Сосови

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ако имате некој добар рецепт за сос за тестенини или месо, слободно споделете го на темава.:pipi:

Бел сос (за тестенини)

Состојки:

  • 1 дл зејтин
  • 2 лажици брашно
  • 2 дл млеко
  • 2 дл кисела павлака
  • 50 гр шунка
  • сол,вегета и оригано по вкус
Подготовка:

Во тава се загрева зејтинот,потоа се додава брашното,се пропржува додека да добие златна боја и се додава млекото и смесата се меша постојано додека да згусне.Потоа се трга од оган и се става павлаката заедно со шунката и зачините.Се враќа на тивок оган и се вари уште 4-5 минути.

Сос со печурки

250-300 г шампињони се сецкаат и пропржуваат во малку зејтин.Потоа се додава една павлака, сол по вкус, 2 чешниња ситно сецкан лук.Печурките се пржат со павлаката се додека не се добие густа смеса.
Овој сос оди одлично со телешко или пилешко месо и шницли.

Тартар сос
5-6 кисели краставички се рендаат, 2 чешниња лук ситно се сецкаат, се додаваат 3-4 лажици мајонез и се убаво се меша.
Оди со телешко, пилешко месо, а и со свинско.

Бешамел сос

Растопете малку путер и пропржете 2-3 лажици брашно, па со непрекинато мешање постепено додавајте 1/2 л топла супа(онаа во коцка што е). Малку проварете и додај 1/2 л млеко, посолете по вкус и варете го околу 10 минути на тивок оган. Потоа додадете пропржени печурки (250-300 г), малку сланина на коцки сецкана, ставете оригано и на самиот крај вмешајте една павлака и лажица сок од лимон.
Сосов оди со сите врсти месо.

Сос од мед и сенф

3-4 лажици сенф, 1 лажица мед, малку сол и вода.Се меша се убаво и е спремен за служење со пилешко месо или шницли.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сосови за тестенини

БОЛОЊЕЗЕ СОС


Потребни состојки


• 200 гр мелено месо
• 50 гр сушена сланина
• 60 мл маслиново масло
• 1 средноголем кромид
• 1 морков
• целер
• магдонос
• 1/2 филџан црвено вино
• подготвена инстант-супа со говедско
• 250 гр доматно пире
• сол и црн пипер по вкус


Подготовка

Ставете ги зеленчукот и сланината на масло за да се пржат. Кога ќе поцрвенат, додадете го меленото месо. Откако месото ќе се пропржи, сипете го виното и оставете да се динстува некое време. Потоа додадете ги: доматното пире, една црпалка од инстант-супата и зачините. Вака гответе со повремено мешање, дури сосот не стане богат и густ.




СОС СО СИРЕЊЕ И ПАВЛАКА

Потребни состојки
300 гр. шунка
300 гр. сирење
1 павлака
1 тегличе мало печурки
путер околу 2 лажици
1 главица лукче
сол и други зачини(оригано, чубрица)

Подготовка
Се става прво шунката сецкана на мали коцкички да се пропржи во путерот , се додаваат печурките исто сецкани ... Откако ке се пропржат убаво се додава сирењето ... Од путерот сирењето ке се стопи на ситни трошкички, се додава павлаката кога ке се добие убава смеса се додаваат зачините мегу кои е и лукчето убаво исецкано на најмали парченца(може толчено) после зачинувањето сосот е готов.


СОС СО СЛАНИНА

Потребни состојки

100 гр сланина
1 дл зејтин
1 чешне лук
1 лута пиперка
100 гр домати

Подготовка

Сланината се сецка на коцки и се пропржува додека зарумени и потоа ја ставаме во сад настрана. Во зејтинот кај што се пржела сланината, се става ситно сецкан лук и малку лута пиперка. Кога ќе се испржат лукот и пиперката, се додаваат доматите. Таа смеса се пропржува пет минути со постојано мешање и потоа се додава сланината.




 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Доматен сос

Потребни Состојки:
- 1 глава кромид
- 3 домати
- 30мл. Масло за јадење
- 2 лажици густин
- 200мл. Вода
- 1 лажиче зачин
- Малку црвен пипер, црн бибер, оригано, копар

Подготовка:
1. Кромидот, доматот излупени, ставете ги во блендер. Во сад загрејте масло и пропржете ја изблендираната смеса. Додадете зачин, црвен пипер, црн бибер, оригано и копар. Додадете растворен густин во вода и мешајте да згусне. Потоа соединете ги смесите.

Тако сос
Се користи како додаток при јадења од риба, месо или птици. Може да се комбинира и со тортиља чипс или со прилог од свеж зеленчук.
СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица растително масло
• 1 кромид, исечкан на коцки
• 1 зелена или црвена пиперка, исечкана на коцки
• 1/2 до 1 чили пиперче
• 1/2 мала лажица мелен ким
• 1/2 мала лажица коријандер
• 1/2 чешне лук, здробен
• малку сол, бибер и шеќер
• лименка домати од 400 гр (или пире од домати)
ПОДГОТОВКА
Маслото ставете го во тава и загрејете го на слаб оган. Додадете ги кромидот и пиперката. Пропржете ги со постојано мешање, додека не омекнат. Ситно насечакајте го чили пиперчето и заедно со кимот, коријандерот и лукот додадете ги во тавата. Пржете уште околу 2-3 минути со постојано мешање.
Кон претходната смеса додадете малку сол, бибер, шеќер и лименката домати заедно со сокот (или пире од домати). Варете уште 5-6 минути (додека смесата не згусне) на не многу силен оган. Во зависност од вкусот, може да додадете повеќе зачини.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
секоја чест - кои оригинални пакувања со краток текст -опис на секој сос одделно- за секој карактер
наводно -целта им била да создадат нова линија на сосови за тнр “чудни луѓе“- хахахах т.е. психотици колку да привлечат внимание- стварно успешно



http://www.torchbearersauces.com/shop/
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Сосови за плескавици

Кечапче сос

3-4 патлиџани
3-4 чешлиња лук
сол
бибер
вегета
оригано
ловоров лист
шеќер
зејтин

Ги лупиме патлиџаните и ситно ги сечкаме на коцки. Исечканите патлицани ги ставаме во тенџере. Чешлињата лук ги сечиме на кругчиња и ги додаваме во тенџерето. Додаваме сол, вегета, бибер, малку шеќер, оригано, ловоров лист и зејтин. Тенџерето го ставаме на оган 15ина минути и промешуваме.



Сос од лук и магдонос

4-5 чешлиња лук
магдонос
оцет
зејтин
сол


Чешлињата лук ситно ги сечкаме. Магдонос е потребна сосема мала количина за да го неутрализира мирисот од лукот, а и да даде подобар вкус. Магдоносот ситно го сечкаме и го ставаме во сад заедно со лукот. Во садот додаваме сол, оцет и зејтин, каде зејтин треба да има помалку, а повеќе оцет и сол по вкус.
Се остава да отстои пола саат, а потоа се истура врз скарата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom