ајде вака мало лично искуство...најголемата заблуда е дека сколиозата се лечи со вежби. Научно е докажано дека вежбите не можат да ја излечат туку може само да ти олесни некои работи како на пр. поразвиена мускулатура и слично..ама да ја излечи јок! јас имам сколиоза од кога сум родена, точен степен не знам (т.е. го имам заборавено), но доволно голем и видлив со голо око. Ајде тоа што е видливо и не е толку страшно се помирив, но почна внатрешно да ми се дешава збрка, оштетување на срцето, бели дробови и слично и тоа замислете од што од тој **** корсет кој буквално ме вклештил. Лекот си го најдов лани кога од Охрид ме испратија дома и ми рекоа немало што да се прави зашто со моите 18 год сум била стара! И по толку тортури, рехабилитации, упати за на операции најдов човек што ми рече дека не сум стара и дека може да се излечи. Веќе 6 месеци одам кај Туран и сколиозата ми е излечена повеќе од 70% и уште ќе се лечи. Повеќе не е видлива освен ако не се забуљаш ептен за разлика од порано кај што се приметуваше од авион. Баталете ги тие заебанции, вежби и сл., а особено корсетот кој очигледно е најголемиот виновник за сите фрки.