Терапија Дракула

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Вбризгување на сопствената крв во лице е нова метода за подмладување,а ја викаат "Терапија Дракула".

Научниците сметаат дека постапката наречена
Stimulated Self Serum односно S3 терапијата е помалку штетна од ботоксот,затоа што го поттикнува обновувањето на ДНК, ги лекува лузните и со тоа дава помлад изглед на кожата.

За разлика од другите методи, оваа постапка е природна бидејќи нема синтетички состојки,болни ласери и пилинг.
Овој метод во стоматологијата се употребува повеќе од две децении и тоа со вбризгување серум од пациентот во забното месо,како би се регенерирал сам.

Постапката го прославила британскиот научник Даниел Систер.Тој одлучил да комбинира терапија од плазма со традиционални француски козметички третмани во кои под кожата се вбризгуваат и мали дози на витамини и минерали.
Така тој развил еден процес каде нашата крв се збогатува со витамини и аминокиселини па така збогатена се вбризгува во лице.

"Ако терапијата со серум добро делува на коски и меко ткиво(како забно месо) заклучив дека уште подобри резултати ќе покаже на процесот за обновување на кожата",изјавил Даниел Систер.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom