Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

L

Löwe

Гостин
Некој да сподели искуства за предметиве?
обработка на слика
визуелно програмирање
основи на компјутерска графика
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Некој да сподели искуства за предметиве?
обработка на слика
визуелно програмирање
основи на компјутерска графика
Графика е доста тежок предмет, можеби најтешкиот што сум го слушал. Имаш многу математика во него. Доколку не ти е задолжителен, не ти го препорачувам.
Визуелно програмирање ти е C# WinForms, втор колоквиум ти е повеќе на графика (цртање и движење на некакви облици). Easy-medium предмет во тежина, еден од најинтересните програмски предмети на факултетов. Имаш доста задачи на вежбање на github профилот на Томче.
Се полага само задачи, имаш и изработка на самостоен или групен проект (игра/апликација) по сопствен избор.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Некој да сподели искуство со Кориснички интерфејси? Што се учи, активности, лесен/тежок..
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.046
Поени од реакции
57.264
Некој да сподели искуство со Кориснички интерфејси? Што се учи, активности, лесен/тежок..
Се дизајнираат веб страници со bootstrap. По еден час имаше за d3js и python flask.
Се полага терорија на етест(која може да се замени со домашни) и задачи практично.
Исто така има и лабораториски и проект.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Се дизајнираат веб страници со bootstrap. По еден час имаше за d3js и python flask.
Се полага терорија на етест(која може да се замени со домашни) и задачи практично.
Исто така има и лабораториски и проект.
Дали е потребно некое предзнаење од друга област(освен хтмл и цсс)?
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Предлог предмети што не бараат присуство на час/лаб вежби?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.046
Поени од реакции
57.264
Предлог предмети што не бараат присуство на час/лаб вежби?
Кориснички интерфејси, Дигитални библиотеки, Е-влада...

КИ и ДБ лабораториските од дома се изработуваат. За ДБ и Е-влада ќе треба еднаш да одиш да презентираш проект (едноставни се проектите).
 
Член од
8 февруари 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
Некој да не знае кога има консултации проф. Невена Ацковска или барем каде објавува ? Неможев никаде да најдам нити на курсот,нити на официјалната страна ?
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Член од
16 октомври 2014
Мислења
25
Поени од реакции
61
основи на компјутерска графика
Здраво, јас нема да кажам какво било моето искуство со предметот Компјутерска графика како студент бидеќи нема да биде релевантно - беше во 90-тите. Но, можам да кажам какво е моето искуство како одговорен за вежбите од 1999-та наваму.

Планот на предметот ви е даден на страниците на ФИНКИ каде се објавени акредитираните наставни планови (http://www.finki.ukim.mk/mk/dodiplomski-studii) и сигурно сте го виделе. Воглавном се изучува тоа што го пишува. Имајте предвид дека на предметот се собираат студенти од повеќе различни насоки и различни планови, па содржината варира и се менува секоја година согласно мнозинството и потребите.

Во рамки на теорискиот дел се изучуваат основните поими, принципи и алгоритми за 2Д и 3Д графика. Токму тоа што го пишува во планот за предметот. Точно е дека за совладување на материјалот е неопходно познавање на одреден математички апарат. Комлексноста зависи од комплексноста на барањата. Ако само сакате да научите како да нацртате хоризонтална линија на екранот, тогаш потребното предзнаење е тривијално. Но, колку покомплицирани работи сакате да нацртате, толку поголеми предзнаења се потребни. Ако сакате да анимирате експлозија на стаклото од голем аквариум во сред соба и излевањето на водата или ако сакате да анимирате прелетување покрај црна дупка (референца: Interstellar) потребно е многу повеќе. Колку пореалистично сакате да биде, толку покомплицирано станува.

Во рамки на практичниот дел од предметот се работи програмирање интерактивна (2д, но пред сѐ 3д) компјутерска графика со користење на OpenGL библиотеките (основни техники, по основното API кое функционира на сите оперативни системи, сите машини, од постари до понови). Потенцирам уште еднаш - интерактивна графика. За да биде интерактивна треба да се испрограми. Ако во сцената треба да има зајак, треба да е испрограмира зајакот. Ако зајакот треба да трча, треба да се испрограмира трчањето. Вежбите се проектно ориентирани - се работи на една глобална проектна задача (ете нека биде примерот: животно и интерактивно анимирање на истото). Задачата се разработува етапно низ целиот семестар, дел по дел, додавајќи сѐ повеќе елементи. Примерите ги давам во C, но може да се програмира во јазик по желба, сѐ додека е OpenGL програмирање. Обично студентите работат во C или C++, а имало и студенти што работеле во Java.

Има испити. Низ задачи (и на теорискиот испит, и на практичниот испит има задачи) треба да докажете дека работеното на предавања и на вежби доволно добро сте го совладале да можете ефикасно да го реализирате во ограничен временски рок.

Ако некој сака да ги види проектите на студентите од изминатите години, како изгледаат материјалите, испитите, ... нема друг начин освен лично да ме побарате во термините за консултации (редовно ги ажурирам како на мојот личен веб сајт, така и на факултетскиот сајт за распоред). Факултетската управа сеуште не ни има овозможено да водиме официјални предметни сајтови, иако таква пракса имавме од 1990-тите до 2011-та.
 
Член од
13 јули 2016
Мислења
21
Поени од реакции
0
Можам да ги земам К1 и К2 во подоцнежните години ако се потребни за магистерски?
 
Член од
23 април 2014
Мислења
43
Поени од реакции
4
Дали предметот Интернет технологии е базиран на програмирање во некој јазик?
И ако може нешто повеќе за предметите Комуникациски технологии и Вовед во когнитивни науки. :D
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Предлог професори и асистенти по Оперативни системи?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom