Фан клуб: Еуромилк Горно Лисиче

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Фудбалот како спорт влечел корени уште од времето на Кралството Југославија (1918 - 1941 година). Се знае дека почетоците на фудбалската игра во селото се врзуваат за некој затвореник (кој пред да биде затворен во Скопскиот затвор активно играл фудбал). Тој во 1940 година ја донел првата фудбалска топка и го организирал првиот натпревар во селото што се одиграл во местото викано Јурија. Желбата да се обезбеди простор за тренинзи на фудбалерите било причина да се расчисти и адаптира просторот кај местото Јурија како прво фудбалско игралиште за месниот клуб. Многу бргу бил расчистен теренот и подготвен за игра. Од тогаш па сe до денес овој терен е место кадешто се игра фудбал. Првите фудбалери биле Срби и Хрвати, дојдени како колонисти во селото во 1923 година. Клубот се именувал по името на селото, односно се викал „Лисиче”. Под тоа име ја одиграл и првата средба со фудбалскиот клуб „Лебане” од Лесковац (Србија) во есента на 1940 година.

Меѓу првите фудбалери на клубот бил Пајо Гргиќ, Хрват, кој во Г. Лисиче живеел од 1923 година. Во почето-кот во клубот немало ниту еден фудбалер од с. Г. Лисиче. Дури во 1941 година во него почнале да играат и жители од селото. Ристо Петрушевски е првиот фудбалер кој заиграл во клубот како голман. Потоа во клубот заиграле и: Душан Силјановски, Божидар Миленковски, Стоилко и Трајче Богатиновски (подоцна заминати за Австралија) и др. Обично фудбалските натпревари се играле во неделите или за време на празници, кога луѓето биле послободни од секојдневните земјоделски работи. Фудбалерите немале некоја стандардна опрема, туку се играло со минимум опрема, обезбедена и чувана од самите нив. Во фудбалските вештини ги подучувал П. Гргиќ, кој воедно го водел и тимот на повеќето натпревари со клубови од околните села. Се играло со клубови од селата Петровец, Огњанци, Стајковци итн. Клубот во Лисиче бил еден од посилните во овој реон на Скопската околија. Треба да потенцираме дека овие натпревари немале натпреварувачки карактер, туку биле рекреативни, за забава и дружење меѓу жителите од соседните села.
Сe поголемата љубов кон фудбалскиот спорт и осетното подобрување на фудбалската игра било прекинато со априлската војна во 1941 година. Во текот на Втората светска војна клубот се распаднал и престанал да постои, бидејќи дел од фудбалерите биле мобилизирани во бугарската војска, а дел (претежно Србите) биле протерани од Македонија во Србија.

Покрај фудбалот како помасовно прифатен спорт, во с. Г. Лисиче постоела и една група млади луѓе кои се занимивале со гимнастика и вежбање на јажиња и вратила. Меѓу поистакнатите од нив биле: Анте Барушин, Трипун Василковски, Мато Гргиќ и Стојче Полтурчиновски. Тие биле членови на Соколското гимнастичко друштво во Скопје. Поради силните физички предиспозиции и напорните тренинзи, нивните спортски резултати секогаш биле меѓу најдобрите. Вежбале во училишната зграда на справи кои сами ги набавиле или направиле, додека во Скопје вежбите ги изведувале во Соколскиот дом. Извонредните резултати постигнати на повеќето вежбовни активности биле причина овие соколари да бидат испратени и да учествуваат на слетот на Соколарите во Прага, Чехословачка, во 1930 година.95
По завршувањето на Втората светска војна спортскиот живот во Г. Лисиче заживеал со новоформираниот фудбалски клуб „Ударник”, формиран во 1945 година. Клубот бил аматерски, а ја продолжил традицијата на фудбалскиот клуб кој во с. Г. Лисиче постоел до април 1941 година. Најголема заслуга за повторното реактивирање на клубот имал Пајо Гргиќ кој, согледувајќи ја големата љубов на населението кон овој спорт, го формирал клубот на општо задоволство на целото население. Местото „Јурија” повторно било сврталиште на сите фудбалери, но и на сите жители во селото. Тука се играле натпреварите, а се изведувале и тренинзите.
Од таа генерација фудбалери најпознати биле: Пајо Гргиќ, Душан Илиевски, Ристо Петрушевски, Стојан од Тетово, Ѓуро Гргиќ, Душан Силјановски, Миле Какашовски, Ацо Арсиќ, Миле Поповиќ, Јозо Гргиќ и други. На ова место подоцна било адаптирано привремено но посовремено игралиште. Во почетокот клубот одигрувал повеЌе натпревари со фудбалски екипи од соседните села Кадино Село, Синѓелиќ (Денес Ченто). На натпреварите фудбалерите оделе со трактор, а опремата сами си ја купувале.

Натпреварите немале натпреварувачки карактер, туку повеќе рекреативен и забавен. Обично се играло во неделите или по повод некој државен или верски празник.96

Во меѓувреме клубот повеќето натпревари ги одигрувал и на новоформираното фудбалско игралиште во „Расадник”, формирано од припадниците на тогашното Министерство за внатрешни работи. Тука натпреварите се играле до 1957 година и биле поорганизирани, помасовно посетени и со учество на поголем број екипи. Натпреварите се одвивале помеѓу фудбалски екипи од блиските места и немале натпреварувачки карактер. Од 1958 година натпреварите продолжиле да се играат на игралиштето во местото „Јурија”.
Сосема нови услови на планот на поорганизираното дејствување во фудбалскиот клуб „Ударник” настануваат во 1962 година. Во летото на оваа година, по иницијатива на Пеце Цветановски - Полтурчиновски, тогашен магазионер во ЗЗ „Братство Единство” било одржано едно основачко собрание за формирање на спортско друштво во с. Г. Лисиче. На ова основачко собрание, во присуство на голем број жители од селото, била донесена одлука да се формира нов фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во тогашниот Скопски потсојуз. Бил формиран нов фудбалски клуб со поголем број нови фудбалери, распоредени во повеќе групи. Се променило и името на клубот од „Ударник” во фудбалски клуб „Братство-единство”, име кое и денес го носи земјоделската задругата во с. Г. Лисиче. Спонзор на клубот била Земјоделската задруга во селото, зашто според тогашните законски правила за да се формирал фудбалски клуб морало некоја работна организација да го поддржува и гарантира за истиот.

Првите фудбалери кои заиграле во новоформираниот фудбалски клуб биле: Љубе Полтурчиновски - капитен, Игнатие Богдановски, Трипун Трпковски - Полтурчиновски, Борче Ивановски - Полтурчиновски, Кире Стојковски - Џиковски, Светислав Ѓорѓиовски -Крпачовски, Трајан Ангеловски - Ѓорговски, Борис Прнзовски, Иван Блажевски - Крпачовски. Тренер на клубот бил Ристо Петрушевски, претседател Пеце Цветановски, секретар Игнатие Богдановски, благајник Трипун Трпковски - Полтурчиновски и кабинери - домаќини Трајан Газиновски и Љубе Џиковски.

Во почетокот Клубот се натпреварувал во Скопскиот фудбалски потсојуз. Првиот натпревар го одиграл со фудбалскиот клуб „Југ” од скопската населба Мичурин. Натпреварот се одиграл на игралиштето во населбата Автокоманда. Фудбалскиот клуб „Југ” бил формиран од Македонци од егејскиот дел на Македонија дојдени во Скопје по Втората светска војна.

Во текот на наредните години фудбалскиот клуб во Г. Лисиче постигнувал сe позабележителни резултати. Играта станувала се поквалитетна, додека бројот на играчите од ден на ден се зголемувал, што создавало поголема конкуренција и квалитет. Резултатите биле видливи по неколку години. За релативно брзо време, односно за четири години Клубот од Г. Лисиче го освојува првото место во Скопскиот фудбалски потсојуз, по што се здобил со право да настапува во лига со повисок ранг, односно во Скопскиот фудбалски регион. Квалитетот на играта продолжил и понатаму да биде на високо ниво. Тоа најдобро го покажуваат резултатите, бидејќи во текот на наредните години, додека се натпреварувал во оваа фудбалска лига, Клубот секогаш се наоѓал во горниот дел на табелата. Тренинзите фудбалерите продолжиле да ги одржуваат во местото „Јурија”. За обезбедувањето на потребните материјални средства, спортски реквизити итн. се грижела ЗЗ „Братство -Единство” од Г. Лисиче, а дел од средствата се обезбедувале и од продажба на карти.

Најголемиот успех клубот го постигнал со освојувањето на првото место во лигата во натпреварувачката 1991-1992 година. По оваа година тој започнал да се натпреварува во многу поквалитетната Втора македонска лига. За жал, во оваа фудбалска лига Клубот се натпреварувал само една сезона. Причини имало повеќе. Сепак, една од најголемите била немањето на доволно финансиски средства кои секоја година станувале сe помали и недоволни да може да ги остварува најосновните минимални активности. Од друга страна, на клубот му била нанесена голема неправда од страна на Фудбалскиот сојуз на Македонија, кој на негова штета форсирал друг фудбалски клуб за останување во оваа поквалитетна лига. Тоа било причина Клубот како последен во наредната фудбалска сезона да се натпреварува во подолната лига на Скопскиот регион.
Во наредните години Клубот доживува повеќе турбуленции, така што едно време, заради лошиот материјален статус, опстанокот му зависел од спонзорства. Извесен период тој настапувал и под името „Техноком”, фирма која привремено со свои финансиски средства го спасила од распаѓање. Но, инвестирањето на оваа фирма во наредните години стагнирало, а потоа и целосно престанало. Тоа било причина Клубот да се најде во дотогаш најголемата неизвесност од своето постоење. Само благодарејќи на упорноста на фудбалерите, на раководството на Клубот и сите жители на с. Г. Лисиче се избегнало најлошото. Избегнувањето на најлошото само додатно го зголемило мотивот кај сите заинтересирани за натамошен опстанок и перспектива на Клубот, кој во меѓувреме се преименувал и денес се вика ФК „Горно Лисиче”.

Денес ФК „Г. Лисиче” се натпреварува во Tретата Фудбалска лига, и постигнува резултати кои значат сигурен опстанок на овој стар фудбалски клуб, но и перспектива дека историската традиција нема да биде прекината.

.......п...........с................. ако е тој што мислам дека ја отворил темава... ќе се смеам утре.... :pos2:
 

KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
Честито победа
Тица рулз
п.с. мојот поранешен клуб за кој настапував во кадети од 2000 па се до 2002 :vozbud:
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23
а и имево на групава треба да се смени, официјално сега се викате Еуромилк Горно Лисиче.
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Чекајте бе, за некое време ќе се смени пак.. иначе честито победа земјаци мои.. ептен добра утакмица!!!!! ... ајде за 2 недели да ги дочекаме "браќата" од Арачиново како што доликува на еден клуб од најкомитското село во Скопје!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.103
Чекајте бе, за некое време ќе се смени пак.. иначе честито победа земјаци мои.. ептен добра утакмица!!!!! ... ајде за 2 недели да ги дочекаме "браќата" од Арачиново како што доликува на еден клуб од најкомитското село во Скопје!
Абе така ми се чинеше или во Горно Лисиче има доста од браќава, пошто на трибини слушнав доста луѓе кои збореа меѓу себе на албански. А и што Комитско село ќе бевте, кога пред стадион ви пишува 19$89:nenene::nenene::nenene:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Аман бе, аматерски клуб од Македонија, да стои до најголемиот клуб на сите времиња Баерн Минхен, па тоа е понижење.:tapp:

Нека има посебен форум за Македонскиве екипи.
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Абе така ми се чинеше или во Горно Лисиче има доста од браќава, пошто на трибини слушнав доста луѓе кои збореа меѓу себе на албански. А и што Комитско село ќе бевте, кога пред стадион ви пишува 19$89:nenene::nenene::nenene:
Има , тие се староседелци,со векови се тука и навиваат за Лисиче, многу од нив имаат и играно тука, , никој не слушнал лошо од нив, од секогаш живееле исто ко Лисичаните, а за тоа 19$89 не знам што се десило.. можам и јас во Чаир да отидам и да напишам што сакам....... ќе биде отстрането сигурно ако го има, пошто јас го немам видено. Ако не го отстранат до мое наредно доаѓање, ете јас ќе го избришам нареден пат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.103
Боби[Мкд];3454827 напиша:
Аман бе, аматерски клуб од Македонија, да стои до најголемиот клуб на сите времиња Баерн Минхен, па тоа е понижење.:tapp:

Нека има посебен форум за Македонскиве екипи.
Да ми ламушкате јајца ти и твојот најголем клуб :tv:
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Боби[Мкд];3454827 напиша:
Аман бе, аматерски клуб од Македонија, да стои до најголемиот клуб на сите времиња Баерн Минхен, па тоа е понижење.:tapp:

Нека има посебен форум за Македонскиве екипи.

Далеку е од "најголем клуб на сите времиња"
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.103
Има , тие се староседелци,со векови се тука и навиваат за Лисиче, многу од нив имаат и играно тука, , никој не слушнал лошо од нив, од секогаш живееле исто ко Лисичаните, а за тоа 19$89 не знам што се десило.. можам и јас во Чаир да отидам и да напишам што сакам....... ќе биде отстрането сигурно ако го има, пошто јас го немам видено. Ако не го отстранат до мое наредно доаѓање, ете јас ќе го избришам нареден пат.
Денес само еден ви настапи а ние имавме четворица, и тоа тројца позајмени од Слога :) Муабетот ми беше дека на трибина видов 3-4 дечки од Комити, на кои не им текнало да го ишкртаат тоа :) Иначе го пишуваше на тие цистерните што се позади голот кај што напаѓавме ние во второ полувреме :)
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Денес само еден ви настапи а ние имавме четворица, и тоа тројца позајмени од Слога :) Муабетот ми беше дека на трибина видов 3-4 дечки од Комити, на кои не им текнало да го ишкртаат тоа :) Иначе го пишуваше на тие цистерните што се позади голот кај што напаѓавме ние во второ полувреме :)

А тој 13ката бекот, што е ? цигуле или ????. иначе не сум видел стварно, баш сеа ќе му спомнам на еден другар таму живее, нека брише тоа.. кожаимибамкрастава:pos2:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.103
А тој 13ката бекот, што е ? цигуле или ????. иначе не сум видел стварно, баш сеа ќе му спомнам на еден другар таму живее, нека брише тоа.. кожаимибамкрастава:pos2:
Шпон, Љута Кенан од Тетекс е позајмен. Има огромна брзина, уште тактиката да ја усоврши и го земаат за репрезентација :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom