Ферги го носи Качар од Херта како замена за Сколс
Манчестер Ј. е подготвен да плати сума од 12 милиони евра за српскиот играч од средината на теренот, Гојко Качар кој моментно е фудбалер на германска Херта. Веста во најновиот број ја објави тиражниот весник „Билд“, дополнувајќи дека менаџерот на Јунајтед, Фергусон, во Качар гледа заменик за ветеранот Пол Сколс.
Скаути на Манчестер Ј. ги следеле настапите на Качар на ЕП во Шведска и останале задоволни од она што го прикажа српскиот репрезентативец. Покрај Манчестер Ј. за услугите на Качар во моментов се заинтересирани и екипите на Лацио и Фиорентина.
Качар потекнува од фудбалската школа на Војводина, од каде и замина во Херта во 2006 година. „Билд“ истакнува дека луѓето од Херта ја разгледуваат понудата на Манчестер Ј., а разврската ќе се знае во скоро време.
Балкански дрим тим :wink: