Храна за будење на сексипилот

Член од
13 февруари 2007
Мислења
131
Поени од реакции
4
Храна за будење на сексипилот
Индијците први го откриле чудотворното дејство на поединечни зеленчуци и зачини кои делуваат на будењето на сексуалната желба.

Нивната кујна тежнее кон исполнување на храната со сите најбитни состојки за создавање на животна енергија.

Следејќи ја нивната филозофија и уметност комбинирана со зачини и храна се отвориле нови научни сознанија околу нивното делување врз човековиот организам.

Храната која поттикнува љубовна магичност не смее да биде тешка и обилна бидејќи личноста ќе биде уморна. Спремете му на партнерот лесен оброк, личен на изглед, а наградата сигурно нема да биде пропуштена.

Школки, кавијар, бадеми и квалитетно вино се зборови и афродизијаци на кои ретко кој може да остане рамнодушен. Зачините никако не би смееле да ги пропуштите, особено сафранот и морското орефче.

Виното го опушта телото и на организмот му дава голема сексуална желба. Но, не смеете да претерувате со пиење бидејќи желбата за секс едноставно ќе се намали, а чоколадото користете го како средство за поттикнување на хормонот за среќа, блажена состојба или за ослободување од стрес.


Слатко пиле

Топчиња грозје прелијте ги со коњак и ставете ги да одстојат.

Пилето зачинете го со зачини наменети за него и печете го на јак оган додека не поцрвени на сите страни.

Додајте малку пилешка супа и ставете да се пече уште 40 минути, а потоа ставете печурки и грозјето со коњакот. Печете го уште 15 мин.


Лут манго

Парчиња шунка зачинети со бибер завиткајте ги и ставете ги во една чинија.

На тоа додадете тенки парченца излупено манго.

Ставете лут зачин, ликер од манго и лимонов сок односно сето тоа прелијте го преку мангото. Оставете го да стои 10 минути.

На крајот може да го украсите со кисело млеко.


Овошје и сирење

Сирење, јаболко, портокал и круша исецкајте ги на мали парченца.

Додајте грозје и посипајте ги со ситни ореви и бадеми.

Потоа промешајте ги во сок од портокал, млеко, шеќер и цимет. Сето тоа добро промешајте го и прелијте го преку салатата.


Оаза на зачини

Преполовете ги печурките, зачинете ги со сол и пиперка и пржете ги на маслиното масло цели 10 минути.

Пресечете на парчиња сирење моцарела, горе ставете ги печурките, додајте малку маслиното масло, лист босилок, малку першун и ставете го во печка додека моцарелата не почне да се топи.​
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
мислам дека цела филозофија е до мозокот а не толку до храната сепак ако имам во план да поминам еден ручек или вечера таква со партнерот и секако намерата ми е да го направам возбудлив нормално дека би одбрала нешто интересно убаво за очи и секако вино и чоколади
но доколку е обична вечера или ручек без никаква намера да се деси нешто и тоа да е истото за јадење мислам дека нема да реагира многу специјално
јас сметам дека се е до мозокот и дека сме чуствителни на такви работи и додека ни е така се стокомено и ја обожаваме храната (како јас) и е интересно и привлечно за око тогаш мозокот праќа информации до телото:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom