Ајде дуопол пак две спротиставени страни.....
Секаде околу нас гледаме материја учиме материјалистички филозофии како да приграбиме што поверќе материја за нас, повеќе пари, поголема кола, поголема куќа итн. Но се заборава едно нешто а тоа е свесноста како субјективна точка на гледање со која се идентификува секој од нас. Едноставно ако ја нема свесноста која што ја перцепира материјата како таква тогаш ќе ја нема ни материјата. Ако не сме ние тука тогаш ќе го нема ни универзумот, тоа е моето мислење дека основната супстанција на овај универзум (и не само на овај) е свесноста, а не материјата....
Ајде секој со своето мислење.
Ова е најисправна теорија која како философски став се нарекува `солипсизам`.
Американската поетеса Силвија Плат напишала и песна која оди вака:
“Монолог на една солипсистка“
1
Што, дали јас сум надуен позер?
Не, само леко си чекорам тука,
додека мрзливо под моите нозе
полноќната улица сама се сука;
а откако очите ќе си ги склопам,
измислените куќи вчас се топат;
Евааа, зарем ќе ми пишат грев
што месечевиот кромид ќопав
на небо виси зарад мојот ќеф?
2
Стиснатиот куп куќи јас го аминувам,
а дрвјата неизбежно бргу се смалуваат
оти јас покрај нив бегло поминувам;
луѓе-кукли клатејќи се суштествуваат
на оглавот на мојот поглед, без свест
дека смеата, љубовта и нивната чест,
дека било кое нивно замисливо фајде,
зависат неизбежно од мој ќеф или бес
и вчас сето тоа може во смрт да зајде.
3
Кога сум расположена, со добра волја,
јас на тревата ѝ подарувам зеленило,
со булки ги украсувам житните полја
а небото со синило кое вас ве пленило;
па дури и сонцето, секој негов атом,
јас го курдисав да блеска како злато;
а ако зимско расположение е во мене,
имам апсолутна моќ: од мразно блато
да не може нит`еден цвет да се крене.
4
Јас знам дека ти жив ми се појавуваш,
порекнувајќи дека ми излезе од главата,
тврдејќи дека од ништо не стравуваш,
дека со љубов докажа дека не си аватар,
дека е доволно јака за со крвта и потта
да ми ја докажеш стварноста на плотта,
иако е сосема јасно, залудна е таа лавина,
оти, драги мој, те дарував да те скротам -
од мене е духот твој и сета твоја убавина.