Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619
Чалгија саунд систем е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како Калдрма, Бидичалги и Стринг Форсис. Во него членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман на виолина, Бошко Мангаровски – канун, Филип Крстевски – дајре и тарабука и Дориан Јовановиќ на ут, а нивната идеја за овој проект не беше само да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција, туку и да создаваат свои авторски композиции во тој дух.
По бројни настапи на сцените во државава, Чалгија саунд систем во декември 2010 година, во студиото на телевизија Алфа, го снимија материјалот за својот првенец, албумот што го носи името на составот.
„Ова е на некаков начин наша прва фаза, овој албум каде што се држиме стриктно до традицијата. Се трудиме и како состав и начинот на кој што ги свириме композициите да бидат што поверодостојни на она што сме го слушнале. Понатаму веројатно ќе следи материјал кој што ќе биде чалгиски инспириран меѓутоа и изведен во попроширен состав“, вели Дориан Јовановиќ кој е продуцент на ова остварување.
Инаку, снимател на 18-те чалгиски композиции кои беа забележани во живо, беше Ален Хаџи Стефанов, кој од своја страна за проектот знае да каже:
„Го има она древното, но во исто време она што мене многу ми се допаѓа џез, претежно унисона музика, музика која се свири како ансамбл, нема индивидуалци, не отстапува, во тие плетенки од линии, како да има мала слобода на отстапувања.“
Листа на песни:
1. Стојана мајка учеше
2. Ајде вино пијам
3. Кажи Јано, кажи душо
4. Марие, малда невесто
5. Не виткај се Софче
6. Дафино вино црвено
7. Старо чалгиско оро
8. Антице, џанам душице
9. Ој Ѓорушице
10. Ајде дали знаеш, паметиш Милице
11. Севдалино Малој моме
12. По друм одам
13. Мори чупи костурчанки
14. Твојте очи Лено
15. Одење по невестата
16. Кица мома моле бога
17. Ој Зарино
18. Апсана ме кладе
Чалгии мадафака! Здивот на неискварената македонштина – гласот на Добрила ,кој распослува низ тебе пејзажи, времиња, светови така удобно,така суптилно, така шизички...Од нејзините усни, се раѓа животот... Пишти традцијата... Инстументите кои продираат низ тебе, прободуваат парада од чувства, брчки, насмевки, спокој, мир, акумулираат негативности - те допираат, те гребат, те корумпираат, те засенуваат, те разнежнуваат, те замислуваат ... И патуваш, да.
Искрени се, и тоа да. До наивност верни на оставштината, овој состав е добро уигран да просведочи дека од предците не ни останала само тишината... Постојат како сублимација на нашите чувства, надежи, спомени и се предаваат целосно на публиката.
Ја не знам за кој к*р постоиш ти форумџијо низаеден, ако не си ги слушнал до сега?
И...