Совршеното општество

Член од
6 јануари 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Sovrseno opstestvo , sto jas zamisluvam pod sovrseno opstestvo?
E pa vaka jas pod sovrseno opstestvo podrazbiram opstestvo vo koe nikoj nema da se nametnuva na nikoj, opstestvo vo koe nema site da bidat so nekoj samo za korist kade sto nema da ima sebi4nost i monotonost.



I edno prasanje do site ve molam odgovorete:Dali si ti ona sto mislis deka si , ili si samo marionetka na opstestvoto i zevees pod kompleksi i uslovi sto opstestvoto ti gi nabiva???? :toe:


Jas sum ona sto sum, a ne ona sto treba da bidam!!!
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Ауф!Тоа никогаш нема да постои.Би било убаво но не.Нема да објаснувам како го замислувам за да не го затупам.Само ќе кажам дека тоа што за мене е совршено за друг не е.Секоја работа во светот е совршена на свој начин.
А што се однесува до прашањето на Вики93,Мислам дека никој не е тоа што мисли,сака да е.Затоа што нашиот труд за различност ни го налага општеството,а сите се стремиме кон совршенство и уникатност.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Za sunshinebaby:
I tika si vo pravo celiot nas zivot ke se trudime da si j ostvarime celta poto4no da ne bidime marioneti na opstestvoto no nikogaas nema da uspeeme sredinata , opstestvoto ne drzat v race kolku i da kontrime na toa.

fala za odgovorot
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Oпштеството ти е уствари маса од индивидуи, различни сфаќања и зацртани концпети по кои се водат, вид на кодекс, каде во склоп доаѓа и идиотската ограниченост за размислување надвор од кутијата. Од каде резултира дека роботизирање и воведување робство, каде би морало да се почитува „куќниот ред“ односно прирачникот за создавање совршенство е невозможно. Жигосани сме да сме бунтовни, да правиме разлика од другите, наши правила или ничии правила. (ок, не баш, ама доловувам поента overhere)

Менувајте се луѓе, да создадеме совршенство!
Тhink about it, what would jesus do?
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Видете вака јас сум чисто скептичен дека во реалниот свет може да се создаде утописко општество во кое основна единка ќе биде човекот, причините за ова можете да ги прочитате во постот на 606
Ама затоа јас успеав сега да најдам едно виртуелно општество кое е многу приближно на утопија а тоа е Република Кајгана , нормало само доброволно е да се биде жител , има некои непишани закони кои се базираат на општата етика, а секој си стои како индивидуа сама за себе. Го кажува своето мислење и се додека тоа мислење не повреддува никого може да опстане , ако не едноставно и многу безболно се брише.

:zver::zver::zver:


нели комунизмот беше а???? совршен перфектен????

абре не може општество да дизајнираме тоа не доага предвид...општеството или е во склад со поединецот,неговите интереси,мотив значи природно уредување... или пак спротивно системот му наложува да биде нешто што не може да биде или едноставно го кочи...:toe:

Oпштеството ти е уствари маса од индивидуи, различни сфаќања и зацртани концпети по кои се водат, вид на кодекс, каде во склоп доаѓа и идиотската ограниченост за размислување надвор од кутијата. Од каде резултира дека роботизирање и воведување робство, каде би морало да се почитува „куќниот ред“ односно прирачникот за создавање совршенство е невозможно. Жигосани сме да сме бунтовни, да правиме разлика од другите, наши правила или ничии правила. (ок, не баш, ама доловувам поента overhere)

Менувајте се луѓе, да создадеме совршенство!
Тhink about it, what would jesus do?
САБОТАЖА..оти така нема да има пекол,а тоа не му е во прилог...како инаку рајата ке верува...претпоставка е свеста да е тоолку развиена па да не правиме гревови:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Совршенство не може да има воопшто, човекот не може да биде совршен како таков, создаден е за да биде несовршено суштество, за да може да работи на себе, да се надоградува, за да се труди, затоа што кога би бил совршен нема да има мотив да работи понатаму. Бидејќи луѓето се тие што го сочинуваат општеството, автоматски од старт значи дека совршено општество не може да има. Може вештачки да се искреира и проектира едно општество како совршено, но тоа само по себе ќе значи дека во него има многу трули работи и дека тоа општество е далеку од совршено. Кога општествата би биле совршени, кој би бил мотивот да се постигне било каков напредок? Која би била целта и смислата? На крај општеството ќе почне да се уназадува заради неговата совршеност и непотребност да се надградува и совршенството ќе се урне како кула од карти.
Моја проекција како би требало да биде општеството? Луѓето да бидат луѓе, несебично да се сакаат и да се исполнуваат себеси со среќа, а не со омраза и завист. Се останато се средува. Со меѓусебна и несебична љубов, целото општество би отишло чекор напред. И повторно ова моево не е совршено општество, но е општество кое би значело огромен напредок за човештвото, барем од моја гледна точка.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Совршеноста е во несовршеноста. Она што е совршено од надвор е несовршено од внатре и обратно.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Савршено општество ќе има ко ќе проработи машинчето на Војо Ушески...
Е сега не постои перпетуум мобиле ама постојат доста ефикасни и рационални машини, така и општеството...нема совршено ама има рационално...Капитализмот и комунизмот се рационални како говно во базен...

Најблиску е вероватно Анархизмот, не се има обрукано до денес...
Мутуализам - копија на природата, Пјер-Жозеф Прудон...
Секој работи колку што му треба и ги ужива плодовите на својот труд...Ако секој работи она за што е надарен и што го пали наместо да се бори за гол физички опстанок - сметката е јасна...
Парите се на инаква основа, вредностите исто така. Не е никаква утопија туку - секој на своето...

Има иљадници примери за остварување на вакви општества низ историјата - најново е Чијапас областа во Мексико каде во 1994 е протерана мексичката држава и луѓето живеат на свој начин...успешно и покрај насилните обиди на мексиканската армија да ја окупира областа...како опстануваат без полиција,судови и слични срања? Многу подобро него под Мексико...се договараат луѓето...а за убијци и педофили - куршум на лице место.
Субкоманданте Маркос и компанија.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Индивидуално е... Зависи кој како гледа на совршено општество... За да стигнеме до совршено општество треба да ги тргнеме нашите негативни чувства, кои се појавиле кога се формирала заедницата, кога почнале луѓето да се делат на родови, племиња. А знаеме што довело до тоа, знаеме дека се што денеска ни користи е плод на тоа `никакво` општество ... Па ако гледаме така моментално ова општество што живееме во него е доста добро... Нема шанси да се развивам во утопија. Ќе изгубам и многу убави работи... Барем јас така мислам...:smir:
 
M

miss Lebedica

Гостин
хмм приближно совршено општество верувам дека човекот ќе успее да изгради но потполно соврешено не верувам.
кога би правела свое општество би ги исврлила сите негативности и со тоа би направила совршено добро општество!

искрено не би ни сакала да биде се совршено кога би било мислам би било монотоно, некако досадно...


Индивидуално е... Зависи кој како гледа на совршено општество... За да стигнеме до совршено општество треба да ги тргнеме нашите негативни чувства, кои се појавиле кога се формирала заедницата, кога почнале луѓето да се делат на родови, племиња. А знаеме што довело до тоа, знаеме дека се што денеска ни користи е плод на тоа `никакво` општество ... Па ако гледаме така моментално ова општество што живееме во него е доста добро... Нема шанси да се развивам во утопија. Ќе изгубам и многу убави работи... Барем јас така мислам...:smir:
општеството може да биде само совршено добор и совршено лошо ако ги тргнеш сите негативности може да биде само совршено добро општество а ако ги тргнеш само добрите работи тогаш тоа е совршено лошо општество, има или добоили лошо, а трето има а третото е ова општестов каде преовладува и доборот и лошото!

а се сложувам со тебе дека никогаш нема да има утопија бидејќи земјата е направена и се околу нас од добра и лоша трана, самиот човек е создаден од дора и лоша страна, од преднина и опачина!

 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Дали демократијата е најдобриот општествен поредок? Владеење на народот, идеја на античките грци, која современото општество ја прифаќа како најпрактична. Но дали демократијата има сила да обезбеди стабилно и просперитетно општество гледано долгорочно?
Една од слабите точки на демократијата е немањето гаранција за константност на веќе постигнатите критериуми, како и подложноста од манипулации на народот кој ја избира владеачката гарнитура.
Како потсетување, нацистичката партија на Хитлер дојде на власт на легални демократски избори, успешно прикажувајќи им на избирачите сценарио кое им изгледаше неодоливо.
Од друга страна, тоталитаризмот каде власта е љубоморно чувана сопственост, е далеку полоша варијанта, концентрирајќи ја власта на одредена личност или група. Во овој случај, властодржците немаат мотив да обезбедат подобро општество и услови за живот, бидејќи немаат ни конкуренција која би понудила подобра опција и би ја превзела власта. Таков е примерот со Северна Кореа, каде власта и покрај незавидната состојба на луѓето кои живеат таму, ги насочува своите потенцијали во мегаломански проекти од областа на вооружување и демонстрирање сила, со кои би докажала на западот дека е воен фактор.

Се наметнува заклучок дека идеален општествен поредок би требало да ја има слободата која ја нуди демократијата, но и сигурноста од појава на структури кој би го изманипулирале општеството за да дојдат на власт, како во примерот со нацистите.
Таков еден спој е можен само доколку е создаден врз вредности кој се универзални, кој се заеднички за сите луѓе. Тоа навидум изгледа невозможно, бидејќи различните интереси на различни луѓе често доаѓаат во конфликт.
Значи патот кон кој треба да се фокусира овој општествен поредок е пат кој треба да открие што е двигателот на човечките интереси, желби и потреби. Некој ќе речат, па тоа е лесно – парите се тој двигател. Но ако е така, зошто често пати гледаме како богати и славни личности паѓаат во депресии, стануваат зависници од дроги и алкохол и тонат пред очите на јавноста? Очигледно е дека овој општествен поредок ќе мора да пронајде техники и методи кој ќе му овозможат на секој поединец да има можност да ја пронајде својата лична смисла и цел. На тој начин, вредностите на општеството ќе бидат втемелени во загарантираното право на секој поединец да ја открие и следи својата цел во животот.
Тогаш, ќе може да имаме константност и неменливост во критериумите, како во случајот на тоталитарното владеење, со таа разлика што ќе ја имаме слободата која ја нуди демократијата.
Во таа ситуација, човештвото ќе може да се фокусира кон остварување на услови од техничка, економска и логистичка природа чија единствена намена ќе биде исполнување на волјата на поединецот.
Човештвото треба да функционира како еден организам, каде секој поединец е една клетка која извршува одредена функција, кога тоа ќе го сфатиме, ќе сфатиме и дека конфликтот на интереси, значи “слепа уличка” во која залутала нашата волја.

Ако една клетка од нашето тело реши да го игнорира поредокот и да се размножува по свој новоодредени начини, тогаш тој “бунт” ќе предизвика смрт на целиот организам. Оваа аналогија најдобро ја одсликува вистинската волја на клетките која мора да биде координирана со целиот организам, во спротивно резултатот ќе биде погубен и за двете страни.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Од Платон навака имаме јасен показател дека не е демократијата најдобриот облик.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Совршено општество не постои......има зло у самиот збор, да не одиме понатака.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
за мене совршено општество е тоа каде има еден огромен
куп со пари. каде луѓето ќе земаат од тој куп онолку колку им е потребно за престојниот ден, а не да го земат целиот куп за себе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom