jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.419
Ситуацијата излегува од Франција...
http://www.mkd.mk/svet/vesti/trojca-teroristi-ubieni-vo-belgija-vo-dramatichna-policiska-operacija-fotovideo

Сè уште не се знае дали операцијата, која се случила во белгискиот град Вервје, е поврзана со терористичките напади врз Шарли ебдо во Париз минатата недела.
Тројца терористи биле убиени вечерва во драматична полициска операција во Белгија. Вооружените полицајци упаднале на адреса во градот Вервје.
Локалните жители пријавиле огромни експлозии за време на нападот.
Белгиската полиција соопшти дека уапсила неколку други осомничени и дека работеле по дојава од разузнавачките агенции.
Сè уште не е јасно дали операцијата е поврзана со масакрот во Франција минатата недела.
Денеска белгиските власти уапсиле и еден дилер на оружје и повеле истрага за да се утврди дали тој снабдувал еден од исламистите што убија 17 луѓе во Париз.
Белгиските медиуми јавија дека во вторникот човекот сам ѝ се предал на полицијата во јужниот град Шарлроа, велејќи дека бил во контакт со Амеди Кулибали, милитантот што држеше заложници во еврејски супермаркет во францускиот главен град, а подоцна беше убиен од безбедносните сили.
Според информациите, човекот рекол дека го измамил Кулибали при продажба на автомобил, но полицијата подоцна нашла докази дека двајцата преговарале за продажба на муниција за огнено оружје калибар 7,62 мм.
Куршуми од овој калибар се користат за пиштолот Токарев, каков што имал Кулибали кога го нападнал супермаркетот во Париз, каде што загинаа четири заложници.
„Судијата во Шарлероа го држи човекот под сомнение за продавање оружје“, изјавил портпаролот на белгиското федерално обвинителство. „Понатамошните испитувања ќе покажат дали има врска со настаните во Париз“, додал тој.