Среќна нова година со поголеми сметки

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
И да си ќутиш и да си плаќаш такви луѓе како тебе се бараат, и добро е што можеш од кафето да се откажеш, некои ќе треба од лебот да се откажат за да ги платат сметките.....
Ако прочита убаво, реков дека струјаџииве се монопол, а без струја не бива, така да...мора да си платам :)
Да имаше други струјаџии, ќе се префрлев кај нив.
Да шетам по улици за да протестирам, бидејќи секако некои морони ќе се обидат политички да профитираат-не шетам, а јас сум само свој, не сум ничија марионета.
Од кафето не се откажувам, ќе си го пијам дома. Еве, тренирам веќе.
И...јас си гледам во мојата чинија, во другите не гледам и не сакам да ми гледаат во мојата.

Работникот бил и ќе остане секогаш на е**ната страна.Никој не работи за без пари,тоа е факт,но во случајов е подобро да земе некој денар без придонеси одколку да лета на улица без плата и придонеси.
Не е проблем да блокираат фирма на оваа криза,проблем е што првин ги казнуваат а потоа ги местат во леј и клуч на врата.Јас разбирам дека буџетот не е доволен за екскурзии и пропаганди,ама свесно да го уништуваш и она што го има во стопанството е рамно на лудило или не:)
Финтата е да не биде работникот ебан. :)
Јас на ова гледам како ставање ред.
Ако се нафатил некој да работи, нека работи како што треба и нека си плаќа како што треба со сите нишани. Ако не, нека биде самиот работник.
Газди што се курчат наоколу со бесни коли, а затајувале данок, не плаќале работници или мизерно ги плаќале...не бива, нели?
Мора некогаш да почне, мора да биде тешко, но верувам дека за некоја година ќе има ред и во тоа, и нема да има ситуации со години и години неплатен стаж кај некои (многу!) работници.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Финтата е да не биде работникот ебан. :)
Јас на ова гледам како ставање ред.
Ако се нафатил некој да работи, нека работи како што треба и нека си плаќа како што треба со сите нишани. Ако не, нека биде самиот работник.
Газди што се курчат наоколу со бесни коли, а затајувале данок, не плаќале работници или мизерно ги плаќале...не бива, нели?
Мора некогаш да почне, мора да биде тешко, но верувам дека за некоја година ќе има ред и во тоа, и нема да има ситуации со години и години неплатен стаж кај некои (многу!) работници.
Јас уште од почетокот тврдам дека овие владатари имаат најголем проблем со проекции и предвидувања.Се некако ми стои дкеа временски прават футка од мин.6 месеци.Тоа во економијата се плаќа со камат,пад на бдп,пад на животен стандард,невработеност.Е да не ја ширам многу,финансиската инекција која ја чуваа во фиоки поради необразованост од Европската Банка за развој,од април годинава сега ја дадоа.Реалниот сектор е должен три месеци според некои мои проценки.Владини институции должат,не враќаат ддв,приватниците и да сакаат и да несакаат пропаѓаат.Фраерчиња со бесни коли има,но им и поштен народ кој чесно си го вади лебот.
Муабетот ми е дека во ваква ситуација на реален сектор,ваква одлука прави поголема штета одколку корист.А дека во иднина треба да се казнува,треба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom