Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
И ете пладне. За сите кои сакаат да го изведуваат ритуалот на Liber Resh малку инфо + еве го текстот и на англиски и на македонски (ги има и „знаците“) :)
Атрибуција е Шин - Оган - Југ. Од астрологијата која куќа е тоа? Ајде ќе оставиме вие сами да откриете...

Ако ја погледнете Liber 777 и патеката Шин или Заб( или ако ја немате, видете на 777.oto-mk.net - избирајќи за патека Заб - Шин - שין ) , колона XIX ќе ви ја даде египетската атрибуција на патеката - во случајот Тум-Еш-Неит (во ритуалот се користи „Ахатор“). Исто така разгледајте ги другите атрибуции (колони) врзани со Шин. Изучувајте ги овие работи добро - ќе ги разберете подобро обожувањата и нема да имате потреба да зборувате напразно, а и да си го трошите времето напразно. (y)

P.S. После секој поздрав, текстот кој што се користи за „обожување“ на видеото е дел од LIBER AL, поглавје III, стих 37 - 38 :

Единство потполно искажано!
Ја обожувам моќта на твојот здив,
Врховен и страшен Богу,
Кој чиниш боговите и смртта
Да треперат пред Тебе:
Јас, јас те обожувам!
Појави се на тронот на Ра!
Отвори ги патеките на Ку!
Осветли ги патеките на Ка!
Патеките на Кабс проаѓаат
Да ме вознемират или смират!
Аум! нека тоа ме исполни!
Светлината е моја; нејзините зраци Ме обземаат:
направив тајна врата Во куќата на Ра и Тум, На Кефра и на Ахатор.
Јас сум твојот Тебанец, О Менту,
Пророкот Анк-аф-на-консу!
Со Бес-на-Маут си удирам гради;
Со мудрата Та-Нех магија своја ткаам.
Покажи ја твојата ѕвездена величественост, О Нуит!
Покани ме во твојата Куќа да битисувам,
О крилеста змијо на светлината, Хадит!
Биди со мене, Ра-Хоор-Куит!


Повелете:

 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
178
Поени од реакции
219
Во Египет, фараонот живееше како највисок водач, хиерофант. Тој според небесата, живееше во Анкор, Храмот на човекот, Во Палатата во Градот на Пирамидите, како што сонцето се движеше, и тој се движеше, бидејќи тој беше Амун, богот Сонце, Хорус, Кој не умира.
Но Морисон вели, видете, градевме пирамиди за фараоните - и тие умреа. Тоа се зданија на смртта, да го славиме животот.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Ќе ви пратев и трето и четврто видео во врска со Ритуалот, ама кој не се заинтересирал од две видеа, нема ни од 4 :D
Само да кажам дека другите два „поздрава“ се кон Тум (Атум) атрибуција Воздух - Сефирот Јесод што значи Темел - египетска атрибуција е Шу кој што го држи Небото и го одвојува од Земјата [ Јесод е сефирот помеѓу Малкут - Кралство - Земја и Тифарет -Убавина - Сонце] и пoздрав кон Кеф-Ра (атрибуција на Вода или египетска атрибуција на Аурамот).
Два сефирота и две патеки. Најдете НЗС :D Секој ритуал мора да содржи баланс. Видете го ритуалот на LIber Samekh ;)
Можете да ги најдете Знаците кои се користат во Liber Resh во македонскиот превод, а за божествените форми кои се користат при визуелизација, ќе мора малку да се помачите и да ги научите атрибуциите и хиероглифите на секое египетско „божество“ (навидум невозможна работа, но... кој пробал знае дека после 20 години, се е едноставно) :)
Потребно е да се запознаете со „својставата“ на овие аспекти на божественото, да ги визуелизирате божествените форми... да ви стане нормално и едноставно сето тоа. Автоматски.
После 3 месеци, 3 недели и 3 дена секојдневно обожување на Сонцето, ќе станете свесни дека сонцето никогаш не умира, никогаш не воскреснува, само човекот се прави „мудар“ па му врти грб и се загледува во Земјата - темелот на Смртта. :cautious:

П.С. Ритуалот се вика Liber Resh svb figura CC бидејќи Реш е патека на Дрвото на Животот и буква од еврејскиот алеф-бет, чија атрибуција е Сонце, и бројната вредност на Реш е 200. Ајде, вечер очеувам да се поздрави КЕФ-РА :D
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Те читам Хепта и се мислам дали и колку твојата и мојата пракса се слични...знаеш, наоѓање барем на симболи што се различни а во суштина слични. Со поздравување секојдневно се креира свест за тоа....се надевам некој читајќи ќе научи нешто.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во претходните постови беше споменат терминот "Црн Брат", за сите што не го знаат значењето на поимот, мало објаснување:

“Црниот Брат” не е исто што и “црн магичар”. “Црн Брат” се станува заради страв од прескокнување на бездната, додека “црни магичари” обично се психички неурамнотежени личности, кои многу лесно се препознаваат. “Црниот Брат” има делумно право знаење, кое го користи како би создал впечаток за значењето на неговата личност без поседување на вистински авторитет, и кој го користи тоа свое знаење за манипулација на своите заведени приврзаници, кои му веруваат зошто наизглед работи “за нивно добро”, спрема нив “црните магичари” се прави лаици. “Црните магичари” видно без прикривање работат само за своја лична (главно материјална) корист. Интересно е што “црните магичари” и “Црните Браќа” постојано се обидуваат да изнајдат рационален (разумски- Руах) премин преку бездната што е невозможно), па подоцна стануваат отфрлени далеку во Сферата на Елементите (Малкут) или дури клифотите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.969
Поени од реакции
80.743
Те читам Хепта и се мислам дали и колку твојата и мојата пракса се слични...знаеш, наоѓање барем на симболи што се различни а во суштина слични. Со поздравување секојдневно се креира свест за тоа....се надевам некој читајќи ќе научи нешто.
Кабалата има влијание врз речиси сите гранки на западниот мистицизам. Пред се мислам на гранките кои се појавија со препородот од 19-ти и почеток на 20-тиот век.
Да, и Виката има кабалистички влијанија.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Кабалата има влијание врз речиси сите гранки на западниот мистицизам. Пред се мислам на гранките кои се појавија со препородот од 19-ти и почеток на 20-тиот век.
Да, и Виката има кабалистички влијанија.
Не сум Виканка, зошто сите на форумов тоа го мислат?:D Јас сум Палера во Palo Brillumba con Mayombe. Афро-Кубанска пракса што има корени во Конго, а се развила во Хаити и Куба откако робовите дошле.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Не сум Виканка, зошто сите на форумов тоа го мислат?:D Јас сум Палера во Palo Brillumba con Mayombe. Афро-Кубанска пракса што има корени во Конго, а се развила во Хаити и Куба откако робовите дошле.
Што бе, се „палиш“ на пракси и учења настанати меѓу робови? :D
Само да не имаат приказна како и тие се спасени од некој на чуден мистичен начин :P
Колку е закон сликата :) НаааајС :D
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Што бе, се „палиш“ на пракси и учења настанати меѓу робови? :D
Само да не имаат приказна како и тие се спасени од некој на чуден мистичен начин :P

Колку е закон сликата :) НаааајС :D
Буквален роб и твој роб не се исти :P Ако некој бил поброен и со сила го префрлил преку Атлантикот :) Не, не....немаат тие мистичен спасител ахахаа....далеку од тоа. И Водун и Сантериа се исто така развиени.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.969
Поени од реакции
80.743
Не сум Виканка, зошто сите на форумов тоа го мислат?:D Јас сум Палера во Palo Brillumba con Mayombe. Афро-Кубанска пракса што има корени во Конго, а се развила во Хаити и Куба откако робовите дошле.
Чудно. Би се зарекол дека имаш кажано дека си...
Можеби грешам.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
The Magus - e , немој ќе наскокаат оние што велат „еден маж - една жена“, „свет брак“ и слично ... ќе треба да ги распрашам колку тие се во свет брак и со една жена или со еден маж... :cautious:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.969
Поени од реакции
80.743
Одамна одамна...кога проаѓав низ фази и покушавав да најдам што ми лежи најдобро, кај е мојот пат.
Така е. Добро си направила.
Многумина имаат изгубено мнооогу време заглавувајќи на некој некомпатибилен (со себе си), пат.
--- надополнето: 14 март 2013 во 17:39 ---
The Magus - e , немој ќе наскокаат оние што велат „еден маж - една жена“, „свет брак“ и слично ... ќе треба да ги распрашам колку тие се во свет брак и со една жена или со еден маж... :cautious:
Распрашај ги...
Мислиш дека сите вистинито ќе ти одговорат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom