Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.380
Дајте нешто пооопширно за мене бе, јас јарче сум.:icon_lol:
Само момент :)
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 03:54 ---
Астролошки профил на јарците

Јарците се сериозни, одговорни, независни и одлучни луѓе. Нивните лични карактеристики можат да имаат големо значење за интензитетот на овие својства кај различните јарци, но како и за секој знак, и за овој има заеднички работи кои се среќаваат кај повеќето родени во тој период.
Јарците се цврсто приземјени луѓе на кои другите сакаат да се потпираат. Имаат јака волја и се прилично самоуверени. Тие точно знаат кои се, па се чувствуваат комотно во разни социјални ситуации. Иако понекогаш имаат репутација на малку здодевни луѓе, тие често знаат да го изненадат друштвото со остроумна и ненадејна духовитост.
Јарците се луѓе на кои можете да се потпрете, но сепак страдаат од промени во расположението кое може да варира од голема еуфорија до напади на депресија. Во повеќето ситуации, тие вешто ги маскираат овие конфликтни расположенија во јавност. Само најблиските од семејството и пријателите можат повремено да го забележат нивниот внатрешен немир.

.

Сериозни личности

Јарците се сериозни и резервирани. Тие преферираат да ги планираат и да ги извршуваат задачите кои им претстојат и генерално се држат до овие планови сè додека не ги завршат, дури и кога околностите се комплицираат. Бидејќи се склони да бидат сериозни, знаат да бидат нетолерантни за глупирање и зезање и генерално не ја прифаќаат спонтаноста во одлучувањето.
Уште една карактеристика на јарците е што можете да сметате на нив дека ќе останат смирени во скоро секоја ситуација. Тие се неемоционални однадвор и се многу добри во анализата на проблемите од логичен аспект, без да ги мешаат чувствата со што избегнуваат драматичен ефект.
.
Одговорни личности

Јарците сакаат искреност и одговорност и настојуваат овие лични карактеристики да им служат како пример во нивните животи. Јарецот како животно го претставува овој знак заради неговата асоцијација со стабилност и сигурност. Луѓето кои се родени во овој знак не се премислуваат од ден на ден, па нивните мислења можат да се земат како веродостојни и постојани. Јарците се верни во љубовта, вредни работници и луѓе од збор на кои можете да им верувате.
.
Независни индивидуалци

Најцврстата карактеристика на јарците е нивната независност. Бидејќи тие ги знаат нивните способности и вештини, тие не веруваат дека треба да се потпираат на други луѓе. Ним им е задоволство да си ги завршуваат проектите сами, да си поставуваат цели и да ги постигнуваат, како и притоа да работат сами. Повеќето јарци се тивки и интровертни, но ако се вклучат во групна работа, често можат да станат лидери заради нивните правилни методи и силното логичко резонирање.
Одлучност и трпеливост

Јарците се амбициозни и во многу случаи сакаат да се истакнат во своето поле на работа. Тие не се двоумат пред да си постават високи цели и потоа да работат напорно за да ги остварат. Бидејќи се добри во планирањето и придржувањето до планираните задачи, тие можат да работат постепено за да ги остварат целите, притоа фокусирајќи се на иднината. Моменталното задоволство не е нешто што ги одликува јарците. Напротив, тие сакаат одложена награда која знаат дека ќе следува доколку се трудољубиви и одлучни.
Јарците во љубовта

Јарците тешко веруваат во љубовта и во мотивите на личноста од другата страна на врската. Тие се трудат да бидат многу претпазливи пред да одлучат да ги откријат вистинските чувства, што секако се одразува негативно на почетокот на една љубовна врска. Јарецот попрво би ги криел своите чувства отколку да ризикува да биде одбиен. Тоа значи дека кога јарецот влегува во врска, тоа ќе биде или сè или ништо. Овие луѓе знаат да сaкаат длабоко и многу ќе се трудат да ја одржат романсата жива. Тие се и многу страсни љубовџии.
Штом пак јарецот стапи во брак, тој ќе гледа да остане во него без разлика на предизвиците кои можат да му застанат на патот. Тој верува во врска која ќе трае до крајот на животот, но често неговата љубомора знае да предизвика проблем.
.
Јарците и пријателството

Јарците се добри пријатели и може да се смета на нивната лојалност, но ако некој пријател ги предаде, подобро нека му ја мисли. Тие долго паметат кога некој ќе им згреши и тогаш стануваат застрашувачки непријатели.
Јарците во работата

Јарците се вредни работници на кои може да се смета. Тие ги планираат работите, работат методолошки, земајќи го предвид секој аспект и секогаш се држат до испланираното за да ги постигнат нивните зацртани цели. Ако стрелецот е иницијатор за проекти, јарецот е оној кој ќе ја истурка работата откако првиот ќе изгуби интерес.
Јарците знаат да почитуваат авторитет, но истата почит ја очекуваат од другите кога тие се главни. Тие поставуваат високи стандарди во работата и го очекуваат истото од нивните колеги и потчинети. Заповедничката природа на овој знак ги прави јарците малку тешки за работа со други луѓе, но тоа не значи дека се нефер.
  • Најсоодветни професии: менаџери, банкарски работници, сметководители, финансиски консултанти, архитекти, наставници, адвокати, статистичари и музичари.
  • Омилени бои: кафена, индиго сина, црна и сива.
  • Јарците најмногу си одговараат со: риби, бик, девица, скорпија.
  • Мотото на јарците: „Ако приликата не ти тропне, тогаш изгради врата“. Но, ова не значи дека доколку нема планини на кои би се искачиле, треба да ги изградите. За вас, страдањето може да води до исполнување, но за да бидете среќни, добро би било да научите да го цените она што го имате, наместо секогаш да се трудите да го постигнете она што се наоѓа на следното ниво.
 
Вака - 2 мои најдобри другарки се... лавови. Такви суштества можат само тие да бидат. Од лично искуство, горделиви до бескрај, шефови, а и бестрашни кога треба да се расправаат за нешто.
Во љубовта, точно, жива патња се, ама тоа е затоа што се силат, а во суштина имаат мека душа, па кога на спротивната страна ќе и здосади нивото шерифување и ќе ги одјебе, они патат.. со години.
Амбициозни сте многу, идеалисти, а и доста материјалистички настроени, од аспект дека сакате да створите материјално за себе, и тоа ви е доста важно.
Лав: „Јас можам.“

Моќта на волјата кај лавот е ненадминлива, а неговата внатрешна сила – незапирлива. Не постои сомнеж дека лавот ќе го исполни сето она коешто го наумил.

Јас сум Лав:D Не верувам во хороскоп но во глобала се согласувам со текстот за лавоите што го напиша а и овој тескт Астролошки профил на лавовите.
 
Не го напишав јас, само копирано е ;)
Ок копирала, поентата е што си го постирила дека е во глобала точно без разлика што не верувам во хороскопи. П.С Многу дрско ќе беше да напишев од тоа што си го КОПИРАЛА!, по културно изгледа напишала и после лавовите биле арогантни па како да не бидат ќе почнат културно да се однесуваат и одма ќе почнат да ги заебават:D И после зошто биле арогантни.
 
Само момент :)
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 03:54 ---
Астролошки профил на јарците

Јарците се сериозни, одговорни, независни и одлучни луѓе. Нивните лични карактеристики можат да имаат големо значење за интензитетот на овие својства кај различните јарци, но како и за секој знак, и за овој има заеднички работи кои се среќаваат кај повеќето родени во тој период.
Јарците се цврсто приземјени луѓе на кои другите сакаат да се потпираат. Имаат јака волја и се прилично самоуверени. Тие точно знаат кои се, па се чувствуваат комотно во разни социјални ситуации. Иако понекогаш имаат репутација на малку здодевни луѓе, тие често знаат да го изненадат друштвото со остроумна и ненадејна духовитост.
Јарците се луѓе на кои можете да се потпрете, но сепак страдаат од промени во расположението кое може да варира од голема еуфорија до напади на депресија. Во повеќето ситуации, тие вешто ги маскираат овие конфликтни расположенија во јавност. Само најблиските од семејството и пријателите можат повремено да го забележат нивниот внатрешен немир.

.
Сериозни личности

Јарците се сериозни и резервирани. Тие преферираат да ги планираат и да ги извршуваат задачите кои им претстојат и генерално се држат до овие планови сè додека не ги завршат, дури и кога околностите се комплицираат. Бидејќи се склони да бидат сериозни, знаат да бидат нетолерантни за глупирање и зезање и генерално не ја прифаќаат спонтаноста во одлучувањето.
Уште една карактеристика на јарците е што можете да сметате на нив дека ќе останат смирени во скоро секоја ситуација. Тие се неемоционални однадвор и се многу добри во анализата на проблемите од логичен аспект, без да ги мешаат чувствата со што избегнуваат драматичен ефект.
.
Одговорни личности

Јарците сакаат искреност и одговорност и настојуваат овие лични карактеристики да им служат како пример во нивните животи. Јарецот како животно го претставува овој знак заради неговата асоцијација со стабилност и сигурност. Луѓето кои се родени во овој знак не се премислуваат од ден на ден, па нивните мислења можат да се земат како веродостојни и постојани. Јарците се верни во љубовта, вредни работници и луѓе од збор на кои можете да им верувате.
.
Независни индивидуалци

Најцврстата карактеристика на јарците е нивната независност. Бидејќи тие ги знаат нивните способности и вештини, тие не веруваат дека треба да се потпираат на други луѓе. Ним им е задоволство да си ги завршуваат проектите сами, да си поставуваат цели и да ги постигнуваат, како и притоа да работат сами. Повеќето јарци се тивки и интровертни, но ако се вклучат во групна работа, често можат да станат лидери заради нивните правилни методи и силното логичко резонирање.
Одлучност и трпеливост

Јарците се амбициозни и во многу случаи сакаат да се истакнат во своето поле на работа. Тие не се двоумат пред да си постават високи цели и потоа да работат напорно за да ги остварат. Бидејќи се добри во планирањето и придржувањето до планираните задачи, тие можат да работат постепено за да ги остварат целите, притоа фокусирајќи се на иднината. Моменталното задоволство не е нешто што ги одликува јарците. Напротив, тие сакаат одложена награда која знаат дека ќе следува доколку се трудољубиви и одлучни.
Јарците во љубовта

Јарците тешко веруваат во љубовта и во мотивите на личноста од другата страна на врската. Тие се трудат да бидат многу претпазливи пред да одлучат да ги откријат вистинските чувства, што секако се одразува негативно на почетокот на една љубовна врска. Јарецот попрво би ги криел своите чувства отколку да ризикува да биде одбиен. Тоа значи дека кога јарецот влегува во врска, тоа ќе биде или сè или ништо. Овие луѓе знаат да сaкаат длабоко и многу ќе се трудат да ја одржат романсата жива. Тие се и многу страсни љубовџии.
Штом пак јарецот стапи во брак, тој ќе гледа да остане во него без разлика на предизвиците кои можат да му застанат на патот. Тој верува во врска која ќе трае до крајот на животот, но често неговата љубомора знае да предизвика проблем.
.
Јарците и пријателството

Јарците се добри пријатели и може да се смета на нивната лојалност, но ако некој пријател ги предаде, подобро нека му ја мисли. Тие долго паметат кога некој ќе им згреши и тогаш стануваат застрашувачки непријатели.
Јарците во работата

Јарците се вредни работници на кои може да се смета. Тие ги планираат работите, работат методолошки, земајќи го предвид секој аспект и секогаш се држат до испланираното за да ги постигнат нивните зацртани цели. Ако стрелецот е иницијатор за проекти, јарецот е оној кој ќе ја истурка работата откако првиот ќе изгуби интерес.
Јарците знаат да почитуваат авторитет, но истата почит ја очекуваат од другите кога тие се главни. Тие поставуваат високи стандарди во работата и го очекуваат истото од нивните колеги и потчинети. Заповедничката природа на овој знак ги прави јарците малку тешки за работа со други луѓе, но тоа не значи дека се нефер.
  • Најсоодветни професии: менаџери, банкарски работници, сметководители, финансиски консултанти, архитекти, наставници, адвокати, статистичари и музичари.
  • Омилени бои: кафена, индиго сина, црна и сива.
  • Јарците најмногу си одговараат со: риби, бик, девица, скорпија.
  • Мотото на јарците: „Ако приликата не ти тропне, тогаш изгради врата“. Но, ова не значи дека доколку нема планини на кои би се искачиле, треба да ги изградите. За вас, страдањето може да води до исполнување, но за да бидете среќни, добро би било да научите да го цените она што го имате, наместо секогаш да се трудите да го постигнете она што се наоѓа на следното ниво.

Фала Пума, од сето ова што е напишано, точно ме описува дури 70% од текстот. Секоја чест, лично не знам дали верувам во хороскоп, ама знам дека ми е интересен за читање.
 
Копирано е само, секоја чест на авторот :)
 
Скорпија
Саможиви, перверзни, автодеструктивни. Своите маки не можат да ги поднесат сами, па со себе повлекуваат уште сто луѓе.
.

Голема грешка е ова напишаново,ако имам некој проблем или мака,често сам си ги решавам без притоа никој да ме примети или дознае дека сум имал проблем некаков.
Но никогаш не сум повлекувал некого со себе во моите маки или проблеми.

Ај пиши нешто за Скорпија со подзнак Лав баш ме интересира.
хороскопот е во голема мера точен и прилично прецизен во описот на карактери и особини на луѓето родени во тие знаци.

п.с. нека постои и нека трепка:D
 
Дали лутината ја држиш во себе или ја распрснуваш на сите околу тебе? Дали целата негативна енергија ја чуваш во себе или фино лепо ја префрлаш на првиот кој ќе се „намести“?
Маките и проблемите си ги чуваме и решаваме, али емоциите експресно ги споделуваме :)
 
И кај јарците во глобала е доста точно.. сигурно едно 90% од напишаното погоре :)
Еве на пр. мене се ми е точно за јарец ми го опишува карактерот ненормално :pipi:
 
Не сакам да бидам расипувач на забави, ама ми се мота едно логично прашање.
Зар не ви е малку глупо карактерите на 7 милијарди луѓе (колку што отприлика има на планетава) да ги ставите во 12 групи (знаци), и за секој од нив да знаете што карактер е?
Нели е малку подценувачко тоа мислење дека луѓето се бледи копии на некаква шема од 12 карактери, или некаква линија на производи, како да се роботи со спецификации?

Тоа му доаѓа како моделиве на автомобили.
Ти си Корса, ти си Голф, ти Мерцедес....и така вкупно 12 модели, и да нема друг избор.

И што правиме со фактот што постојат други хороскопи со други знаци, друга шема на тумачење на карактерите и различен број на групи т.е знаци?

Хороскопот е интересен за тепање време, ама сакам да ви кажам да не го сваќате здраво за готово, бидејки никој не може вашиот карактер да го групира во 12 групи или било колку групи т.е да ве направи машина со сериски број. Секој од нас е посебен и уникатен, исто како што секој отисок од прст е уникатен, така и личноста е уникатна.
 
На пример, јас сум типична водолија. Можеби другите водолии не се пронаоѓаат во карактеристиките на нивниот знак, ама јас 99 проценти се пронаоѓам :)
Не верувам во дневен, месечен, љубовен, итн хороскопи, не ги ни читам тие :)
 
Не сакам да бидам расипувач на забави, ама ми се мота едно логично прашање.
Зар не ви е малку глупо карактерите на 7 милијарди луѓе (колку што отприлика има на планетава) да ги ставите во 12 групи (знаци), и за секој од нив да знаете што карактер е?
Нели е малку подценувачко тоа мислење дека луѓето се бледи копии на некаква шема од 12 карактери, или некаква линија на производи, како да се роботи со спецификации?

Тоа му доаѓа како моделиве на автомобили.
Ти си Корса, ти си Голф, ти Мерцедес....и така вкупно 12 модели, и да нема друг избор.

И што правиме со фактот што постојат други хороскопи со други знаци, друга шема на тумачење на карактерите и различен број на групи т.е знаци?

Хороскопот е интересен за тепање време, ама сакам да ви кажам да не го сваќате здраво за готово, бидејки никој не може вашиот карактер да го групира во 12 групи или било колку групи т.е да ве направи машина со сериски број. Секој од нас е посебен и уникатен, исто како што секој отисок од прст е уникатен, така и личноста е уникатна.

Секако дека секој е поесебен и уникатен. Мене ми е интересно како секој знак реагира речиси слично на дразби. Зошто реагираат слично и имаат слични карактеристики?
Еве пример близнаците речиси сите се непостојани и лицемерни. Зошто тие лица родени во знакот на близнак ја имаат оваа карактеристика (се разбира некој повеќе, некој помалку)? Еве зошто родените лица во лав се толку горди(не дека и во другите знаци нема гордост, али овде нема исклучок)?
Еве кога ги спомена колите има ли некоја Корса што нема проблем со електроника? :D
 
Дали лутината ја држиш во себе или ја распрснуваш на сите околу тебе? Дали целата негативна енергија ја чуваш во себе или фино лепо ја префрлаш на првиот кој ќе се „намести“?
Маките и проблемите си ги чуваме и решаваме, али емоциите експресно ги споделуваме :)

Зависи кој како ке ми налета и како ке ми пријде,во лутина ретко се воздржувам да не избувнам.
За маки и проблеми беше муабетот,инаку во лутина не бирам ни средства ни зборови и често се каам после за кажаното или направеното. Едноставно спој на жички и тоа е :)
Што не значи дека тоа е особина на Скорпија,имам другари што мува не ги лази,нит се караат нит се расправаат со некого.
 
Ај ако може хороскоп за кој со кој знак си одговараат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom