- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Сирија ја призна Македонија под уставното име
МИА Коментари (0)
24.09.2010 09:40
Антонио Милошоски
Република Македонија и Сириската Арапска Република, вчера во Њујорк, за време на 65-тото заседание на Генералното собрание на ООН, воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и неговиот сириски колега Валид Ал-Муалем, го потпишаа заедничкото коминике, кое, согласно протоколот на ОН, ќе биде дистрибуирано до сите земји членки.
„Односите меѓу двете држави, според коминикето, ќе се развиваат согласно принципите на заемно почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји. Воедно, со овој чин се отвораат пошироки можности за соработка меѓу Сирија и Македонија во сите области од заеднички интерес“, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.
За време на разговорите меѓу двајцата министри, се наведува, била најавена можноста за посета на сирискиот шеф на дипломатијата на Република Македонија во текот на следната година.
Иницијативата за воспоставување дипломатски врски со официјален Дамаск беше покрената во април 2007 година, за време на официјалната посета на министерот Милошоски на Сирија.
Сирија е 129-тата земја која официјално го призна уставното име на Република Македонија.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127821
Ajde ajde ne ostanaa uste mnogu ...
A Grcite neka si lajat kolku sakat...
Dali nekoj znae sto stana so priznavanjeto na Makedonija od strana na Irska?