Не, сепак се жени, барем се замислуваат.
Нели семејството беше засновано на љубов и разбирање, а тебе да ти било до образованието на твојот сопруг и неговите нули на трансакциона и штедната денарска и девизна сметка? Се отиде у 3 лепе.
А љубовта и разбирањето што се?
Ако си ти доктор на наука, да речеме, економист, директор во т-мобиле, прво, нема да имаш можност да ја запознаеш Трпана што сади пиперки, и највисоко достигнување во животот и е 3 средно козметичко, а уште помалку истава и да ја познаваш нема да сакаш да ја однесеш на собир со твоите колеги и нивните сопруги.
Исто така, твојата колешка директорка, по образование и статус како тебе, нема да има од каде да го познава трпе што сади пиперки и дрнда дека жените се за да си го испразниш и да чуваат деца, уште помалку па ќе сака таков небричен да го донесе на собир со колегите.
Проста работа.
Си бараш партнер наспорти себе. Тоа можеш да го прочиташ и во книгите на Олга Мурџева - Шкариќ.
Јас кога ќе дипломирам, и магистрирам, нема сигурно да сакам да бидам во врска со типче што едвај завршило средно, најголема авантура му била колку пиво испил итн. Уште помалку ќе ме интересира неговиот затупен мозок врзан за маалските приказни. Што ќе ми е некој што не знае ништо, неначитан и прост? Што ќе ми е таков што ќе сака од мене да му бидам замена за мајка му?
И во едно нешто тука се согласувам со Lurtz (мислам дека тој беше). Едно е добра мајка, а друго е домаќинка. Феминизмот во крајна линија преминува во лудило, исто како и шовинизмот, и сексизмот, и расизмот.
Знаеш, еве еден пример.
Јас и мојот сопруг доаѓаме од работа во исто време. Мојот мал син ми вика ,,Мамо, може ли да ми направиш кајгана?,,. Да умирам во тој момент се ќе направам за него. Ама ако мојот сопруг во истава ситуација ми рече ,,Ај жено,направи ми кајгана,, веројатно ќе му речам ,,Направи си сам!,,.
Добра мајка е една работа, ама маж ми не го гледам како мое дете. Го гледам како маж, возрасен и способен да се грижи самиот за себе, а не да чека јас да му се секирам, што не значи дека треба уво да ме боли за него. Исто како што и јас очекувам тој да ми зготви, да ми ја искоси тревата, да ги избања децата и кучето, да ги намести креветите, да направи некакво јадење, да смени пелена, да прошета куче, во тој случај, и мене нема да ми биде тешко да му исперам и испеглам. Ама сето ова јас да го правам? Некако не баш.
Да не работам, добро, се согласувам! Но ако работам.... не.
Можеби феминизмот е уништувач на семејства.
Сексизмот, што е?
--- надополнето ---
^ Се' ова е твоја лична опсервација на работите некогаш и сега, a e темелена на? Камо факти, бројки, линкови, статистики?
И пред се' одговор на [post=4223731]ОВА[/post] (вториот дел после цитатот), молам.
:smir:
Јас не кажувам никому како да живее. Ама ако видам дека соседот ја тепа соседката ќе го пријавам во полиција.
Јас само не сакам да ми кажуваат јас како да живеам. Мене ми се гади од мажите што сметаат дека жената треба да биде домаќинка, дека е тоа нејзина одговорност, и ако не е таква не ја бива. И зошто ми се гади од таквите, фала богу, уште не сум имала таков, а ако го приметам, ќе го оставам со време. Повеќето семејства што ми се во близина живеат сосема рамноправно и во домашни и во професионални улоги.
За сексизмот, се надевам, ќе се најде соодветна тема.