Фан Клуб - Р.К. Жито Прилеп

Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Тимот е наследник на некогашниот Тут-Ком Бренд и е формиран во 2009.Минатата сезона беше најуспешната во прилепскиот женски ракомет откако екипата на Жито Прилеп беше вицешампион во купот и првенството, а воедно и солидно се претстави во челинџ купот.Во оваа сезона влегуваме со потполно нов тим кој се очекува да биде поквалитетен, а воедно се натпреваруваме во Регионалната лига, КПК, од пролет се вклучуваме во македонското првенство и куп.








Жито Прилеп со шампионски амбиции


Ракометарките на Жито Прилеп ги почнаа подготовките за новата сезона со големи амбиции, бидејќи никогаш досега прилепскиот тим немал толку силен состав, со кој годинава ќе настапува во новоформираната Регионална лига заедно со Металург, како и во Купот на куп-победниците. Тренерот Ристо Магдинчев на располагање ќе има квалитетен тим: од Црна Гора дојдоа младинските репрезентативки Даниела Матановиќ, Ана и Тамара Стојановиќ, Андријана Кликовац и Билјана Павичевиќ, од Ѓорче Петров потпишаа Савица Мркиќ и Марија Штерјовска, а од Струга се приклучи Јована Цветаноска. Сепак, најголемо засилување е Михаела Мунтеану, која има брането и за репрезентацијата на Романија. Покрај овие ракометарки, во клубот останаа Дијана Наумоска, Ивана Петковска, Марија Когој, Марија Серафимовска, Кристина Илиеска, Софија Аѓулеска, Марија Петлеска и Сандра Дурланова.

Неколку дена македонскиот вицешампион ќе тренира во Прилеп, потоа се сели во хотелот „Алпина“ во Маврово, каде што ќе одигра четири средби со екипи од Романија и од Грција. Оттаму заминуваат за Врњачка Бања, каде што од 19 до 26 август во рамките на подготовките ќе играат со српските клубови Јагодина, Заечар, Књаз Милош, Наиса, Раднички (Белград) и Борац (Чачак). По враќањето во Прилеп ќе ги продолжат подготовките за првото коло од КПК против Гарлијава од Литванија на 3 септември во гости и седум дена подоцна во Прилеп. Стартот, пак, на Регионалната лига е на 10 септември, а ждрепката е закажана за 30 јули. Во лигата ќе играат осум екипи, но постојат шанси таа да биде зголемена на десет.

„Верувам дека годинава сериозно ќе му конкурираме на Металург во битката за шампионската титула. Ќе играме и во Регионалната лига, а во првенството на Македонија заедно со Металург ќе се приклучиме во разигрувањето за титулата“, вели амбициозниот Магдинчев, кој верува дека новата сезона, со овој нов и многу посилен тим, ќе донесе и поголеми успеси и љубителите на ракометот во Прилеп ќе имаат можност годинава да гледаат квалитетен ракомет.

Извор Утрински весник
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Салам тим напрај Ѓорѓија ака Џорџ:pos:.....
Колку ќе биди доволно да се прекини доминацијата на Металург ќе видиме...
Сепак добро е шо ќе има два добри тима во лигата....
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.045
Поени од реакции
536
Солидна екипа ..Ќе бидат тука со Металург кој сепак повторно ќе биди фаворит во новата сезона ..што му дава на екипата на Жито Прилеп да изненадат како лани кога ги добија на домашен терен !
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
138
Поени од реакции
40
Абе засрамота, го "средија" машкиот ракомет во Прилеп па со женски се зафатиja. Се знај публиката и добрата атмосфера е во машкиот ракомет!
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Абе засрамота, го "средија" машкиот ракомет во Прилеп па со женски се зафатиja. Се знај публиката и добрата атмосфера е во машкиот ракомет!
Aбе повеќе популарен е машкиот, ама за жениве повеќе се урла на трибина, мислам тука.....:D
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.374
Поени од реакции
324
Абе засрамота, го "средија" машкиот ракомет во Прилеп па со женски се зафатиja. Се знај публиката и добрата атмосфера е во машкиот ракомет!
Pa maskiot rakomet druze go zapustija zatoa sto clenovite na istiot bile od sprotivna partija na vladeackata,a koga Zito Prilep sakal da go zeme i maskiot tim,namerno ne mu go dadoa!!ali i vaka e ok,dobro e sto ima barem eden kvaliteten tim vo Prilep!!Zamisli uste toa da ne beshe....
Inace vo prijatelskite utakmice 2 poraza od Romankite,Pobeda protiv Grcive i nereseno i pobeda i poraz dosega na podgotovkite vo Srbija..Na 5 septemvri prv natprevar vo KPK,a potoa i domasen natprevar so Zajecar vo Regionalnata liga!! V ponedelnik so Jagodina vo Prilep,najverovatno vo 19.00
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
ZRK KNJAZ MILOS - RK ZITO PRILEP 27:34 (14:16)
Стрелци: Стојановиќ A. 10 , Петковска 8 , Павиќевиќ 4 , Кликовац 3 , Штериова 3 , Цветановска 3 , Мркиќ 2 , Стојановиќ T. 1


Ракометарките на РК Жито Прилеп го совладаја и Борец од Чачак со 26-21 и го освоија турнирот во Србија.
Вчера играја пријателски меч со Јагодина од србија и изгубија 9 разлика.
Жито Прилеп менуваше нешто со послаба постава.
Исто така Во Арената Сонце имаше околу 400 публика,што доволно покажува колку се следи ракометот во Прилеп.
Ракометарките наскоро ќе одат во Литванија каде што ке играт во Купот на Победниците на Куповите.
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Сабота 13h Гарлиава-Жито Прилеп прв натпревар, се надеваме на победа и мирен реванш 7 дена подоцна во Прилеп 19h.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.895
Поени од реакции
73.042
Сабота 13h Гарлиава-Жито Прилеп прв натпревар, се надеваме на победа и мирен реванш 7 дена подоцна во Прилеп 19h.
Како што прочитав очекуваат подршка од Македонските фанови во Литванија. Истиот ден играме со Грција, па се очекува да има барем 150 Македонци во Литванија, и тоа градов кај што е кошаркава бил мнопгу блиску до овој кај што е ракометот. Така да, се најавува подршка за Жито Прилеп, па после сите на баскет:)
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.045
Поени од реакции
536
Одлично би било ако ги подржат сепак се работи за Македонија.
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Не верувам да има до толку, можи 20-30 души да појда, а од лозарите кои се таму не очекувам да навиваат( од познати причини).Иначе местото било оддалечено 50 км од Аилтус.
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Гарлиава 19-22 Жито Прилеп. Најдобра кај нашите била голманката Јаломитеану со 19 одбрани,а најефикасна Кликовац со 5 голови.Ајде нека ни е честита победата и 95 % пласманот во следната фаза.:)
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Ракометарките на натпреварот Македонија - грција, заедно со македонките навивачи.:)
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Утре е реванш натпреварот во КПК против чешкиот Бритерм Весели.Ж.Прилеп треба да надополни 7 гола негатива.
Почеток 19 h
Арена СОНЦЕ
:)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Со среќа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom