MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
Да не ви пишувам на секого посебно, еве вака на сите топтан, веројатно нема да ви смета.
Прво, баталете тоа википедија. Колку што е корисна толку е и смешна, секој пишува што сака: Македонците дека Самоил бил Македонец, Бугарите дека бил Бугарин ... бла бла бла. И ништо никој не знае, а пак секој спори. Тоа така не оди.
Ако не ве мрзи, платете си карта до Париз, Берлин или Москва, има таму еден куп литература за Византија и осталите царства околу византија, и можете слободно да прегледате. Особено ви ја претпочитам Москва, ако некој има за Византија во светов тоа се Русите.
Тезата дека Самуил бил Македонец, е еднакво смешна како и тезата дека бил Бугарин. Да имало тогаш државјанство, лични карти, пасоши, изводи од матична книга на родени, па да некако успеале тие „хартивчиња“ да се зачуваат до денес, можда и ќе видевме што бил дотичниот старец. Ама ништо од тоа. Башка, не знам колку пати треба да ви повторам дека идејата за нацијата и за концептот нација-држава е продукт на 19-век. Се' што ќе се поврзе и што се поврзувало од 19-век до денес со историјата на народите пред 19-век, не оди во прилог на самата историја затоа што ниту една нација во светот, ама ниту една не влече корени постари од 200 години, тоа е рамно на апсурд.
Второ, гледам дека бајаги забегувате со податоци, дури и еден со друг си противречите. Ајде вака, да почнеме од почеток.
Бугарија била покрстена т.е. го попримила христијанството во време на владеењето на Кнез Борис I Михаил. Христијанизацијата на Бугарското царство било поприлично мачно и тегобно и придонело да се зголеми јазот меѓу Византија и Бугарското царство. Кнезот Борис знаел дека подолго време го одолговлекувале покрстувањето, па наместо да се обрати кон Византија, испратил пратеништво кон Франкската држава, на што Византија експресно интервенирала, будејќи не можела да си дозволи соседна Бугарија духовно и политички да се приклучи кон Франките, а со тоа и да биде поблиска до Рим.
Па така, во 864 година Борис го попримил христијанството од Византискиот цар Михаил III Ласкарис, кој инаку му кумувал (па оттаму и го добил додаденото име Михаил), а по претходното приближување на византиските војски на бугарската граница. Меѓутoа, со овој чин Византија само си ја зацврстила својата позиција во Бугарското царство, со оглед да формираната бугарска црква се состоела и била управувана од грчко свештенство.
Бидејќи Борис бил изманипулиран од Михаил III, се свртел кон Рим, кон папата Никола Први, па предавајќи му на Кнезот Борис римски традиции, со што сакале да стекнат и црковна и политичка независност од Цариград. Надежите на Борис не се исполниле, со оглед да подоцна Рим му го свртел грбот (тој сакал самостојна бугарска црква, али не го добил – според каноните од Никејскиот собор, и преостанатите црковни собори кои подоцна следеле, титули давале исклучиво Рим и Цариград, како Божји црковни пратеници на земјата).
Но Византија интервенирала бргу, па го испратила патријархот Фотиј, за во 867 година, на собирот на претседателството на царот Михаил III била фрлена анатема на Папата Никола I, и со тоа римската „наука“ за присоединување на Отецот и Синот (Patre filioque) била осудена како еретичка, од една страна, а од друга и е прогласено како незаконско мешањето на Рим во прашањата на Византиското царство. Тоа е така, затоа што сфаќањата на Христијанството од страна на Византија, и давањето на круна т.е. титулар од страна на Византија биле сосема различни од оние на Рим, па со тоа и сметале дека давањето на традиции од страна на Рим врз младото Бугарско царство и кнезот Борис-Михаил биле незаконски – имале двојни традиции, Византиски и Римски, а Цариград ги признавал само своите. За ова прочитајте ги Вилан, Долгер, Адонц и Острогорски.
Трето.Симеон – исклучително бил паметен човек. Царот Лав VI умрел 912 година, а власта ја презел брат му Александар. Тој се стремел да се ослободи од наследс твото на Лав. Царицата Зоја ја затворил во манастир, а сите угледни соработници на Лав ги отстранил и ги заменил со свои луѓе, меѓу кои и прочуениот Никола Мистик, кој што е вратен на патријаршкиот престол. На Бугарите одбил да им плаќа данок, за што бил обврзан како Византиски цар со склучениот мир од 896 година, па со тоа на Симеон му дал повод за почеток на војна. Тој не завојувал и не дошол во Византија, само затоа што сакал војна со нив, тој ја сакал царската круна.
Симеон бил воспитан во византиски дух, кого и самите Византијци го нарекувале полугрк, бил обземен со идејата за возвишеноста на царското достоинство и слично на Византијците, бил убеден дека во целиот свет може да постои само едно единствено царство. Не сакал да создаде посебно бугарско царство покрај византиското, туку да основа ново царство, наместо старата империја – Византија.
Симеон дошол до Цариград, но кога видел дека не може да го освои, започнал перговори, па така од Никола Мистик – патријархот, ја добил царската круна и ветувањето дека младиот цар Константин VII ќе се ожени со неговата ќерка. Но, со тоа симеон не бил прогласен за совладетел на Константин, туку само бил признат за Цар на Бугарија (му биле префрлени традициите, токму тогаш официјално се префрлаат традициите).
Но, во меѓувреме во Византија дошол преврат, па надежите на Симеон останале јалови. Царицата Зоја се вратила во дворот, ја перзела власта во сови раце, а нејзината влада го отфрлила планот (договорот) за бугарско-византиски брак и ја отповратила правната важност на Симеоновото крунисување. Повторно завојувале., за по напорни борби Симеон конечно ја признал превласта на Византија.
Она што е интересно е што во овој период на борби Царицата Зоја идејствувала да Роман I Лакапин биде издигнат за Цар и да ги прими традициите, со што Симеон бил тотално разочаран, но не се предал од неговите примарни тенденции – Византиската круна и престол. Така, откриени се доста писма меѓу Роман I и Симеон (писмото на Роман I – Deltion I – 659), во кои Симеон се нарекува : Basileus Bulgaroi ksai Romеion. Симеон дури и најдени се ковани пари и печат на кои Симеон се нарекува – Simeon si Hriotos Basileus Romeion (За ова прочитајте го Герасимов –Bull. de l’Institute archeology bulgare 8 (1943 година). Се чини дека на Симеон поважно му било Византиското царство и круна отколку Бугарската. Ова можеш да го прочитате подетално од Долгер, Острогорски (особено овој), Leon Diakonos – Vita S. Lucae Junioris, Рунциман, Муфтачиев, Златарски.
Четврто – во време на Самоил владеела Македонската Династија 867-1056, која започнала од Василиј I, а завршила со Константин IX Мономах, односно царицата Теодора. Василиј I бил коњушар и бил по потекло од темата Македонија (северо-западна Тракија; тема- административно-воено управна единица во Византија). Според тоа, иако Василиј се викал Македонецот, а династијата Македонска, тој немал никаква врска со територијата т.е. географскиот поим Македонија, туку е роден во Тракија, во областа Едрене. Дури и се шпекулира дека наводно имал ермнско потекло (Адонц), што е сосема отфрлено како теорија.
Во време на Самуил владеел Василиј II, кој како млад цар, заедно со брат му Константин, на 18 години, наследил тотално разнишано царство, но заради неговата одлучност, егоцентричност, суровост и енергичност, подоцна постанал мада фака од Цар. Со оглед да царството било завојувно од внатрешни узурпатори меѓу кои Варда Фока, Никифор Фока, Варда Склир и Јован Цимискиј, Василиј успешно ги искористил и малтене ги испоклал сите до еден.
Во 976 година, само што Василиј ги смирил дел од нередите во Византија, во темата Македонија избувнало ново востание под водство на комес-војводата Никола и неговите синови, комутопулите Давид Арон Мојсеј и Самуил. За животот на комитопулите со сигурност не се знае речиси ништо, освен тоа дека биле од Византија. Теориите на Стефан Тарански – Асолик и на Адонц, за нивното ерменско потекло се неточни, со оглед да и двајцата си противречат (проверете подетално кај Острогорски). Неточни се и тезите на Благоев, дека Никола бил потомок на Аспаруховите Протобугари, и деа Рипсимија, мајката на комитопулите, била ќерка на царот Симеон.
Востанието примарно било насочено кон Византиската власт, со оглед да опради претходните династички борби, власта во Византија значително ослабнала, и речиси никакви реформи не биле донесени. Баткиве сакале да се оттргнат од Византија – таа повеќе не функционирала. Па така Комитопуливе, знаејќи дека поради војните на Византија со Бугарското царство, Царот Борис II и неговиот брат Роман биле затворени во Цариград, иницирале да овие бидат ослободени, па тие да ја земат круната (овде се мисли на бугарската круна, но не физичката како таква, туку традициите – правото што произлегува од неа – царството и патријаршијата, со оглед да Бугарската, покрај Византиската, била единствена на балканот што имала традиции од Византија).
Но, Борис при преминот на границата бил убиен, а Роман се спасил. Но Роман не можел да ја земе круната и да ги добие традициите, со оглед да Византијците го скопиле (вид на физичка и црковна казна коа што го лишува титуларот од титула) – за ова прочитајте го Русинман Bulgarian Empire.
Но овде,на ова точно тврдење, се наметнува Златарски, кој што поттикнат од погоре споменатиот историчар Асолик, фабулозно раскажува дека „ерменецот“ Самуил за цар го признал Роман, но тоа е неточно со оглед да Самоил го назначил за командант на Скопје, а кој подоцна, во 1004 година и онака им го предал на Византијците, за што од Василиј II добил титула патрициј и станал стратег на темата – Абидос ( според Јован Скилица Cedr. II 455.13).
Е сега, коа сме веќе кај Самоиловото царство, со оглед да е јасно дека тој ја зел круната (кога се мисли на круната, не се мисли на физичката круна, туку на традициите што произлегуваат од неа), знаеме дека постои поделеност околу мислењето чиво е ова царство. Според, првата струја, т.е. Бугарската историографија тврди дека уште во 969 година Симеоновото царство се поделило на Западно бугарско царство (денешна македонија), и продолжило да постои напоредно со Источно бугарското царство; Цимискиј го освоил само источното, па така останало западното, кое подоцна се нарекло Самуилово.
Во таа теорија долго време се протнуваше и теоријата на г-динот историчар Дринов, т.е. теорија за Западното царство на Шишмановците создадено во 963 година, која во светската историографија многу одамна е отфрлена. Второто гледиште (според Успенски и Анастасиевиќ) стои на „фактот“ дека таква поделба на царството никогаш не постоела, со оглд да Цимискиј го освоил целото бугарско царство, па дури подоцна е востанието на комитопулите, во 976 година, востание кое што произлегло од темата Македонија, а се проширило и на територија на денешна Македонија. Но и едната и другата теорија поаѓаат од погрешна претпоставка, а тоа е дека го замислуваат покорувањето на државата (Византија) како систематска окупација на целата нејзина територија. Да, како што велат изворите, нема ништо што алудира на фактот дека постојат две бугарски држави, една покрај друга (источно и западно) пред 976г., односно изворите на Скилица (Cedr. II. 347) кои произволно се ставаат во 969 година и сосема произволно се толкува како сведоштво за востанието на Комитопулите во таа година (на што верно укажува Русиман –Bulgarian Empire 218), со оглед да Скилица на соодветно место (Cedr. II 434,20) децидно вели дека востанието на Комитопулите се кренало по смртта на Цимискиј, значи 976 година. Од друга страна, јасно се гледа од изворите, дека Цимискиј, имал работа со источниот дел на Бугарија. Но факт е дека ниту Цимискиј ниту Свјатослав не ја окупирале Бугарија чекор по чекор, но со заземањето на нејзината престолнина и со отстранувањето на нејзиниот државен поглавар, прво едниот, а после другиот, станале господари на целото бугарско царство. Меѓутоа, власта засновање на центарот, при променета ситуација, можела лесно да се сруши од силите од периферијата, и тоа и се случило, кога византиските позиции по внатрешните борби по смртта на Цимискиј.
Е сеа, идеолошки, Самуиловото царство било поврзано со старото Бугарско царство, така што и самите негови творци и ВИзантијците го нарекувале Бугарско, но тоа е така бидејќи традициите на царството и и на патријаршијата, освен во Византија, постоеле само уште во бугарија (погоре ви е напишана таа згода). Самуил ги презел традициите на царството и патријаршијата, сите традиции, и го презел наследството на Симеоновото царство и царството на Петар, кое паднало под ударите на Византија. Но неговото царство се разликувало, значително, о и според составот и според карактерот од она на Симеон и Петар. Најпрво, тоа го поместило своето тежиште, што за тоа време е мошне клучна и значајна разлика, со оглед да на Симеоновото царство и она на Петар престолнината била во Преслав (Симеон ја префрлил од Плиска во Преслав). Па така, ако главна цел на Самул била воспоставување на старото Бугарско царство, тој секако пред се ќе се свртел кон бугарските територии, и првенствено би дејствувал за нивно ослободување. Меѓутоа, интересот на Самуил кон старите бугарски територии бил сосема мал. Во текот на целата негова борба, областите источно од Сердика играле изненадувачке скромна улога, така што во изворите (византиските извори) речиси и да не се спомнуваат.
Дополнителен прилог кон овие тврдења се походите на Самуил кои што биле концентрирани во тесалија, кон Лариса. Па токму од тие причини Василиј преку Трајанова порта се пробил во Сердика, за да го загрози Самуил, Не успеал д аја освои Сердика, па така неговата војска била тотално разбиена во 986 година. По ова победа Самуил продолжил да се шири насекаде, со оглед вешто ја искористил слабоста на Византија предизвикана од нова граѓанска војна.
Василиј немал друг избор, освен да го викне на помош киевскиот кнез Владимир (по основ на склучен мировен договор), па така во пролетта 988 година во Византија стигнале 6.000 руски војници, со варего- руска дружина, и кај Хрисополе,а потоа кај Абидос бунтовниците на крај биле тотално уништени, а узурпаторот Варда Фока бил убиен во битката 989 година, а Варда Склир се потчинил на Василиј, а подоцна бил убиен. Е дури тогаш, за прв пат Византискиот царски престол, дал рака на принцеза „родена во пурпур“ на странски владетел. Василиј му ја дал на кнезот Владимир својата сестра Ана, а тогашниот бугарски Цар Петар морал да се задоволи со принцезата од домот на Лакапини, додека роднина на узурпаторот Цимискиј била дадена на Германскиот Отон II. (В.Г. Василевски - Варјаго-рускаја и Варјаго-англиканскаја дружина в Константинополе Труд 1 и Annales de L’Inst. Kondakov 9- 1937). Фактот дека самуил бил најобичен бунтовник била и неговата војска, со оглед да ниту технички ниту организациски не можела да се спореди со Византиската, а особено што веќе од 1004 година командантите почнале да го напуштаат. Успесите на Самуил како таков се должеле на разнишаната Византиска држава поради граѓанските војни, во кои секако бил вклучен и неговиот татко – Никола. 1014 знаеме што се случило – катастрофа..нема што понатаму да се повторува, но важно е да се каже дека ослепувањето како чин на казна е изрекувано према оние што и „згрешиле“ на византиската „круна“, внатре од Византија, а не на оние со туѓо царство однадвор. Тоа е така, затоа што самите Цареви меѓу себе ги отклонувале своите браќа, претенденти на царскиот престол (им ги копале очите,сечеле носот, јазикот и сл.). Со оглед да Самуил бил бунтовник и непосреден узурпатор на Византискиот трон, преку преземените традиции од БУгарската круна (Како што рековме погоре, Византијците сметале дека на Земјата може да има само едно од Христа Бога дадено царство и патријарх, а не повеќе – впрочем тоа и е една од причините за спорење со Рим), го добил она што му следувало – ослепени војници. (Извори – Шлумбергер -Византиска епопеја 1 и 2, Рунциман – Византиска Империја, Васиљевски – Материјалии; Нојман – Weltstellung; Г.Острогорски – Историја на Византија)
Епа дечки тоа ви е за Самуил накратко. Ако „не ви се свиѓа“ - ваш проблем, но цел запад пишува за тоа, цела проклета Русија, а ние овде, Македонците, и вие Бугарите се понашаме као вошкари.