Сценарио од соништата кое ја носи Македонија во полуфиналето

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Поразот од Данска во последната секунда ја разочара цела нација, но и покрај тој пораз се уште не се загубени сите шанси за остварување на сонот и пласман меѓу четирите најдобри европски селекции.

Надежта се уште живее кога е во прашање евентуалниот пласман на нашите најдобри ракометари во полуфиналето на Европското првенство во Србија. Секако, сè ќе беше многу полесно доколку ја совладавме Данска, или барем ремизиравме со светскиот вицешампион, но се уште не е сè загубено.

Теоријата кажува дека би можеле да бидеме дел од полуфиналето, иако сето тоа е само теорија за чие остварување ќе ни треба многу среќа, две победи до крајот и другите резултати да одат во наш прилог.

Така, ние во следното коло секако треба да ја совладаме Полска и да навиваме за Србија во дуелот со Шведска и Данска во дуелот со Германија. Потоа, во третото коло ќе мораме да славиме против домаќинот, а претходно да се надеваме дека Шведска ќе биде подобра од Данска, а Полска од Германија. Секако, нашите победи ќе мораат да бидат со што е можно поголема разлика.

Во евентуална таква разврска, ние, заедно со Германија и Полска би имале по пет бодови на второто место и ќе одлучува гол-разликата. Србите ќе бидат први со седум, а Шведска и Данска би испаднале од игра со по четири бодови.

Секако, ваквиот епилог е врзан со две наши победи, без што сонот за полуфинале не е можен. По тие две победи треба да се надеваме и навиваме за победи на селекциите чии триумфи ни го отвораат патот за историски успех.

Нормално, сè се сведува на теорија, но со оглед на начинот на кој нашите момци играат на ова ЕП, ако ништо друго, барем можеме да веруваме дека можат да дојдат до две победи во следните две кола. За сè друго ќе ни треба многу среќа.
Прва комбинаторика
Второ коло
Македонија Полска - 1 (со разлика поголема од таа што Полска ќе ја победи Германија)
Данска - Германија 1
Србија - Шведска 1

Трето коло
Македонија - Србија 1
Шведска - Данска 1
Полска - Германија 1 (со помала разлика од тоа што ние ќе ја победиме Полска )

При вакво сценарио ние ќе бидеме втори и ќе обезбедиме пласман во полуфиналето.
Табела:
1. Србија 7
2. Македонија 5
3. Германија 5
4. Полска 5
5. Данска 4
6. Шведска 4

Втора комбинаторика

Второ коло
Македонија - Полска 1
Данска - Германија 2
Србија - Шведска 2
Трето коло
Македонија - Србија 1
Шведска - Данска 2
Полска - Германија 2

Табела:
1. Германија 8
2. Македонија 5
3. Србија 5
4. Шведска 4
5. Данска 4
6. Полска 3

*На Македонија и одговара и нерешен резултат меѓу Германија и Полска.

Трета комбинаторика

Второ коло
Македонија - Полска 1
Данска - Германија 1
Србија - Шведска 2

Трето коло
Македонија - Србија 1
Шведска - Данска 1
Полска - Германија 1

Табела:
1. Шведска 6
2. Македонија 5
3. Србија 5
4. Германија 5
5. Полска 5
6. Данска 4

*При нерешен резултат на Шведска и Данска, сите шест селекции ќе имаат по пет бода (речиси неверојатно сценарио)
http://kurir.mk/sport/rakomet/57967-Scenario-od-sonistata-koe-ja-nosi-Makedonija-vo-polufinaleto

Дај боже едно од овие сценарија да се оствари.
АМИН
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Со малце верба и труд може да се направат некој работи возможни. :)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Оптимист сум по природа, али било кое од можниве сценарија за наш пласман во полуфинале ми изгледаат неостварливи....
3 утакмици немавме никаква среќа, така да не можам да мислам дека толку работи ќе се поклопат за да бидеме полуфиналисти.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.354
Поени од реакции
10.748
Со малце верба и труд може да се направат некој работи возможни. :)
Спремајте сега пушки, пиштоли, палки и остало. Давајте име презиме и адреси на судии па да ја наредиме работата. Ако не можи со добро тогаш со лошо ќе одиме во 1/2 финале. Па и 3та светска војна нека почни :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Најдобро да не се замарате луѓе, глејте да ги победиме овие две па што биде нека бидете. Не си го мачете мозокот :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.130
Поени од реакции
84.818
Прво утре натпревариве да завшат како што треба.
За во последно коло здравје боже последни играме па ќе знаеме што како.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Спремајте сега пушки, пиштоли, палки и остало. Давајте име презиме и адреси на судии па да ја наредиме работата. Ако не можи со добро тогаш со лошо ќе одиме во 1/2 финале. Па и 3та светска војна нека почни :D
Редно е да се опоравиме од шокот вчера. :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Немора тема да отвориш, на милион е ова поставено...само теми да не знае човек кај да влезе.:tapp:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Немора тема да отвориш, на милион е ова поставено...само теми да не знае човек кај да влезе.:tapp:
Добро другар не мора одма да го :tapp:
Прво не видов,можеби и поради фактот што многу се акруелни темиве.Еве има одговорни на форумот,ако мислат дека не треба да има ваква тема,или дека веќе е споделена веста одма нека бришат. Не мора да се :гомце: без потреба;)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.780
Поени од реакции
18.388
Резултативе прилично неверојатно ми изгледаат.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.280
Поени од реакции
2.000
Во право си. Највеќе ги разочара фејсбук навивачите, им пропаднаа статусите :tapp:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Не е толку невозможно колку што изгледа, но најзафркнато сценарио е со србите, тешко дека они ќе изгубат од Шведска али да се надеваме, доколку србите изгубат ја верувам дека ги минеме групите и одиме понатаму...доста нас среќата не не служеше време е и кај нас да дојде :unsure:
 

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Можно е, само тешко ке биде Полска да ја победи Германија.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Поразот од Данска во последната секунда ја разочара цела нација, но и покрај тој пораз се уште не се загубени сите шанси за остварување на сонот и пласман меѓу четирите најдобри европски селекции.

Надежта се уште живее кога е во прашање евентуалниот пласман на нашите најдобри ракометари во полуфиналето на Европското првенство во Србија. Секако, сè ќе беше многу полесно доколку ја совладавме Данска, или барем ремизиравме со светскиот вицешампион, но се уште не е сè загубено.

Теоријата кажува дека би можеле да бидеме дел од полуфиналето, иако сето тоа е само теорија за чие остварување ќе ни треба многу среќа, две победи до крајот и другите резултати да одат во наш прилог.

Така, ние во следното коло секако треба да ја совладаме Полска и да навиваме за Србија во дуелот со Шведска и Данска во дуелот со Германија. Потоа, во третото коло ќе мораме да славиме против домаќинот, а претходно да се надеваме дека Шведска ќе биде подобра од Данска, а Полска од Германија. Секако, нашите победи ќе мораат да бидат со што е можно поголема разлика.

Во евентуална таква разврска, ние, заедно со Германија и Полска би имале по пет бодови на второто место и ќе одлучува гол-разликата. Србите ќе бидат први со седум, а Шведска и Данска би испаднале од игра со по четири бодови.

Секако, ваквиот епилог е врзан со две наши победи, без што сонот за полуфинале не е можен. По тие две победи треба да се надеваме и навиваме за победи на селекциите чии триумфи ни го отвораат патот за историски успех.

Нормално, сè се сведува на теорија, но со оглед на начинот на кој нашите момци играат на ова ЕП, ако ништо друго, барем можеме да веруваме дека можат да дојдат до две победи во следните две кола. За сè друго ќе ни треба многу среќа.
Прва комбинаторика
Второ коло
Македонија Полска - 1 (со разлика поголема од таа што Полска ќе ја победи Германија)
Данска - Германија 1
Србија - Шведска 1

Трето коло
Македонија - Србија 1
Шведска - Данска 1
Полска - Германија 1 (со помала разлика од тоа што ние ќе ја победиме Полска )

При вакво сценарио ние ќе бидеме втори и ќе обезбедиме пласман во полуфиналето.
Табела:
1. Србија 7
2. Македонија 5
3. Германија 5
4. Полска 5
5. Данска 4
6. Шведска 4

Втора комбинаторика

Второ коло
Македонија - Полска 1
Данска - Германија 2
Србија - Шведска 2
Трето коло
Македонија - Србија 1
Шведска - Данска 2
Полска - Германија 2

Табела:
1. Германија 8
2. Македонија 5
3. Србија 5
4. Шведска 4
5. Данска 4
6. Полска 3

*На Македонија и одговара и нерешен резултат меѓу Германија и Полска.

Трета комбинаторика

Второ коло
Македонија - Полска 1
Данска - Германија 1
Србија - Шведска 2

Трето коло
Македонија - Србија 1
Шведска - Данска 1
Полска - Германија 1

Табела:
1. Шведска 6
2. Македонија 5
3. Србија 5
4. Германија 5
5. Полска 5
6. Данска 4

*При нерешен резултат на Шведска и Данска, сите шест селекции ќе имаат по пет бода (речиси неверојатно сценарио)
http://kurir.mk/sport/rakomet/57967-Scenario-od-sonistata-koe-ja-nosi-Makedonija-vo-polufinaleto

Дај боже едно од овие сценарија да се оствари.
АМИН

Имаш грешка, дури и германија да ги изгубат сите и ние да тепаме, нема да одиме, бидејќи ќе имаме исто бодови, пет за нас пет за нив, и тоа значи дека не одиме, оти они не тепаа нас во минатите групи и се гледа меѓусебниот дуел, така да...да се надеваме само да киксне Србија а ние да тепаме денес, па после ќе праиме други математики...:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom