AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Да не ги вртам истите работи, комплетно се согласувам со она што го напиша noodle. И Таруно, и Мац се во право за се' што напишаа.
Ќе додадам само дека 22 години живеам во Скопје, сум сретнала секакви луѓе, се дружам само со оние со кои ми одговара да се дружам.
Да, има умислени, самопрогласени фраери кои излегуваат на одредени места и си имаат свои вредности кои јас не ги почитувам. Едноставно ги одминувам луѓето кои не ми одговараат, Скопје е доволно широко и има доволно места и луѓе за секој да си најде свое "место под сонцето".
Не можам да сфатам зошто го претставувате градов како да е некој Њујорк или којзнае колку огромен град, и како начинот на живот да е толку брз и натрупан што не би имале време да излезете макар и еднаш неделно на седенка во Лезет (го спомнав Лезет бидејќи го има во првиот пост) или да прошетате некаде. Ако не ви одговара да чекате на врата и да не ве пуштаат батките, како што ни мене не ми одговара, одете на друго место. Јас го правам тоа, а од центар на градот сум, born and raised, "хард кор" скопјанка. Едноставно, ги прескокнувам местата кои ми се напорни и готово. Не кенкам наоколу дека се лоши чичковците на врата што не ме пуштаат, не плачам дека нема места за излегување, затоа што има.
Да, Скопје е релативно голем град во однос на другите градови во Македонија, но не е неподносливо голем. За 40тина минути се стига од крај до крај на градот. Сивило, бетони, ова-она, се наоѓате во поголем град кој најмногу се развивал и градел кога било битно да има функционални згради, а не се гледало толку на естетиката (лош потег, ама што е - тука е), што очекувате? Градски парк е на 10 минути од центар, прошетајте. Не го претставувајте Скопје како град од книга на Толстој, не е до толку депресивно тука :smir:
Она за "градските фаци" и за неприфатеноста на "провинцијалците" сами си го наметнувате. Прашајте било кој нормален скопјанец (не зборувам за уфилманите скопски педерчиња, извин'те ме што псујем), воопшто нема да му биде важно од каде сте, туку дали може да направи муабет со вас.
Тоа што се луѓето во Скопје отуѓени не се должи на големината на градот или некој начин на живот кој градот сам по себе би го наметнал, туку се должи на тоа што луѓето немаат пари за дружење, како што кажа Таруно.