Хиндуизам

Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Тој не е една добро дефинирана религија, во смисла на тоа дека содржи повеќе школи на идеи и традициии. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од модерни хиндуси ја следат веданта философијата која е монотеистичкаБог кој повеќе пати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда, и други. Ова учење верува во Реинкарнација, односно преселување на душата после смртта во друга личност. философија. Хинду верува во еден
Душата се преселува безброј пати се додека не постигне состојба на целосен мир. Списите на Хинду се викаат Веди, ги има безброј. Најпознат е расказот за Харе Кришна. Ведите се појавуваат 15 векови пред Христос. Тие главно учат тежок аскетски, пустински живот Овој расказ стана популарен некаде на почетокот на 20 век со појавата на еден учител со 6 иминња Шри Шримат Свами Бактиведанта Шрила Прабупад, ја основа заедницата Харе Кришна Расказот за Богот Харе Кришна се вика Багаватгита.
Ова е трета најчитана книга во светот, после Библијата и книгите на Кастанеда Во Индија постојат преку 330 милиони богови, сите се реинкарнација на едниот Брахман Во вид на Брахма го создава светот, како Вишна го одржува, како Шива го разурнува Брахман има жена, Сарасфати, кралица на уметноста. Некои од боговите се слонови, крави, реки, а и денес во индија се прифаќаат нови Богови Така Буда, Исус, Мухамед, се прогласени за Инкарнација на Едниот Бог.
 
B

babsy

Гостин
Да се сложувам со тебе... заради своите специфики не може да се стави во иста кошница со големите монотеистички традиции (Христијанството, Муслиманството). Повеќе е култура...Тоа е така најверојатно поради различните толкувања на Ведите кои се темел на хиндуизмот и кои изобилуваат со разни учења односно прикази за разни (полу)богови. Во самиот хиндуизам ќе сретнете неколку навидум монотеистички традиции кои главно се поврзани со трите главни божества - Вишну, Шива, Брама. (btw Шива не е божица :))
Но според Ведите посебно Риг веда (се смета од повеќето истражувачи за најстариот спис на земјава, 4000 п.н.е), во химната Пуруша сукта го наоѓаме првиот монотеистички принцип - зборува за Пуруша како демијургот (на Платон) кој создава се. Ако се зборува за монотеизам во смисла на сфаќањето за Алах или (Господ) Јехова, Вишну или Нарајан би бил врховниот Бог кој е трансцедентален, извор на материјалната креација. Затоа понегогаш ќе го сретнете как Ишвара (то би бил синоним за Бог, го преведуваат како Supreme Being). БрамA е задолжен за создавањето како првосоздаденото суштество, Вишну за одржувањето, а Шива за уништувањето на креацијата. Но двајцата се (полу)богови кои се раѓаат и умираат додека Вишну е вечен.
Од веданта филозофските традиции или школи (ги има шест) кои го прифаќаат авторитетот на Ведите, адваита веданта школата е моноистичка т.е. импресонална (не го прифаќа постоењето на Бог како личност - туку го признава токму тој универзален космички принцип Брахман), додека другите се персонални, т.е веруваат и со одредени процеси и милоста божја го спознаваат Бог со кој можеме да имаме размена на љубов.
haribol dear friend i jay za postov:)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Една паралелна споредба на Хиндуистичката и Аврамските религии
Vedic Abrahamic.JPG
 

Kajgana Shop

На врв Bottom