Турција собори руски авион

  • Креатор на темата Креатор на темата silmarillion
  • Време на започнување Време на започнување
Не им требаше ова на Турците реално...

Јес да им срушија Сиријците еден ф-16 пред некоја година, јес да Русите им уништија над 500 цистерни на ИСИС од шверцот на нелегална нафта со Турција, јес да не е најточно дефиниран Турско-Сирискиот воздушен простор и Русите многу често го надлетуваат тој предел, ама покрај се.. ова не им требаше.

Сега ќе почнат да се расипвет вентили од гасоводниот систем, ќе почнат Курдиве да имет некој чудни модерни оружја, ќе почнат подморници да шпартет низ Босфор...

И најнормално ќе се распоредат с-300 и с-400 системи долж границата, па следно пред да одат во пресретнување ф-16ките ќе размислат 2 пати....

То е то.
Пак ќе ги соборат доколку влезат поново во турскиот воздушен простор. Пред 1 месец турците јасно и гласно ги предупредија русите. А доколку Русија провоцира тогаш и меѓународната заедница по друго ќе реагира. А во светот ќе се создаде една слика дека сепак русите се генератор на сите безбедносни кризи. И спуштете се малку на земја, добро и јас знам дека Рисија е силна ама тоа немора да значи дека треба да провоцира со авионите бидејќи понекогаш може и шамар да јаде. Како вчера што јаде. А војна толку лесно не се прави.
 
едно блиц прашање...
Која е најголема држава во светот по територија?

Хинт: некои држави не мора да изиграват светски полицаец понекогаш, кога територијата им е пола свет. Секако, да нема заблуди, таа територија им ја даде Господ лично...

:facepalm::pos:
 
Не знаеш веќе на кого да му веруваш. И Турциве и Русиве моментално вршат пропагандна офанзива

Со логика до вистината. Логички на Русите не им требаше овој инцидент, ниту имаа намера да ја провоцираат Турција. Ваков инцидент им оди во прилог на Американците на кои русија им ги поремети плановите за сирија. На ердоган бизнисот со нафта и курдите му се причина да реагира. Значи русите не лажат во овој случај.
 
Во секој случај живееме во многу "интересни " времиња, јас ствварно пред 2-3 год не се надевав дека сите светски копја ќе се кршат во Сирија. Секако тешко дека светот ќе издржи уште една светска војна, тоа ќе биде крај на начинот на живот кој го знаеме
 
Не знаеш веќе на кого да му веруваш. И Турциве и Русиве моментално вршат пропагандна офанзива

Генералов на клипов многу добро објаснува што се прави во вакви ситуации. Тешко дека има интерес да завзема страна, а компетентноста не може да му се спори.

Е сега, изгледа дека на "новинаркава" баш и не и се допаѓа тоа што го слуша, ама тоа е веќе друга тема.

Моментот , ви пречи САД кога изиграва светски полицаец, но свршуваме кога Русија го прави истото.
Навивате како да е спорт сето ова.
Русија не е светски полицаец, ниту ќе биде.
 
Ова ти е нешто како Кубанската криза со ракетите да се надеваме дека нема да има директен судир секој разумен без разлика какви симпатии има и кон кого не би сакал да избие војна. Кој ќе оди после онаму Нов Зеланд, Бора Бора
 
Му вика дека се наближува кон турскиот простор а не дека е внатре. Но и снимката ми е сумњива може е од некоја претходна случка.

Делот каде што поминувал Рускиот авион е 2.9 километри се на се и ако добро прочитав вчера на интернет и за некои 20тина секунди се поминува/нарушува Турскиот воздушен простор (под поредпоставка дека навистина го нарушил нели) така да ваквите повици се испраќаат уште кога Рускиве авиони биле во Сирија а оделе во правец на Турскиот воздушен простор.

Мада ова во никој случај неможе да биде доказ, смешно е зошто секој може да направи вакви предупредувања.

Пак ќе ги соборат доколку влезат поново во турскиот воздушен простор. Пред 1 месец турците јасно и гласно ги предупредија русите. А доколку Русија провоцира тогаш и меѓународната заедница по друго ќе реагира. А во светот ќе се создаде една слика дека сепак русите се генератор на сите безбедносни кризи. И спуштете се малку на земја, добро и јас знам дека Рисија е силна ама тоа немора да значи дека треба да провоцира со авионите бидејќи понекогаш може и шамар да јаде. Како вчера што јаде. А војна толку лесно не се прави.

Чекај уште Турција неможе да даде конкретни докази дека сега бил нарушен воздушниот простор (гледаш дека дури и некои членки на НАТО не се убедени во тоа) ти си запнал за нареден пат (ако воопшто има) како меѓудародната заедница ќе реагирала. Ете Русија веќе нема да праќа авиони без придружба така да ќе видиме како Турците ќе реагираат сега, а мене посебно ме интересира како ќе реагираат кога за некој месец муџиве ќе бидат комплетно уништени и Сирија со помош на Русија ќе добие опрема со која комплетно ќе може да го заштити и својот воздушен простор.
 
Последно уредено од модератор:
Во секој случај живееме во многу "интересни " времиња, јас ствварно пред 2-3 год не се надевав дека сите светски копја ќе се кршат во Сирија. Секако тешко дека светот ќе издржи уште една светска војна, тоа ќе биде крај на начинот на живот кој го знаеме

Не си чул за армагедон? Reč armagedon potiče od hebrejskog har magido (הר מגידו), što znači „planina Megido“.

Полетео Мегидо се наоѓа многу блиску до Сирија.

https://en.wikipedia.org/wiki/Tel_Megiddo

Намали резолуција и ќе видиш.
 
Сум слупшнал ама тоа е нешто како пророштво, го нема антихристот во приказнава :)
 
Алах акбар ама со ептен уплашен тон. :D ... Планината кај што го срушија авионот ...

Пак ќе ги соборат доколку влезат поново во турскиот воздушен простор. Пред 1 месец турците јасно и гласно ги предупредија русите. А доколку Русија провоцира тогаш и меѓународната заедница по друго ќе реагира. А во светот ќе се создаде една слика дека сепак русите се генератор на сите безбедносни кризи. И спуштете се малку на земја, добро и јас знам дека Рисија е силна ама тоа немора да значи дека треба да провоцира со авионите бидејќи понекогаш може и шамар да јаде. Како вчера што јаде. А војна толку лесно не се прави.

Турците знаеа дека Руските авиони се во мисија против ИСИС. Како што и самиот пилот кажал, ф-16ките можеле лесно да му се приближат на тактичкиот сухој, пошо е спор, и да му дадат финално предупредување пред да помислат да пукаат. Очигледно, друга била поентата на целиот случај, а не бранење на воздушниот простор.

А за тоа дека пак ќе ги соборат... да не си фантазираме. Следното нивно приближување кон руски авион ќе биде фатално. Јасно му е тоа и на Турците, и на Американците, и на сите.
 
Значи турците годишно го нарушуваат грчкиот воздушен простор над 2000 пати.И по твое грциве треба да ги рушат турските авиони?Плус издадена е наредба на секој бомбардер да биде придружуван од ловец.Да не ги спомнувам системите С400 кои ќе бидат распоредени во Сирија.Следниот пат турците трипати ќе размислат дали ќе се курчат илл ќе преќутат.
 
Ако влезат во турскиот воздушен простор ти велам со сигурност дека пак ќе соборат. А НАТО уште од сега има испратено еден куп американски авиони заедно со турските. А тоа нема да е војна меѓу Турција и Русија. Туку тоа ќе биде војна меѓу Русија и Светот. Е тогаш ќе се случи Армагедон.[DOUBLEPOST=1448480754][/DOUBLEPOST]
Значи турците годишно го нарушуваат грчкиот воздушен простор над 2000 пати.И по твое грциве треба да ги рушат турските авиони?Плус издадена е наредба на секој бомбардер да биде придружуван од ловец.Да не ги спомнувам системите С400 кои ќе бидат распоредени во Сирија.Следниот пат турците трипати ќе размислат дали ќе се курчат илл ќе преќутат.
Па ако не беа членки на НАТО Турција и Грција тогаш нормално дека и грците имаа право да соборат.А и обратно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom