СВЕДОШТВА 2001-ГЕНЕРАЛ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.003
Поени од реакции
17.923
Нормално дека е кризата е направена од надвор, ако навистина Албанците се чуствувале загрозено како што било случај во Косово, немало најголемиот дел од нив да седат дома и да не земат учество во конфликтот.

Како единствена земја која испаднала без воен конфликт, најверојатно морале странците и тука да исценираат нешто, се со цел да се инсталираат нивни луѓе и да си ја зацврстат положбата и во Македонија.

Друга работа која можеби и им била примарна цел е да се создаде поделба кај народот, не викам дека тогаш народот живеел сложно но ако немало конфликти народот со тек на време ќе живеел повеќе заедно и поделбите ќе се заборавале, што никако не им одговара на големите играчи кои ги предводат западните држави.

Жално само што во вакви моменти гинат најдобрите од нас, обични луѓе, деца од сиромашни семејства, луѓе со емпатија и чуства, како и што биле најголемиот дел од загинатите Македонци во 2001.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.469
Поени од реакции
68.810
Би сакал да чујам мислења и од други што ја читале, дали ист заклучок донеле, бидејќи малку е таинствен писателот.
Од теориите на заговор, Панде умира истата година кога е издадена книгата. За Борис Трајковски знаеме каква судбина доживеа.
Со која цел е инсталирано раководството на ДУИ во Македонија? Дали целата операција беше за Америка да фати добро стратешко место пред Русите?

Панде вели дека најголем губитник е македонскиот народ, заклучувајќи дека истиот издвојувал „мала утеха“ во поразот со потписот на договорот на сметка на размената.
Да знае кој владее по 15 години...
Автоматски споено мислење:

@Ilumious Ќе може темава да се префрли на посоодветно место или да се спои со некоја постоечка? :D
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.003
Поени од реакции
17.923
Би сакал да чујам мислења и од други што ја читале, дали ист заклучок донеле, бидејќи малку е таинствен писателот.
Од теориите на заговор, Панде умира истата година кога е издадена книгата. За Борис Трајковски знаеме каква судбина доживеа.
Со која цел е инсталирано раководството на ДУИ во Македонија? Дали целата операција беше за Америка да фати добро стратешко место пред Русите?

Панде вели дека најголем губитник е македонскиот народ, заклучувајќи дека истиот издвојувал „мала утеха“ во поразот со потписот на договорот на сметка на размената.
Да знае кој владее по 15 години...
Ја не сум ја читал, само вака погодувам од око работи.

Дуи сите знаеме дека е инсталирано од надвор, баш од тие западни сили, и до сега очигледно добро им служи во нивните намери.
Пак ќе кажам според мене главната цел е поделба на народот, нешто што Ахмети и ДУИ го прави одлично сите овие години.

Не е работа толку геополитички, Америка или Русија, овие територии се на западот уште многу одамна.
Едноставно мора да е така, ние на овие простори живееме на милост и немилост на западните држави и народи, како им одговара нив, така функционираме и ние.

Пробај само да замислиш во каква држава би живееле кога би одлучувале самите за себе, кога не би се ослободиле од поделбите и стегите кои ги имаме, мислиш стварно дека би бил како денес, една добра третина од Балканот се робови во западните земји, другата мизерува овде и работи во нивните фабрики(колку и да мислиш дека не е така, ете живееш во СК и можеби имаш подобар стандард, работа но е далеку од добар и онаков како што имаат западњаците, и далеку од оној кој би го имале кога би биле независни)
Затоа им се потребни такви моменти како 2001, како војната во бивша ЈУ, еве денес, прашањето за Косово, прашањето за Македонија, итн, секогаш кога некој ќе тргне да размислува на овој начин, ќе се случуваат нови војни, нови инциденти, нови поделби, се со цел да не се изгуби контролата над ова население(или робови) на овие простори.
А човекот е пред се суштество со емоции и е склоно на нив, омразата е појава која тешко се искоренува, за разлика од љубовта која треба да се гради со години, оваа се појавува за секунда, џабе размислувам вака кога утре при првиот испукан куршум и убиен Македонец, ќе ми се појави чуството на омраза кон нив.

Знам дека бегам од темата, ама мене лично овие работи ми се поврзани, ништо посебно не се сменило од времето кога западњаците имале колонии, само денеска работите се навидум "променети" и нашмикани инаку се е исто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom