз нашата психа.
Значи ужасно е глупо, дебилно и ограничено тоа размислување до степен што не ми се ни збори за таков кретенизам, али ај...

А зошто е глупо?

Затоа што родител (мајка, татко) за мене е светост, без оглед јас колку години имам, дали 50, дали 30, дали 20 и кусур, сеедно (така треба сите да размислуваат, затоа што тоа е нормално).
Свака част на тие што размислуваат на тој начин, широко ги отпоздравувам сите што имаат такво размислување во ова ненормално општество.
Кога знаеш поготово колку има некој пропатено за да те одгледа и да те оствари да бидеш личност совесна и здрава каква што си денес, нормално дека ќе те облее чувство дека таа личност е света и дека треба да се сака и да се почитува до крајот на животот. Тоа е најмалку што можеш да направиш за возврат.
Воедно, ако размислувам на тој начин, тоа не значи дека јас го правам сето она што ќе ми го каже некој од моите родители или дека сум нивни послушник, потрчко и слично. Нити сум дебил, нити ретард, а нити пак кретен.
Тоа си е мое право, како зрела личност на мои години, да одлучам и да го исполнам она што сакам да го направам без нивно мешање. Никој на светов не може да ми го промени она што јас сум го замислил и мислам да го остварам (нити девојка, нити мајка, нити татко нити било кој).
Машко сум и сам одлучувам за својот живот, за својата иднина и своите постапки.
Воедно, мојата самостојност нема да ме спречи да помогнам и да го сакам моето семејство, затоа што самостојноста и љубовта кон фамилијата се 2 различни ствари кои многу типки ги мешаат во нивните „умни“ глави. Која ќе ме прифати како таков - ОК, а која не, вратата и е отворена и нека си замине. Јас мислам дека сум едноставен...

Тоа што ме мачи е што не знам зашто ако искажеш основна почит на некаков начин спрема родител или нешто слично, веднаш рефлексно излегуваш „послушник“ на истиот во очите на некои девојки.
Да почитуваш родител, не е исто со тоа да си негов послушник и потрчко.
Крајно е дебилно и ступидно како прво да си помислиш таква ствар.
Или е тоа обид за манипулација на девојката за да се оддалечиш од семејството, или пак е грешно создаден комплекс во женски ум предизвикан за да се створи иден конфликт, недоразбирање и расправија. Во меѓусебна расправија, подоцна девојката ќе ги употреби адут-зборовите: „Ти си крив пошто за се ја слушаш мајка ти, татко ти и сл.“ -.-

А што всушност се случува?

Јас кога ќе дојдам дома и кога ќе седнам со родител, мене не ме замараат дома со зборовите „Еј девојка ти вака праи, ти ја слушаш неа, и сл.“. Не сме прости ебаго. Тоа е простачки режим кој се користел по селана пред 100 години. Кога дома не ме замараат за мојот живот со девојката, зашто девојка ми би ме замарала со тоа што однос имам спрема родител. Баш напротив, од дома ми доаѓа најголемата поддршка за работите кои сакам да ги остварам, затоа што се почитуваат моите размислувања и мојата самостојност. Ме одгледале на начин за кои се сигурни дека јас ќе бидам доволно зрел за да донесувам сопствени одлуки кои подоцна истите тие ќе ги почитуваат.
И сега кога ќе видиш добра пријателска атмосфера дома, и девојка која цело време ти „дрнда“ над глава за фамилијата без причина, ќе се запрашаш што излага подобро? Нормално дека ќе си речам „Еј чекај бе, девојкава не е во ред. Мене ми е убаво дома, а оваа види што ми збори. Чекај да се оддалелам од неа, ќе си најдам некоја подобра што вистински ќе ме цени“.
И после кога ќе почнат тие расправии со девојката, таа веднаш ќе ја користи како фраза горенаведената реченица „Ти си крив пошто за се ги слушаш мајка ти, татко ти и сл.“ , без притоа да ја согледа сопствената маана која ја поседува.

А тие невоспитани такви мочли што имаат нешто против и што се обидуваат да лечат болни комплекси, нека се откажат од нивните родители уште одма, ако сметаат дека е лесно и потребно тоа да се направи. Ама знаете што е фората? Секого го боли за своето, па така лесно е да се осудува туѓ однос и да се збори ;)
Кога ќе ги прашаш тие мочли што осудуваат, всушност на нив „мамичка“ им е секој втор збор.
Ама нели, својата мајка е секогаш мила и драга, а ние машките не сме луѓе и немаме чувства па не можеме да си ја почитуваме и сакаме фамилијата. Наводно сме немале право на тоа и сме морале сами да живееме :)
Да бевте во 19ти век ќе ве прашав дали ќе можете да зуцнете и кога ќе наполните 18+ години!
Ама јебига, живееме во капитализам т.е. економски систем кој тотално ги поремети умовите на луѓето. Западот го уништи и оној дел од народот кој размислуваше правилно, благодарение на нивните теории.

Она што ме иритира е што не се знае да се разликува основна почит спрема родителот, од „слушање и применување на се што ќе ти каже родителот“.

П.С. Да напоменам дека ова важи само за девојките кои со сила си ставаат погрешни мисли во умовите и се обидуваат да излезат паметни, исто како и за оние кои не знаат да направат разлика помеѓу почитување и „послушност“ на родител.
Сите девојки кои вистина се сведоци на вистински мамини синчиња (ама у буквална смисла) имаат поддршка од мене. Срамота е машко да слуша жена воопшто, а камо ли да прави се што ќе му кажат од дома. Ебати животот таков, живееш во твое тело без твој ум. Тоа стварно не го разбирам.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
188
Поени од реакции
123
Kaj nas mnogu raboti se pomesteni od normala pa I komunikacijata dete roditel.
Ziv primer za balkanskata realnost na privrzanost majka -sin e tekstov na pesnava....
http://www.youtube.com/watch?v=WzplXcV6PjI
......cuvaj I brani boze od vakvi patoloski slucaevi:)
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Леле што не ќе прочиташ. Мајката т.е. свекрвата наместо како злато да ја вардите бетер од некој ѓавол испадна.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
П.С. Да напоменам дека ова важи само за девојките кои со сила си ставаат погрешни мисли во умовите и се обидуваат да излезат паметни, исто како и за оние кои не знаат да направат разлика помеѓу почитување и „послушност“ на родител.
Сите девојки кои вистина се сведоци на вистински мамини синчиња (ама у буквална смисла) имаат поддршка од мене. Срамота е машко да слуша жена воопшто, а камо ли да прави се што ќе му кажат од дома. Ебати животот таков, живееш во твое тело без твој ум. Тоа стварно не го разбирам.
Да ја тргнеме почитта настрана, оној кој нема почит кон мајка, тој нема почит ни кон себе си. Оној кој кренал рака на сопствена мајка или ја нарекува со погрдни зборови, треба да се преиспита себе си дали е во ред. За мене мајка е светост. Не за џабе најмногу боли кога ќе ти опцујат мајка нели.

А да ги ставиме во преден план мамините синчиња. Објасни ми дали е нормално на 30 години некој да прави баш онака како што ќе му кажат од дома? Дали тоа личи на изградена личност? Дали на 30 и кусур години он незнае што е добро, а што е лошо?
Особено ова е присутно во коментарите кон партнерот кој сам го избрал. Мислам ало нема човек кој не би си го одбранил сопствениот избор.

Едно е почит и слушање совети, друго е раководење како малолетник.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Леле што не ќе прочиташ. Мајката т.е. свекрвата наместо како злато да ја вардите бетер од некој ѓавол испадна.
Јас свекрва ми ја чувам заклучена во сеф, исто како злато.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Браос, дај боже некогаш и снаа да си исчекаш и таа така убаво да те чува.
Секако дека така ќе ја исчува, не се крвно поврзани, не би требало повеќе да очекува.
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Секако дека така ќе ја исчува, не се крвно поврзани, не би требало повеќе да очекува.
Сеа сериозно: чудни сте вие жеништата, ела нека проба да ве разбери човек. Никогаш не ми била јасна омразата на релација снаа свекрва. Башка што нема причина. Знам дека ја има ама која е поентата нема никад да разберам.
Кај еднава не смееш да ја спомнеш мајката, ако не те остави на лице место најмалку 2 недели нема да ти прави муабет. Кај мајката недај боже да ја спомнеш девојката, бидејќи те познава подобро од било кој одма ќе ти направи таков муабет цел живот да имаш грижа на совест..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сеа сериозно: чудни сте вие жеништата, ела нека проба да ве разбери човек. Никогаш не ми била јасна омразата на релација снаа свекрва. Башка што нема причина. Знам дека ја има ама која е поентата нема никад да разберам.
Кај еднава не смееш да ја спомнеш мајката, ако не те остави на лице место најмалку 2 недели нема да ти прави муабет. Кај мајката недај боже да ја спомнеш девојката, бидејќи те познава подобро од било кој одма ќе ти направи таков муабет цел живот да имаш грижа на совест..
Тоа од љубов кон тебе :D

Да бидам искрена незнам зошто е таа конкуренција во однос на мајка и снаа кон синот. Тоа се две различни врсти на љубов, а постои конкуренција која повеќе го сака. Можеби и посесивноста влијае на тоа, генерациските разлики, желбата на мајката да го заштити детето од се, желбата на жената да го постави мажот во своја патека и ете конфликт.
 
Член од
2 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
133
Абе убаво е да си ја сака и почитува мајка му,но не треба да дозоволи да му се меша и донесува одлуки во неговиот живот наместо него.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Убаво напишаја поголем дел на машката популација во темава дека женските се многу поголеми од машките мамини мази, е сега проблемот тука е што се режираат филмови. А и што не е јасно? Чим е мамина маза тргајте се од него и тоа е тоа, исто и за машките чии пријатели се пичкици... Мајката е таа пто треба да ја знае границата да биде права мајка и да го пушти синот да живее. А една тема за татините принцезички?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom