Феноменот seen - напаст на социјалните мрежи

Џ

ЏинЏер

Гостин
Многу безвезе работа ми е ова seen-ов, како да ме обврзува да вратам некому во истата секунда штом ќе ми пише.
Јас на пример не обожавам многу разговори на фб, во принцип го користам chat-от само по потреба и скоро никогаш не иницирам муабети од типот „чисто да видам како си“, „одамна си немаме пишувано“ и други рекла-казала муабети. Кога ќе ми пише некој, враќам чисто од култура (ако сум расположена за разговор со дотичната особа). Понекогаш пак, ако сум зафатена со нешто друго, се случува и да ја видам пораката па подоцна да заборавам да вратам и така да си стои со денови. Едно време се замарав и со тие seen блокаторите, ама ми здосадија, па сега или воопшто не ги отварам пораките кога немам време/желба за разговори, или отварам и ако е важно враќам, а ако не - оставам seen.
Порано многу ми се лутеа за ова, ама со тек на време (бар поблиските) научија дека ме мрзи да пишувам реферати, па ми пишуваат само кога има потреба од тоа, или едноставно ме бараат на телефон.
Сум била и „од другата страна“ на seen-от, ама не се потресувам многу околу тоа, некако не го гледам како big deal.
 
G

garthok

Гостин
Мене па уште поише нејасно ми е како двајца ја немаат прочитано мојата порака со недели а гледам дека се активни на фејсбук. Не сфаќам како е можно ова знам во ист ден ги пратив дали не се пратени како шо треба мада нема шанси бе[DOUBLEPOST=1411097510][/DOUBLEPOST]
isto ti e,stom na forum si tuka isto ti e dali imas fb ili ne :D
Уопште не е исто, тука си анонимен и дискусиите се сосем различни, нема тука мешање и гледање на туѓи животи
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Мене па уште поише нејасно ми е како двајца ја немаат прочитано мојата порака со недели а гледам дека се активни на фејсбук. Не сфаќам како е можно ова знам во ист ден ги пратив дали не се пратени како шо треба мада нема шанси бе[DOUBLEPOST=1411097510][/DOUBLEPOST]
Уопште не е исто, тука си анонимен и дискусиите се сосем различни, нема тука мешање и гледање на туѓи животи
da,toa e taka
ama pak si na nekoj nacin zarazen so internet svetot
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Повеќекратен seen само значи дека дотолку не си му битен на некој што не може ни да биде учтив кон тебе.
Тоа е адекватно на тоа некој постојано да ти доцни.
Или некој постојано да избегнува некое твое прашање.
Било што од трите е доволен знак дека не можеш никогаш да бидеш добар пријател со тој кој го прави тоа.
Можеш да го избришеш доколку се осеќаш навредено од тоа заедно со други лоши ваши искуства.
Или можеш да прекинеш да иницираш комуникација од своја страна, доколку немало претходни лоши искуства со него/неа.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Се` вакво имам или избришано од пријател и затоа не додавам личности што не ги знам кои се. Никој не ми изреагирал вака а да, сум оставала seen ако сум во брзање од мобилен или на работа ако видам дека не е нешто итно и така. На кој му е до толку итно ќе се јави на телефон.
Дај број :D .
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Сииннн.
Шо зборвиш бе!

:ROFLMAO:
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Бог да чува..Кој још користи ФБ на прво место...ФБ е умрен одавна.
Твитер е сега место број еден.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Бог да чува..Кој још користи ФБ на прво место...ФБ е умрен одавна.
Твитер е сега место број еден.
Само што твитер не е социјална мрежа туку микро блогинг систем :свиркам:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Јас во принцип штом отворам порака, одговарам одма, зашто ако не одговорам тогаш, ќе заборавам скроз :D Ако немам време да одговорам, не ја ни отварам пораката. И искрено, некултурно ми е некој да го изигнорирам тотално (освен ако не е замор и не сфаќа дека треба да престане). Боље ќе најдам изговор за било што, отколку да не одговорам па после да се вадам со тоа дека сум била зафатена.
Мене ако некој не ми одговори одма, не се лутам или нервирам (освен ако не ми е итно а нема друг начин да го исконтактирам). Али ако гледам дека после некое време уште не одговара, не се ни трудам да пишам пак. Ако неможел некој да се измачи да пише било што, нема што јас да се замарам и пак да прашувам (или да пишам било што друго). Не игнорирам и не сакам да ме игнорираат. Ама исто така не сакам и да ме замараат или да замарам :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Враќам кога ќе видам, иако некогаш стварно ме мрзи.
Али 99% од случаите, враќам, па било каква глупост да ме имаат прашано.

Да кажеме дека реципроцитетот од другите кон ова мое културно понашање е вратено околу 70%. Со бројки сум деновиве, така се изразувам. Поготово во тие 30% е една од колешките, која враќа по ден-два-три, како ќе и текне. Ама не се замарам многу со тоа, ако ми е нешто итно, ќе им досаѓам на телефон и крај прича.
 
A

aye

Гостин
Мене па уште поише нејасно ми е како двајца ја немаат прочитано мојата порака со недели а гледам дека се активни на фејсбук. Не сфаќам како е можно ова знам во ист ден ги пратив дали не се пратени како шо треба мада нема шанси бе
не сум баш сигурна т.е не ми е проверено но мислам дека кога ќе изберат mark unread seen от се трга

се трга сега проверив
 
Последно уредено од модератор:

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
seen ко seen - ништо страшно. Скоро секогаш враќам а кога ке ми остават seen само не се замарам многу. то ти е фб
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
seen од вчера , а ми одговара сега со контра прашање.

Сега цела недела на игнор. Колку и да е глупо да се нервираш за тоа , иритира кога некој те прави будала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom