Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Член од
11 јануари 2021
Мислења
63
Поени од реакции
261
Знаев дека тој лик ми беше познат, оној на човекот којшто го забележав како ме одмерува во чекалната на адвокатот. Бев сигурна дека го бев видела претходно, ми се чинеше како трошка меморија која во брзо време ќе избледи. Не знам како се чувствував околу тоа, истовремено ми се допаѓаше вниманието, а пак од друга страна ми создаваше немир од којшто не можев мислите да ги пренаточам во друга насока.

Бев подранила на средбата со мојот адвокат, средба што не требаше да трае долго, со оглед на тоа што се работеше за случај што беше лесно решлив, земајќи ги предвид сите оние докази против обвинениот.
Имено, се работеше за кривично дело - физички напад, којшто го доживеав при обид за кражба за време на кратка прошетка во паркот, пред неколку години. Целиот случај ќе останеше целосна мистерија, доколку еден локален ресторан, чиишто камери, притоа, ја снимиле целата случка, не се обиде да ме контактира за да ми помогне околку истрагата. Во истиот момент решив со тој никаквец да се соочам на суд.
Средбата во адвокатската канцеларија траеше кратко, зборувавме за можните настани за време на судењето и со каков вид на казна би можел злосторникот да се здобие. Сите карти беа во мои раце.

Сѐ до судењето, јас не сфатив дека, всушност, оној човек којшто седеше на обвинителската клупа беше погрешно осуден, и, всушност, оној лик којшто кога го забележав во ходникот ми беше познат, претставуваше оној вистинскиот злосторник којшто се истакнуваше по неговата лузна на вилицата, и во меѓувреме седеше во клупите во судницата, подсмевнувајќи ми се со насмевка којашто не верувам дека некогаш би можела да ја заборавам, насмевка којашто ќе ме прогонува доживотно.
Истиот оној човек којшто го бев видела неколку дена претходно, пред мојата куќа.

....
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Потта веќе го имаше окупирано моето лице. Тешките капки мрзеливо се спуштаа удолу правејќи базен над натопените веѓи. Срцето, од минута во минута, го забрзуваше своето темпо на биење. Постепено ја губев острината на видот. Бев во луда железница на делуриум, тонев во извесна меланхолија.

Морам да останам при здрава свест, морам последниот атом од силата да го смогнам и употребам за конфронтализам кон внатрешното цедење на душата, настаните од претходната ги растесоа темелите на моралниот компас и го пробија оклопот на емоционалниот штит. Сега сѐ што имав беа тие крути слики изрезбани во мојот мозок од која живописност бесцелно се обидував да се ослободам.

Го скршнав погледот, се обидов да се фокусирам. На себе сеуште ја имав истата облека, запотена и нечиста. На белата кошула сеуште имам распрскани црвени капки, капки кои беа доказ дека настаните од таа ноќ не беа плод на мојата имагинација.

Ги затворив очите. Ми се прикажа дрвото на животот. Сите цветови беа исушени, успуштаа горчлива ароматизираност, дел веќе започнале да се ронат, плодовите испуштаа гнил мирис, а листовите веќе направиле тенок тепих по кој требаше да чекорам за да продолжам понатаму. Стапнав. Под мене почнав да го слушам шумот на кршење. Лисјата како срча се зарија во моите стапала. Видов дека оставам црвени стапалки на подот. Не, мора да продолжам да се борам, да ја најдам последната капка од еликсирот за спас кој ќе ја регенерира волјата за живот во мене. Ги отворив очите.

Залудно. Психолошкото себедеграгирање само што започна. Сонував со отворени очи. Низ магловитоста се изби сцена на судница. Циклусот рочишта беше скратен, процесот беше сведен на примопредавање на пресудата. Главниот поротник ја подаде на судијата и молк. Стихија. Големиот бран емоции ги поплави и последните надежи. Внатрешниот глас замре. Исходот се знаеше однапред, дури судијата не ја прочита на глас. Сцената се растури и следниот потег беше јасен.

Рефлексно ја лапнав целата супстанца во мојата рака. Ја броев секоја голтка сува вода. Не оставив последна волја, последно збогување.

Можеби тоа беа моите последни мигови на овој свет. Пред да ме победи дејството на лековите се сетив на неа. Костенливата коса и се виореше на ветрот, зелените очи и беа ококорени и фиксирани на моите додека крупните солзи се тркала по нејзиното лице. Нејзиниот плач не ме премисли. Мирисаше на страв, очај и беспомошност. И потоа црнило. Мрак. Ништо.

Ме разбуди мирисот на цветната градина. Полека ги отворив очите, ми требаше време да се привикнам на слабата светлина која срамежливо продираше низ завесите. Одма ме нападна острото зуење во главата. Пробав да ги заштитам очите со раката. Го подигнав погледот и видов дека десната рака ми е врзана за креветот. Ме нападна нова сила, ја лоцирав во левата рака. Тоа беше тапа болка. Беше резултат на убод од игла, погледнав нагоре и видов полупразно шише! Инфузија! Пробав да викам, но безуспешно! Испуштив само тивки рапави звуци. Устата ми беше сува, јазикот отечен. Бев отсечен од светот.

Во десната рака напипав некој уред, имаше испакнатина. Ја притиснав. Се слушна нов летаргичен звук. По неколку минути зад завесата се појави фигура на човечки ентитет. Се појави младолико човечко суштество, со светла коса и очи и имаше прикована насмевка на лицето. Носеше бел мантил. Не сте во рајот, ако се прашувате тоа, но имате ангел чувар. Во последен миг бевте спасен и целокупната материја беше успумпана од вашиот желудник. Може да чувствувате извесна мачнина и гадење. Но вашата состојба сега е стабилна, а лисиците се превентива за сите пациенти кои пробале да си го одземат сопствениот живот. Шансите тоа да го повторат во наредните 24 часа се големи, па така ќе бидете ставен на мониторинг. Но до тогаш мора да успеете да склопите уште некој час сон.

Потоа извади игла со безбоен раствор и го вгризна во инфузијата. Еликсирот за спас! Замина. Требаа неколку минути растворот да почне да делува на мојот нервен систем. Почувствував зашеметување и умор. Немав сили за нова борба. Уморот почна да ме совлада, очите последни се предадоа. Тогаш ги затворив.

Постепено, кадар по кадар, запознаа да ми се враќаат сцените од претходната ноќ. За момент го почувствував нејзиното присуство во просторијата, само овој пат, она, како восочна фигура стоеше над мене, нејзиниот поглед беше ладен, продираше низ мене. Не ме остави да умрам! Сфатив дека нема да можам да избегам од последиците и ќе мора да научам да живеам со самиот себе. Потонав во нов сон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom