Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Ауууу кое ремек дело, браво за Алфонсо. Ми личеше на спој помеѓу Apollo 13 и документарната Home. Се беше совршено од прва до последна минута. Дефинитивно само во HD мора да се гледа оваа визуелна перфекција.

Во 2 дена, 2 десетки давам на IMDb
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Пред Rush i Gravity на ТВ затекнав еден филм од 2013 и го изгледав. The Package - Ништо посебно, имаше доста акција но не беше по мој вкус. 6/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.116
Поени од реакции
9.952
Периодов често се врти Love Actually и мерак ми беше да направам македонски превод.

Нека биде Божиќен подарок од мене за сите филмомани на форумов. :)
Исто како Донев го изгледав претходно филмот, а линкот до преводот не ти го отвора. Пробај и на титлови.ком постави го. Ќе почекаш малку додека да ти го одобрат, ама мислам подобар сајт е од поднаписи.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Исто како Донев го изгледав претходно филмот, а линкот до преводот не ти го отвора. Пробај и на титлови.ком постави го. Ќе почекаш малку додека да ти го одобрат, ама мислам подобар сајт е од поднаписи.
Поставен е и таму. И на двате места чекам да го одобрат затоа не е функционален линкот сѐ уште. Порано беа побрзи. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.046
Поени од реакции
34.716
Причината заради која до сега го немав гледано Fight Club е преголемиот хајп кој левитираше околу него, особено на форумов. Обично имам некојаси аверзија спрема филмови (и генерално работи) кои се до таа мера фалени, и обично ги наоѓам преценети. Исто мислење имав и за Fight Club - сигурно е преценет...

Конечно синоќа, расположен по успехот на првото издание на Кајгана форумскиот весник во кој сите од редакцијата вложивме навистина голем труд изминатите неколку дена, решив да си се почестам и да го изгледам. И морам на сите да ви признаам дека овојпат не бев во право. Филмот го заслужува и хајпот околу него, и секоја пофалба за него, и многу повеќе од тоа... ПЕРФЕКТНО! Финчер направил вистинско ремек дело. А колку само детали за филмот дознав по гледањето синоќа и утрово за него... Морам да го гледам уште многу пати! Морам! И за крај едно прашање: можам да му дадам 11ка од 10?

Ова само колку да си кажам. :P
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Мене крајот на филмот не ми се допадна (тие што го гледале знаат да не го расипуваме филмот на некој). Некако ич не ми беше соодветен на приказната, сум видел и филмови со одличен па и со совршен таков крај а овој не е од тие.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.046
Поени од реакции
34.716
Мене па напротив, крајот ми остави силен впечаток - остава простор за дискусија и различни толкувања.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
зошто различни толкувања?? малиот е шизофреничар, што има тука да се толкува? простор за дискусија остава филмот, не крајот
има неколку нелогичности како пример кога се влечеше самиот, пукањето во глава итн...ама само на хејтери нема да им се свиѓа крајот ради овие небитни мали работи :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.046
Поени од реакции
34.716
зошто различни толкувања?? малиот е шизофреничар, што има тука да се толкува? простор за дискусија остава филмот, не крајот
има неколку нелогичности како пример кога се влечеше самиот, пукањето во глава итн...ама само на хејтери нема да им се свиѓа крајот ради овие небитни мали работи :D
Тоа дека е шизофреничар, да, факт е и нема простор за толкување. Ама за она што се случи по истрелот може да се создадат еден куп теории:
1. Нараторот се убива себеси и она што се случува во последните секунди од филмот всушност е само неговото замислување пред конечно да му згасне мозокот (нешто како во Stay);
2. Куршумот поминал низ образот, исто како во книгата каде неговото лице е погротескно за разлика од тука и каде Нараторот веќе има дупка од другата страна на лицето како последица на една од тепачките со Тајлер (читај: со самиот себе), иако тука јасно се гледа дека оштетувањето на неговата глава е поголемо од само една дупка во образ;
3. Истрелот е само последен начин на Тајлер да му покаже на Нараторот дека го достигнал дното, затоа и Тајлер исчезнува - веќе не е ни потребен. Или поопширно и од друг агол: преку извршувањето самоубиство, Нараторот покажува дека веќе не се плаши од смртта и од болката (што и всушност Тајлер го учи во сцената кога му става хемикалии кои му ја горат раката), а поради тоа улогата и учеството на Тајлер веќе не е потребно, зошто Тајлер беше создаден во умот на Нараторот за да ја искаже целата таа бунтовност и непромисленост во него која тој толку сакаше да ја потисне;
4. Сосема спротивно на третата терорија - Истрелот покажува дека Нараторот дефинитивно го отфрла Тајлер со тоа што го убива. Приврзаниците на оваа теорија велат дека куршумот всушност поминал низ главата на Нараторот, но бидејќи таму има две личности - Тајлер е убиениот, а не Нараторот (од таму и дупката во главата на Тајлер, а не во главата на Нараторот);
5. Теорија која не ги исклучува некои од другите - нарушувањето во мозокот од кое страда Нараторот (DID) според медицината може да се излечи доколку пациентот доживее трауматичен настан - обидот за самоубиство е de facto траума!;
6. Уште една теорија која не исклучува некои од другите - куршумот поминал низ мозокот на Нараторот, правејќи некој вид псевдо-лоботомија (го отстранил на оној дел на мозокот каде се наоѓала Тајлеровата свест и подсвест);
7. Ниту еден од двајцата не умрел - со истрелот Тајлер и Нараторот конечно стануваат едно;
8. Онаа теорија во која јас најмногу верувам - по истрелот, јасно е дека Нараторот станува комплетно различна личност од тоа што беше. Ете на пример првенствено - држењето на Марла за рака потврдува дека тој престанал да ги порекнува своите чувства кон неа. Дополнително, пред да заврши филмот, накратко се појавува кур на екранот: нели Тајлер беше тој кој ставаше курови како кратки кадри во рандом филмови? Зарем ова не е суптилно наговестување дека Тајлер е се уште жив? Оваа теорија е или поткрепа на седмата, или посебна теорија според која Нараторот е тој кој згаснува по истрелот, а Тајлер е тој кој преживува, па победата ја манифестира преку кадарот со курот вметнат додека го гледа и ужива во рушењето на зградите (читај: поредокот).

Фала на IMDB за некои од теориите. :P[/quote]
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Почнав да го гледам The East и не можам да се сконцентрирам пошо цело време пробувам да ми текне на која ми личи оваа



ај хелп
 

Kajgana Shop

На врв Bottom