Умрел, за половина час оживеал, па за два дена повторно умрел

Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Мајкл Вилконсон, 23 – годишен умрел во болница од запирање на срцето. Во кревет го пронашла мајка му. Половина час откако во болницата докторите прогласиле смрт, момчето повторно оживеало.

Докторите повторно му го пронашле пулсот, и му пренеле на семејството дека е жив. Тој веднаш бил пренесен на интензивна нега. За жал, два дена после чудесното опоравување, починал од срцев удар. Докторите велат дека во случајот на момчето станувало збор за Лазаров синдром, односно спонтано враќање на циркулацијата после запирање на работата на срцето.

Феноменот наречен Лазаров синдром добил име по библискиот лик Лазар, пријателот на Исус Христос, кој починал и толку многу го растажил Исус, кој одлучил да го оживее пријателот. Лазар на Исусовата заповед станал од гробот, во кој бил закопан веќе неколку дена.

Слични случаи како овој на Мајкл Вилкинсон досега имало само 38. докторите велат дека причина за запирање на срцето се најверојатно лековите кои момчето ги користело. Заклучено е дека се работи за природна смрт.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Ова не е тоа што се викаше клиничка смрт?
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Само тој и неговите блиски си знаат низ какви маки поминувале тие денови,сепак згасна еден млад живот..:nesum:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Аууу страшна работа што ли уште нема да слушнеш на светов:uvo:
 

اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
хмм..работата е што смрта е прогласена порано од колку што треба

човекот е бил во кардиак арест...не ми е ништо чудно........
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
Клиничка смрт е во прашање во секој случај др нз шо би можело да биде а иначе жално е со згаснал еден млад живот
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
односно спонтано враќање на циркулацијата после запирање на работата на срцето.

Ќе умрел кога тогаш :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom