Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593

@Brutus @a9mkd шо да Ви праам коа не разбирате... и гигантски билборд чоек да ви даде, на кој пишува, ЛАГА, вие пак исто ќе терате... тоа е..

терајте го Урбано.. само Урбано ;-)

бидејЧи сте интелектуалци.. нели ;-)
 
Аааа не не извини ти си интелектуалецот, урбаниот тип и слично. Другите се сељаци од џорче.
 
Дали некои ги прашал граѓаните што сакале? .
Сите анкети досега говорат дека граѓаните ваков кичерај, распаднати плажи, испукани ѕидови, неплански изградени сто државни објекти на мал простор и трошење на нивните даноци во време на кризи и многу слаб буџет не сакаат. Ова не е приоритет, а зборевме за приоритетите во разни области. Не ги сакаат и разликите во цени со слични објкти во други држави и отвореното крадење преку поединечните проекти. Нешто вакво може да сака само некој како оној чичето што го велича сладоледот со чоколода од кампот на слободата.
Еве приоритети за кој мвро нема интерес, доволно гласачи да мора да го исполни. Тротоари, коловози, велосипедски патеки, асфалт на паркинзите, тревници наместо џбуње, трње и ѓубре (кое со последниот закон нема кај да се фрли освен кој каде стигне).
Ова е втор дел слики од велосипедските патеки, тротоарите и паркинзите во општините Чаир и Бутел. Првиот го постирав претходно. 99% асфалтот е остаток од претходниот систем (стар преку 30-40 години), а тогаш овие дупки, посебно кај екс Тедико не постоеја.
Последната слика се остатоци од велосипедска патека исто од претходниот систем. Зимоска сигурно пак ќе јадат бубрези да одиме со точаци ради загаденоста.

zjfgud.jpg

2lnvh9l.jpg

2ezi8n5.jpg

1zz2i9x.jpg

9u3plz.jpg

Батали приказната кога ќе изгасиш светло, сија барокот. На 0/5-1 км од плоштадот Македонија се живо им се распаѓа.
 
Последно уредено:
Според мене поедини учесници ја седоа дискусијата на „ политичките опции “
Тие кои се за власта, за нив е се супер, а тие кои се против за нив ништо нечини
Јас сум против и тоа ќе го објаснам, но не поради „ политичките опции ’, туку ќе наведам причини
Јас сум против изградба на катни гаражи во најтесниот центар. А такви се изградени повеќе: кај, Подвожњак, Работнички дом, кај „ Беко “, кај Судска палата а велат ќе се граделе и други
Сега ќе објаснам зошто сум против:
Центарот на големите градови и на Скопје треба да биде со што помалку возила. Тоа се прави во сите градови. Значи катните гаражи се градат на периферија, таму граѓаните паркираат, а потоа пешки или со јавен превоз доаѓаат во центарот на градот. А центарот на градот е полн со пешачки зони, паркови и слично
А кај нас, во Скопје 2014, катни гаражи се градат во најстрогиот центар на Скопје. Значи граѓаните треба да дојдат од периферија и да паркираат во најстогиот центар.
Ова е глупост. Тие што ова го осмислиле, според мое мислење, немале што се вели - грам памет. Каде сте слушнале во некој друг град во најстрогиот центар да има катни гаражи?
 
- Во текот на 30-те години од минатиот век, во Америка владеела "Големата Депресија" кадешто се проценило дека околу 25% од сите жители на таа земја се невработени.
- Денес ради економската криза во Грција невработеноста изнесува 26%, платите и пензиите постојано се намалуваат, животниот стандард станува се поскап, а жителите излагаат на улица со цел да го искажат својот револт (правилно или не несакам да навлагам во таа тема)
- Додека тука кај нас еве веќе 20 и кусур години невработеноста е над 28%, повеќето од вработените живеат со 9000 месечна плата, а Владата потроши над 500 милиони евра на споменици, згради во Барок стил итн....

Мене навистина не ми е јасно како може некој да го оправда ова трошење и перење на пари од страна на Владата? Толку ли убаво живееме ние, па да дошло време да курцаме пари на споменици и останати НЕБИТНИ ВО МОМЕНТОВ објекти? Грдо ви било Скопјево...? Да знаете само колку фамилии неможат крај со крај да сврзат месечно, ама не, важно изгледот на Скопје бил ептен грд, не ви се свиѓале комунистичките градби :facepalm:.
Боже мили за еден сендвич, спремни сте и тон говна да изедите за да го оправдате овој проект. Можеше Скопје да биде поубав, и со помалце потрошени пари, ама нееееее мораше да има споменици и барокни згради на секој чекор. Тешко на нашите деца и внуци кои ќе мораат да го отплаќаат ова ненормално и недомаќинско трошење на пари со својата пот.
 
Последно уредено:
Ќе дојде ден ќе гласаме ОХИ поради долговите на бандата :)

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 
Според мене поедини учесници ја седоа дискусијата на „ политичките опции “
Тие кои се за власта, за нив е се супер, а тие кои се против за нив ништо нечини
Јас сум против и тоа ќе го објаснам, но не поради „ политичките опции ’, туку ќе наведам причини
Јас сум против изградба на катни гаражи во најтесниот центар. А такви се изградени повеќе: кај, Подвожњак, Работнички дом, кај „ Беко “, кај Судска палата а велат ќе се граделе и други
Сега ќе објаснам зошто сум против:
Центарот на големите градови и на Скопје треба да биде со што помалку возила. Тоа се прави во сите градови. Значи катните гаражи се градат на периферија, таму граѓаните паркираат, а потоа пешки или со јавен превоз доаѓаат во центарот на градот. А центарот на градот е полн со пешачки зони, паркови и слично
А кај нас, во Скопје 2014, катни гаражи се градат во најстрогиот центар на Скопје. Значи граѓаните треба да дојдат од периферија и да паркираат во најстогиот центар.
Ова е глупост. Тие што ова го осмислиле, според мое мислење, немале што се вели - грам памет. Каде сте слушнале во некој друг град во најстрогиот центар да има катни гаражи?
Целосно си во право, строгиот Центар треба да стане пешачка зона, да се зголеми бројот на зелени површини, да се создадат зелени градини на покривите каде што може. Загадувањето е стар проблем уште од порано каде што се случило заради лошо планирање пр. фабриките од периферија да дојдат скоро Центар. Пример Алумина, Треска, Пластика, Цветан Димов и мн. други. Затоа треба планирање на долгорочен рок со идеја и визија за минимум 60 години унапред за да се намалат можните грешки што ќе се појават при планирањето. Имав среќа да запознаам архитект кои убаво ми ги објасни проблемите на Скопје, пренатрупаноста (создадна од стариот режим заради миграцијата село-град предизвикана од економска природа и невложување во руралните средини) и загаденоста и идното планирање и спас за овој град.
 
Абе село град, стариот режим бил крив што денеска цела Македонија се преселува во Скопје.. Стариот режим е што се се инвестира во Скопје.... Ај неам време на тебе да ти објаснувам, архитектот може да ти каже и дека Скопје никогаш не бил планиран за милионски град.
 
Не... жалам, ама не се слагам... затоа што тоа се нереални калкулантски муабети со некаква чудна лингвистичка верзија на „минато-идно“ време (питање чак дали е и тоа :))) )...
Тоа е исто ко да кажеме - „Ако одредена критична `45 година, подоцна окарактеризирана како политички и партиски неподобна, добиеше поорганизирана форма, можда и немаше да се случи Информбирото тек така, и немаше да има политички погроми во Голи Оток..
Нашки речено - „Да имаше баба едно таше, ќе ја викаа дедо..“ така да тоа не држи вода..

И „паричката“ е баш креирана од ВМРО и СДС затоа што си земавте за право и едни и други -91 „Власта“ и „Владеењето“ да го сметате за ексклузивитет...
Затоа народов потајно и очајно „бара Лидер“.. Погледни во анкетиве што се праат со години наназад.. А затоа и во дел од тие анкети уште се наметнува прашањето „Во кое време подобро се живееше?“

Па чак што и третата страна е ексклузивитет на „паричката“... Она што е ВМРО од 2006 до сега, е всушност „трета опција на Вмровски начин“..Немој да ми кажеш дека нема разлика измеѓу ВМРО од -91 до 2006, со ова сега... Ова е „Ваш трет пат“, за кој си земавте ексклузивитет, па се што ќе ви застане на патот немилосрдно го газите...
Слично сега прават и смотаницине од СДС, само за да се кренат од калта.... ама очајно тешко им оди...

Така да тоа „Трета Опција“ не е само ПР Флоскула.... Вие сте сопственици и на авторските права за „третата опција“..

А знаеш како можеше многу лесно да се направи барем шанса за Трета Опција.. која пак можеше многу лесно да стане во Една единствена? Да ви влезевме у тоа Стиропорната Влада, коа Ви фрлавме јајца и патлиџан (Бај Д веј Грда ви е Владата :D - it brings back memories). да ја фатевме бркатата за уши и тука пред Влада јавно да и го избричевме бркот.. :pos: .. е , можда тогаш :)
Зошто мислиш дека левичарските здруженија кои организираа протести периодов не можат да се трансформираат во организирана политичка сила? Не ја исклучувај таа можност веднаш. :)
 
Зошто мислиш дека левичарските здруженија кои организираа протести периодов не можат да се трансформираат во организирана политичка сила? Не ја исклучувај таа можност веднаш. :)
Левичарски здруженија?! Јас па си мислев сорос и комуњарите ги организираја
 
Левичарски здруженија?! Јас па си мислев сорос и комуњарите ги организираја
Кого како. Дел се соросписки, дел антисоросписки (ова им е внатрешно препукувачки речник), па малце и се запукаа меѓусебно. Јас зборував за вториве. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom