Флека

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.758
Поени од реакции
8.883
Возраст
35
11140148_730435380402511_5931646489780646586_o.jpg

Нов бенд создаден од Нино Васков и Тони Петковски Зен
10560496_730437967068919_5957644519057380448_o.jpg

Жанр
  • Fusion Blues
  • Hip Hop
  • Soul

Состав на бендот
  • Тони Петковски Зен - Вокал
  • Петар Голубoв Сиги - Вокал
  • Нино Васков- Вокал,
  • Гоги Полизов - Бас гитара
  • Боро Кузмановски - Клавијатури
  • Благоја Антовски- Тапани
  • Борислав Веселинов- Саксофон
  • Филип Стевановски- Тромбон

Дискографска куќа
  • Akash Cords

Нова "Флека" во градот- Точка.ком.мк
Вчера вечер во МКЦ, Кино Фросина се оддржа концертната промоција на "Флека", убаво освежување на македонската музичка сцена. Новата флека во градот е всушност новиот бенд на Тони Зен составен од 11-те најдобри музичари кај нас.



Тони Зен- вокал, Сиги- вокал, Нино Васков- вокал и гитара, Борче Кузмановски- клавијатури, Благоја Антовски- тапани, Гоги Полизов- бас, Анета и Гена Качуркова- придружни вокали, Александар Николовски- труба, Борислав Веселинов- саксофон, Филип Стевановски- тромбон, а продукцијата која што стои позади овој проект е Стерео Рекордс.

fleka-se-pojavi-scena-01.jpg

Фанк, џез, соул, блуз и хип-хоп е музичкиот правец на оваа група која ќе започне да ја пишува новата приказна со врвни музички перформанси и хитови. На концертната промоција, во живо се изведуваа некои од најпопуларните хитови од претходниот албум на Тони Зен, Микро Скопски Организам, но во поинаков стил и правец, со примеси на фанк, џез, блуз, реге и соул елементи. ,,Совети”, ,,Под Контрола”, ,,Зошто?”, ,,Светот е твој”, беа дел од песните кои беа изведени пред присутните, а примамија многу аплаузи, воодушевување и позитивни критики.
,,Ова е нашата пресс конференција, ова е нашата концертна промоција на овој бенд составен од 11 музичари. Нов звук во градот, нова квалитетна музика која ја правиме од срце. Верувам дека ова е почеток на нешто ново и поразлично. Го правиме она што најдобро знаеме и умееме, а тоа е да сме на сцена, помеѓу нашата публика, да настапуваме, свириме, музицираме и снимаме нова музика. Ви благодарам на сите Вие кои сте вечерва тука со нас, Ви благодарам што одвоивте време да дојдете и видите што е тоа што ние го правиме.- изјави Тони Зен.”

Многу пријатели, новинари, гости и најблиски соработници беа дел од синоќешната концертна промоција на ,,Флека”. Помеѓу пристутните можеа да се забележат Каролина, Дани, Слаткар и Сања, Валентино Скендеровски, Мерт, Милена Антовска, Марина Стојановска, Владимир Митревски- Ѓуле, дел од членовите на Токсикологија кои несебично ја дадоа поддршката за оваа нова музичка група, освежување на сцената кое беше повеќе од потребно.

Од ,,Флека” најавуваат синглови, нови хитови и албум. Сето она кое публиката ќе има можност да го слушне од нив е производ на долгогодишно искуство и правење на музика со љубов.
fleka-se-pojavi-scena-03.jpg

fleka-se-pojavi-scena-04.jpg

fleka-se-pojavi-scena-05.jpg

fleka-se-pojavi-scena-06.jpg

fleka-se-pojavi-scena-07.jpg

fleka-se-pojavi-scena-08.jpg

fleka-se-pojavi-scena-09.jpg

Видеа од настап во Станица 26
 
Последно уредено:
Пффф супер (y) Би им идела на свирка, баш се освежување.
Само бас линијата на "Nema" некако ме потсеќа на Superstition >_>
 
Морам да кажам дека мило ми е што има некакво дејствие на нашава музичка сцена. Музиката не е кој знае што, но за дали би отишол на нивна свирка, би отишол. Супер е(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom