Руски автори за посебноста на Mакедонскиот народ

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Авторите Руси кои следуваат, во своите дела постапуваат поинаку од предходните кои беа воглавно со про-бугарска или про-српска теза.

Тоа е така пред се заради приодот кој е понезависен од предходните, но е чист моментот онаков каков го среќаваат и го пренесуваат со разграничување на сите обременувања.

Овие автори добро ќе го проучат македонскиот проблем , тие се користат со стастиката, со познати и признати литератури но тие одблиску и независно ќе го доживеат македонскиот народ. Ќе имаат средби со професионалните пропагатори и на србската и на бугарската пропаганда но и на турските власти, од што се заедно ќе го склопат мозаикот на тие пропагандно-политички потреби.

Најинтересно е што некои од нив ќе дојдат со изградени про-бугарски гледишта воглавно од предходниците Руси кои пишувале за Македонија, но по нивната посета се разуверуваат во спротивното и стануваат жестоки поборници на македонскиот народ и неговата посебност.

Таков е Александар Амфитеатров, кој иако задоен со бугарофилство со љубопитниот дух по личните истражувања ќе ги отфрли и Софиските и Белградските наклоности.

И токму тука е нивната големина зашто за разлика од српските, бугарските или грчките пропаганди за да се пишува за македонската посебност нема кој да потплаќа или наградува, таа е осамен како интерес но изворно чиста. Зашто зад предходните стоеја или Руско-бугарскиот или Руско-српскиот, Австро-српскиот, Англо-грчкиот или кој се не исплеткан интерес, но македонскиот интерес беше само на македонскиот народ и на никој друг во светот. Покрај турскиот терор и ропство сите овие пропаганди беа врз грбот на македонскиот народ кој даде не мали жртви при нивните ослободувања кога со Големиот брат – Русија тргнаа. Тоа е тажната вистина.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А.В.Амфитеатров за македонскиот народ

Александар Валентинович Амфитеатров роден во Калуга 1862 год., умира во емигранство - Левант Италија 1938 год.

Тој е големо литерарно и интелектуално име на Европа. Но во родната Русија заради противењето на комунистичка власт неговите дела се забранувани, па денес можат да се најдат само во некои поголеми библиотеки на Русија.

- Уважен и признат на западот зашто нема поле од општествените дејности а да не оставил свој пишан белег. Со диплома од Правниот факултет на Московскиот Универзитет, тој не стапнува во судската сала, па перото му станува негова единствена смисла и оружје за живот.



Неговата величина е што тоа го надминува по посетите на Македонија, движејќи се среде македонскиот народ и неговите грабачи, ја согледува сета вистина.

- Веднаш пишува за истото и еднакво ги негира како српските така и бугарските, црногорските или други слични теории за македонскиот народ, а за грчките не сака ниту да разговара и само попатно ги спомнува.

- По нападите од Русите-бугарофили и Бугарите, Амфитеатров се жали: “Бугарите ме напаѓаат дека сум поткупен од Србите, а некои и поради тоа што тие не ме поткупиле“. Бугарофилската репутација ја губи кога на лице место во Македонија се уверува во вистината, но дека не е ниту српски поддржувач се гледа во неговиот заклучок: “Македонците не се ни Срби, ни Бугари“.

Неговото уверување во македонската посебност најдобро се огледа низ фазите низ кои минуваше по секоја посета на Македонија. Ако од првото патување, срамежливо се наѕира македонската посебност, по неговото второ, трето и четврто патување, тие се на најсилен начин изразени.

- По првото соочување со Македонците тој пишува:

“Основното население на Македонија, претставува за себе неопределена народност за која со увереност може да се каже само тоа дека таа без сомнение е чисто словенска. Србите ја сметаат оваа народност за српска, Бугарите за – бугарска. Претензиите и на едната и на другата се рамно без основа во смисла на националните претензии и рамно имаат основа по силата на културното и политичкото влијание“.

- По второто патување и конкретно за вистинските носители на пропагандата веќе пишува:

За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете по бугарско-српската војна од 1885 год., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент – свештеник, учителот, комитата, четникот – стануваат тајна влада на земјата и некакава нејзина душа“.


- Не случајно за оваа пропагандна фаза кога и од надвор пишувачи заради бугарската егзахија како единствена црковна управа, доаѓаат до погрешни тези, Амфитеатров за П.Миљуков ќе запише:

“Посетувајќи ја Македонија во 90 -тите, гледал врз неа премногу со бугарски очила и како што се вели набрзина ги прогласи сите Македонци за крвни Бугари. Но неговата ГРЕШКА може да се смета за добросвесна, тој ја затекнал Македонија толку длабоко побугарена што не е чудно што облеката ја примил како тело, културата за народност“.

- И за да на најефективен начин ја разјасни оваа забуна кај надворешните фактори, а свесно ширена од пропагандите, Амфитеатров маестрално завршува во текстот “Македонија и младотурците” (1913 год.) со следниот заклучок:

“Оние што ја читале мојата “Земја на раздорот”, го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се Срби, ни Бугари туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура.

Македонци-Бугари има таму каде што се зацврстиле бугарското училиште и црква и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие можеле да се претворат, под образовно-религиозни и трговски влијанија, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал кој лесно се прелева во секава родбинска форма. НО - родбинска! И ете токму во тоа во племенското родство е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците“.


Острото око и аналитички ум од Амфитеатров, најдобро уочуваат но и разбиваат пропагандите при злоупотребите на сличноста од јазиците кои патем речено и кај нив се дојдени од Македонија. Уште од оние кои го раширија СЛОВОТО Св.Кирил и Методиј, тие се по-СЛОВЕНИ-ја или денес кажано со ПИСМО се о-ПИСМЕНИ-ја.

- Со логиката на Амфитеатров можат и други родбински јазици и народи да се согледуваат (Американците и Англичаните, Англичаните и Австралијанците, Канаѓаните и.т.н а и да не зборуваме за колонијалните народи кои се од друга група народи но со англиски наметнат јазик). Токму во оваа е силината на Амфитеатров, во компаративната анализа како во случајов со Македонците, Русите, Полјаците и др.

Во овој контекст тој руши уште една пропагандна трулост како кај бугарско-српските пропагандисти така и кај грчките кога се користат со правото над Мaкедонија со владеења на цареви во различни периоди. Особено е важно што тоа го прави во мигот кога ги разбива грчките тези за “древните права” над Македонија.

Амфитеатров е големо име за македонскиот народ и потребно е понатамошно истражување на неговото дело зашто само делумно е истражено. Во Македонија се знае мал дел кај Цветан Станоевски и “Како ја видоа Македонија” (“Македонска книга”, Скопје, 1978 год.). Покрај тоа сега за прв пат се објавуваат и делови испратени од наши Македонци во Санк Петербург, кои истражуваа во тамошната библиотека.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Алексанадaр Федорович Ритих

Алексанадaр Федорович Ритих познат руски научник – славист, татко на П.А. Ритих и двајцата промотори и почитувачи на посебноста на македонскиот народ.

Ритих - постариот уште од крајот на XIX век и почетокот на XX век, ја пренесува својата студиозност и непристрасност каква барала вистинската наука и на својот син. Особено остро ги отфрла тогашните пропаганди и машања во историјата и правото на Македонците. А.Ф.Ритих во 1887 г. заедно со М.Ф. Маркович ја издаваат “Етнографската карта на словенските народности”, a самиот е автор на “Словенски свет” (1885 г.) и “Славјанските наречја од XX век во Југозападна Европа“ (1901 г.) во која подвлекува дека Македонците треба да се третираат како засебен словенски народ.

Tој испраќа и едно интересно писмо до Димитрија Чупоски, кое е објавено во весникот – “Македонски глас” во С. Петербург во последниот – 11 број од 20 ноември 1914 г., под наслов – “Моето мислење за Македонците”. Изразувајќи на почетокот сочувство за ситуацијата во Македонија но и солидарност во напорите за конечна посебност на оваа “храбра земја”, Ритих го запознава Чупоски со своите активности на промоција за правата на македонскиот народ. Така го известува за предавањето кое го одржал уште на 03.12.1901 год. во Офицерското друштво на Армија и флотата и издавањето на трудот “Словенските наречја на XX век во Југозападна Европа”, со прилог карта. Меѓу Словенските земји и племиња, Ритих Македонија ја означил како засебна географска целина, а Македонците – “како за самостојно племе што има свој јазик”. По ова Ритих му ја опишува историјата на македонскиот народ за кого смета дека како Словенско племе први дошле на Балканот а дури подоцна Србите и Бугарите. Населувајќи ја Македонија, која уште се нарекувала – Склавинија (Берзитија) и која со границите го потсетувала на Русија, авторот...

- за македонскиот јазик вели дека “...останал првобитен и не станал ни српски ни турско-бугарски ”. Што ќе рече засебен македонски, но интересно е што бугарскиот го врзува со турскиот (турско-бугарски?!). Уште поинтересно е она што следи, кога:

- за македонската етничка посебност, вели дека: “За време на цар Симеон Бугарски, оваа Склавинија (Берзитија) била навистина од него покорена , но ваквата зависност траела кратко време, а тоа не значи дека Македонија станала Бугарија. Во македонското население нема ни капка монголска крв, каква кај Словените од Мизија, во сегашна Бугарија, има повеќе одошто е потребно. Ова се потврдува од името на народот и делумно од неговиот тип, кој потсеќава на нашите историски Половци, Печенези, Јазиги, Авари и нивните сродници Бугарите..“. Ритих пак за конкретната ситуација со соседките а:

- за македонското распарчување, вели дека: “..И без тоа владеењето на делови од Македонија – од страна на Грците, Србите и Бугарите – е мошне чудовишно и бара исправка, т.е одземање на овие земји со нивното несреќно население од недостојните раце на лицемерните Бугари, од непријателите на словенството – Грците и неразумните во своето владеење – Срби..“. Значајно е и што на крајот Ритих ке побара таа неприродна и неправедна состојба да се измени:

- за македонска државност, вели дека: Македонија според нашите разбирања, треба да биде целосна, неразделна, автономна, претставувајќи од себе суверено кнежество, кое не треба да влегува во составот на која и да е држава, а особено не во составот на Бугарија, над која управуваат такви личности како што се Германецот Фердинанд и Радославов, кој се откажа од словенството. А. Ф. Ритих (ова писмо го има целосно во делот за весн. “Македонски глас” – С. Петербург)

Заклучок 1 - Александар Федорович Ритих е признат руски научник – славист за разлика од другите независен, неполитичен и строго експертски во истражувањата.

Заклучок 2 - Уште при крајот на XIX век и почетокот на XX век, јасно го диференцира македонскиот народ од останатите Словенски народи како засебен, со низа обележја кои го дефинираат како таков.

Заклучок 3 - Еден од тие белези е македонскиот јазик за кого вели дека “...останал првобитен и не станал ни српски ни турско-бугарски”. Ова значи засебен македонски. Но бугарскиот го врзува со турскиот, зошто ли само?!

Заклучок 4 – Врзано за предходното, интересно е и што за Бугарите вели дека се со монголска крв и се слични на руските Печенези, Јазиги, Авари, Половци и Бугари, но истовремено за Македонците вели дека немаат ниту капка монголска крв и ги диференцира дополнително од бугарско - српските пропагандни небулози.

Заклучок 5 – Во однос на историските контактите со Бугарите, Македонците биле толку краткотрајни што ниту можеле ниту пак предизвикале некакви етнички промени во Македонија.

Заклучок 6 - А. Ф . Ритих бара државност за Македонија и надминување на моментната распарченост меѓу лицемерните сосетки, Бугарија, Србија и Грција, чие владеење на делови од Македонија го оценува како недостојно.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ритих за Српската пропаганда во Велес и Велешко

Српските пропагандисти кога се фаќале за српски “факти”, нив го наоѓале во натписите на фреските и црковните книги , т.е старословенскиот си го читаат за – српски. За сето ова Ритих вели:

“Србите ни обраќаа внимание на тоа дека тука нема член, т.е нема бугаризми колку таа забелешка во дадениов случај е правилна, оставам да просуди специјалист. Црковните книги, како и насекаде, беа испратени од Русија и се однесуваат до времето на царствувањето на Николај Павлович и Александар II“.


Понатака Ритих ги постеил и “српското” и “бугарското” училиште во Башино Село чии деца двете пропаганди вака ги разделиле впрочем како и народот.

Српските пропагандисти се фатиле токму за натписот на бугарското училиште кој гласел – “Башино селско училиште”, што си го толкувале како српски факт оти во натписот го немало бугарскиот член. Бугарите (лицето Шопов) се правдале со тоа дека во случајот членот - “то” не требал. Ритих за тоа колку Шопов е во право, остава да решат јазичарите, за да потоа продолжи:

“По враќањето од Башино Село во Велес, ние престојувавме во велешката српска школа и кај бугарскиот митрополит Авксентија.

Во српската школа не очекуваа и благовремено се собрале околу триесте деца на возраст од 7 – 13 години.
Тие деца беа распоредени во три различни одделенија, според својата возраст, знаења и спосбности. Ние теравме многу од децата да читаат српски книги и да раскажуваат и сите тие го правеа тоа без грешка, како чистокрвни Срби.

Во школата е уредно, чисто и убаво, па поради тоа сосем е природно што градските и приградските жители ги даваат своите деца во интернати, уште повеќе што лично родителите тоа не ги чини ништо, бидејќи сите српски школи се издржуваат главно од парите што ги дава српската влада во македонската пропаганда. Истовремено децата, незабележливо и за самите себеси, се зацврстуваат во српското национално самосознание и кога ќе пораснат, стануваат потпора и важни месни пионери на српската пропаганда“.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
“Бугарска пропаганда“

Веднаш по ова посета на српското училиште, Ритих продолжува со бугарската црква и пропаганда:

“Од школата се упативме кај митрополитот Авксентија, кој не очекуваше од утрината и ги прими руските гости вонредно љубезно. Бидејќи добил образование и воспитание во Русија, митрополитот Авксентија говори совршено слободно руски и беше задоволен од случајот да се повежба со нас, во разговори на нашиот роден јазик. Нашите придружници – Срби се однесуваа кон него со големо потценување, не дојдоа да ги благослови и се држеа спрема митрополитот крајно предизвикувачки.

Митрополитот Авксентија, наместо да ги смирува со кроткост, самиот се разлути така што нам, на Русите ни беше тешко да ја гледаме нивната препирка. Самоконтролата сосем го напушти митрополитот. Неговиот протест и страв за бугарското дело, на тој начин и се појави на видело, па тој со грозна тирада ги обвини Србите за моралниот распад што го внесле тие во последните години во велешката митрополија.

- Сега просто нема слога со народот – викаше митрополитот.

- Никого не слушаат, ништо не исполнуваат, а ако се заканиш со оддалечување од црквата, тогаш тие в очи ти се смеат и одговараат дека ќе појдат кај Србите.

- Па тоа не личи на ништо – продолжуваше митрополитот и не може така да продолжи, зашто Србите ги расипуваат со пари велешаните и ги уриваат световните основи на црквата, поткопувајќи секаков авторитет и доверба кон повисоката духовна власт. Пред неколку години велешани беа набожни, добродетелни и послушни, сега поради српсаката пропаганда, просто од рака се искубаа и не знаеш што да правиш со нив.

Се ова беше изречено толку пламено и страсно што навистина не доведе на помисла дека бугарската пропаганда во Велес почнува да се ниша и да ги губи своите адепти“.

За да ги докаже бугарските права над Велес, митрополитот донел некој школски печат датумиран со – 1845 г. и на кој во средината биле изгравирани куќарка, сарај и распеан петел но и натпис “Печ. Велеското Балгарско училиште”, што Србите го посочиле како невешт фалсификат.

И Ритих дава во ова смисла свој коментар за печатот како не-бугарски преку членот “Велеското” успоредувајќи го со членувањето кај училиштето во Башино Село.

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ритих за српско-бугарските пропаганди во Скопје

По краток историски осврт на Српско- Бугарските завладувања на Македонија и од тука влечењето права на нивните пропаганди врз Македонија, Ритих ќе продолжи:

“Со тоа сакам да кажам дека историско-правниот од на доказите, со кои се служат бугарско - српските патриоти, за нас може да има само релативно значење. Меѓутоа како Бугарите така и Србите во скопската епархија наизменично настојуваат да ги поразат патниците со бугарските и српските историски споменици и на тоа дело гледаат како на божествено право на своите современи претензи“.

Особено Ритих е интересен кога говори за различните статистики при настојувањата која страна повеќе Македонците би ги приграбила и прикажала како свој елемент. Така Ритих почнува со Турците и нивното броење:

“...Турската стастика говори дека Скопје има 4 474 куќи или домови, од кои 2 336 турски.

Другото турско делење за нас е неинтересно зашто Турците не ги делат Македонците по националност, туку само по вероисповед, кое според гледиштето на муслиманите е далеку поважно и посуштинско. Во тој однос Турците се покажаа вонредно далекувиди, така што во самиот корен кај Словените посеале таков метеж и таков политички разврат што совршено го обезличил Македонецот, правејќи од него тапо орудие на човечките страсти и парите, а од друга страна родил смртно непријателство меѓу Бугарите и Србите, доведувајќи ги до состојба на безумство, езуитство и полно неизбирање средства и дејства.

Поради тоа нема никаква основа да му се верува на етнографското делење на Бугаринот К`нчев или Србинот Спиридон Гопчевиќ ние Русите сме должни да собереме со помошта на свои самостојни податоци, но за патникот што го донесува овде судбината за неколку дена за таа работа нема сили туку суштинска работа е на конзулите, како постојани агенти и во дадениов случај само енергијата на г. Машков во Косовскиот вилает и на Ростковски во Битолскиот може барем донекаде да го разврзе тој Гордиев јазол и да ни дадат приближно сознанија ако не за етнографскиот состав, барем за бројот на Македонците што ја примиле бугарската или српската страна“.

По ова Ритих ги дава споредбено податоците од К`нчев и од Гопчевиќ за 1889 год., според кои кај Бугаринот, Македонците се всушност Бугари, а Срби нема ниту еден, а кај Србинот, Македонците се всушност Срби, а нема ниту еден Бугарин. Уште повеќе во овој правец, Ритих ќе продолжи:

“За време на мојот престој во Ускуб, јас настојував по можност од незаинтересирани извори да соберам точни податоци за етнографскиот состав на градот, притоа се покажа дека бројот на Турците и сите други елементи, освен Бугарите и Србите приведени кај К`нчев, се доволно верни, но поделбата на скопските Словени на Срби и Бугари совршено не издржува критика, тоа е еден ист народ, зафатен или со бугарската или со српската пропаганда (Јас говорам, се разбира, за месните домородци, а не за дојдениот елемент, повикан од Бугарија и Србија како учители).

Бидејќи бугарската пропаганда се води од Бугарите одамна, т.е во текот на повеќе од 30 години, а Србите почнале тука да работат одвај од 1886 г., природно е дека во градот повеќето Словени се опфатени од бугарската пропаганда, но и Србите не дремат и катагодина опфаќаат не мала група адепти од Бугарите, од што произлегува дека во последниве години бројот на Бугарите во Скопје и неговата епархија не се зголемил, туку се смалил.“

Ритих подоцна во 4 глава, ќе ни пренесе и еден интересен момент на средба со селани од Скопска Црна Гора, кога тој оди кон с. Побожје. Во сето тоа ќе се виде маката и расчеречувањето на македонскиот народ со истурените српско - бугарски пропаганди. И токму така тој и ги доживува, како нешто туѓо, кое е само за да задава проблеми и маки, затоа и одговорите се такви какви што се. За овие селани, Ритих пишува:

“Сретнатите селани ги довикувавме, затоа што кога ќе ја забележаа кочијата тие кршнуваа некаде настрана, со јавна желба да се скријат од нас. Требаше да ги гледаме, да се смееме со нив, за да ги успокоиме тие плашливи зајаци, па дури потоа ни одговараа на поставените прашања. Лицата им беа бледи, очите разбегнати настрана, а по рацете беше видно дека тие се тресат небаре имаат треска. На прашањето од Куртовиќ “дали се Срби“, селаните викајќи одговараа: “Срби“, “а можеби Бугари “ – продолжуваше тој, а тие одговараа: “Бугари“.
“Кого повеќе го сакате Швабите или Русите“, ги прашувавме селаните? - “Сеедно“, одговараа тие, пелтечејќи како деца кои не знаат што да одговорат кога ги прашуваат дали го сакаат повеќе татко или мама.

Сите одговори беа придружени со безбројни поклони и изразот на лицата беше толку страдален што можеше да се помисли дека ние со нашите прашања им задаваме жестока болка и ги мачиме. Обидувајќи се да разговараме натаму со нив, ние не можевме ништо да постигнеме – тие ги повторуваа нашите прашања, и како диви ѕверки, се тргаа настрана“.

Ритих за бугарскиот агент Јуруков

По доаѓањето во Скопје, Ритих продолжува со впечатоците од средбата со бугарскиот агент Јуруков. За ова тој вели:

“Од домот на српскиот генерален конзул се упативме кај бугарскиот трговски претставник (агент) г. Јуруков. Данаил Јуруков дошол малку пред нас во Скопје и штотуку навлегуваше во текот на работите во скопската епархија. Тој не е веќе млад човек, преживеал доволно многу од превртливоста на судбината за време на стамболовскиот режим и поради тоа, не само што не е приврзеник на неговата политика, туку отворено не ја подржува од се срце и сите несреќи на Бугарија му ги припишува на разурнувачкото влијание на тој ужасен човек.

Дејноста на Јуруков во Филипол, во својство на градоначалник го издигнала како вешт администратор и добар политичар, кој знаел да балансира меѓу различните партии. Ако кон ова додадеме дека тој е човек во голем степен спокоен, легален искрено приврзан кон Русија, несомнено за нас е мошне пријатно да се има таков деец – Словен што знае да го стивне правот што се крева од бугарските агитатори, инспирарани од македонските комитети. А прашањето за смирување на бугарските агитатори ни од далеку не е малку важно, зашто ставот заземен од бугарските политичари во скопската епархија во 1901 год. беше такво што принуди пролетоска да се издаде познатата декларација на Зиновјев, предавајќи ги агитаторите во рацете на турското правосудство. Беа потребни вонредно тешки причини, а имено масовен терор и убиства на српски свештеници и учители, за да се реши на таква мерка. Беше општо познато дека ситуацијата на работите може да продолжи така и поради тоа, бугарскиот комерцијален агент Ризов, човек неоспорно умен, но бидејќи гледал низ прсти на таквиот систем на дејство бил одповикан.

Во таа смисла Јуруков нема да биде продолжувач на политиката на својот предходник веќе и поради тоа што тој е длабоко убеден во надмоќноста на бугарската култура и интезивноста на пропагандата на бугарските дејци. Овие обѕири, без сомнение, се лажни. Бугарите нема за што да се борат со убиства и терор со необичната енергија и културтрегерските способности, тие ќе добијат далеку повеќе.“

Продолжува...
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
184
Поени од реакции
6
...За да ги докаже бугарските права над Велес, митрополитот донел некој школски печат датумиран со – 1845 г. и на кој во средината биле изгравирани куќарка, сарај и распеан петел но и натпис “Печ. Велеското Балгарско училиште”, што Србите го посочиле како невешт фалсификат.
И Ритих дава во ова смисла свој коментар за печатот како не-бугарски преку членот “Велеското” успоредувајќи го со членувањето кај училиштето во Башино Село.

[/SIZE][/FONT]
Хе, хе, Ритих бил голем познавач на бугарскиот език. И што ако е било напишано "Велеско"? Во 1845 г. бугарскиот литературен език не е бил се уште кодифициран и е имало различни вариации. Еве еден пример за употреба на "Велеско":

...Т'рговците велешани: Зафир Ангелов, Ангелко Палашов и јанју х. Георгиев Свакјаров, като отивали за Виена и Пешта, в последнија град ги срештнал учителја на Славјано-ср'бското училиште в Земун, Георги Захариади, и им препор'чал издадената от него „Славјанска граматика”, напечатана в Будин в 1832 година. Те, след като чули неговите објасненија, записали се за спомоштествователи и на вр'штане взели по неколко екземплјара, които и в'вели в'в велешките училишта. Характерно е, че записването на тримата т'рговци е станало в Пешта за което дословно четем следното: „Господ јоан Хаджии Георг из Велеса!” „Господ Михаил х. Пано и Зафир Ангело из Велеса”, а четв'ртија е бил записан като спомоштествовател в'в Велес.

-„Велес, у Македонској. Господар Ангелко Палашов, Болгарин, Велики Т'рговец, лјубител книжества и основател БиблиотекеВелеске.

Градот Велес
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Хе, хе, Ритих бил голем познавач на бугарскиот език. И што ако е било напишано "Велеско"? Во 1845 г. бугарскиот литературен език не е бил се уште кодифициран и е имало различни вариации. Еве еден пример за употреба на "Велеско":

-„Велес, у Македонској. Господар Ангелко Палашов, Болгарин, Велики Т'рговец, лјубител книжества и основател Библиотеке Велеске.

Градот Велес
А кога бил Бугарскиот јазик кодифициран?

И ова е занемарлива забелешка, пред се бидејќи се однесуваше само на членот “Велеското“ во споредба со она во Башино село.
И Ритих дава во ова смисла свој коментар за печатот како не-бугарски преку членот “Велеското” успоредувајќи го со членувањето кај училиштето во Башино Село.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Н. Овсјаниј

Иако пишува за Србија, тој се осврнува и на др. “Словени” од Балканот, кои ги поврзува со Русите па употребува термин за заедништво меѓу – Македонците, Србите, Бугарите, Русите, Црногорците, Херцеговците, Босанците .. , т.е. терминот – “едноплеменици”.

Првиот впечаток е дека и Овсјаниј е од групата учени “србофили”, но тоа е моментно и произлегува од она што е главна тема – Србите. За разлика од др. “србофили” учени, Овсјаниј е повнимателен и не е категоричен, но задржува понеутрална позиција. Тој дава податоци ту за едната, ту за др. позиција со цитирање трети незаинтересирани за спорот автори.

За Македонците ќе каже дека се “Словени, мошне блиски кон нив (Србите – н.з) по јазик и обичаи”, што ова негово дефинирање го прави недвосмислено само во неговата двосмисленост. По ова авторот го објаснува интересот на Србите за Македонија: ...”Сето тоа, се разбира, се прави така што во ПОГОДНИ ПОЛИТИЧКИ СИТУАЦИИ, да ги постават своите права на тие земји... и да се доберат до Егејско Море“. Значи “правата” на Србите не се темелат на истородноста, туку на политичко-економските потреби и желби на Србите! A истородноста ја “докажува” со тоа што Србите и Македонците говореле сличен јазик и што славеле Српски народни јунаци во еповите и.т.н. Но и самиот несвесно во пишувањата колку и да сака да ја скрие, избрише или претопи македонската народност преку термините – Срби, Бугари, Словени (Македонски Словени) и сл. сепак на места ја става до др. народност со што само ја потврдува. Така на пр. кога зборува со што претендираат Србите врз Македонија како прв податок го изнесува – ...“дека поголемиот нејзин дел му припаѓа на словенското племе кое говори на јазик толку близок до српскиот што Србинот и Македонецот лесно се разбираат меѓусебно”. Овде се јасно поставени Србинот и Македонецот како две народносни категории.
Уште повеќе кога говори за странски автори го дава и Бугаринот П. Драганов како тврди дека во Македонија постојат три словенски наречја ”бугарско, србско и сопствено македонско”. Токму него му го спротивставува на Верковиќ, но и долгогодишниот конзул во Македонија – Јастребов.

Авторот дава и опширни описи на градовите и др. населби од ова време – 1897/8 год., при што на пр. наведува дека во тоа време Дебар имал – 19 000 жители, Скопје – 26 000, Штип – 15 000, Куманово – 7 000, Калканделе (Тетово) – 12 000, Гостивар – 3 500, Кичево – 2 500, Костур – 10 000, Битола – 56 000 (Монастир – средиште на Битолскиот вилает), Ресен – 5 500, Охрид – 16 000, Струга – 7 000, Воден – 14 000, Ениџе Вардар – 9 000, Прилеп – 13 000, Солун – 150 000 (средиште на Солунскиот вилает).

Кога зборува за “Бугари” во Македонија, тој наговестувајќи дека такво нешто нема во национална смисла, а она што го има го објаснува со тоа дека во ..”сегашно време сите Македонски Словени што го признаваат егзархот се нарекуваат Бугари” (а не се – н.з).
Значи не станува збор за национална категорија Бугари но за социјално - црковна категорија “Бугари”, т.е оние кои подпаднале под Бугарската егзархиска црква. Ова е исто што и до 1860 год. сите кои биле од исламска вероисповед се нарекувале – Турци, иако имало Албанци, Македонци муслимани, Помаци, Босанци и др. што ќе рече не биле и навистина – Турци! Кај Христијаните сите се воделе како - Грци. Се разбира ова правило треба да важи и кога Македонците ги прави Срби на основ тоа што биле под Србската држава (?!), што е исто така социјално-државна категорија но не и национална, зашто многу народи биле под таа (и под други) држави па не значи дека се од народноста на управителите.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
М. Ладиженски

Ладиженски е штабски капетан на Генералштабот на руската армија неговиот осврт на Македонија е еден од најстарите – 1828 год. со посвета адресирана до гроф Иван Иванович Дибич, генерал и Началник на Главниот штаб на армијата на императорското величие.

Целта е да се дадат податоци за Европска Турција, пред се од воен аспект што се гледа и од насловот “Поглед врз Европска Турција” со преглед и на “околината на Константинопол, во топографски и воен однос, со краток опис на поважните одлуки на Отоманската империја”.

Ладиженски консултирал и ”најнови, доста верни состави од странски писатели” и бидејќи првото познато патување на некој Русин е дури во 1844 год. на В. Григорович, излегува дека податоците се црпат посредно и од не-Руски извори, кои не ги наведува.

Во 12 од 13 Глави, Ладиженски го опишува државното уредување на Турција, културата, обичаите и сл. Иако информациите се посредни, сепак тоа се исцрпни описи и разграничувања на провинциите, санџаците, народите. Јасно се опишани границите на Србија, Албанија, Бугарија, Тесалија и што за нас е особено значајно (а очигледно и странците од кои црпел податоци) е што јасно и точно се опишани етнографските граници на Македонија, разграничени од предходните (тогаш) провинции. На Ладиженски, веројатно му е позната книгата на др. Бишинг “Османската држава во Европа и Република Рагуза” (Дубровник), која во руски превод излезе 1770 год. во издание на ИАН во С.Петербург, во која и овој автор ги дава точните енографски граници на Македонија со опширен нејзин опис.

Но она што е уште позначајно е што Ладиженски уште во таа 1828 год, јасно разграничува и народност – “Македоњани” и тоа како име за македонскиот народ, од древнина па до тоа време. Со еден збор кај Ладиженски Македонците се потомци на античките Македонци и овој термин Македоњани е токму затоа таков. Имено по целосниот опис на границите и поважните текови, планини и сл. топографија, тој преоѓа на описот на Македонците, па вели...

Македоњаните што живеат во земјата, чија положба е планинска и налегната кон исток, според мислењето на Ипокрит мн. поволна за развој на човечките способности, земајќи просветлување од Грците, - брзо избиле со посебен блесок на политичка сцена. Посилни бројно, со природни способности, со телесни квалитети и знаења добиени со образование – тие вчас ја поробиле Грција и за не мн. години го рашириле своето владеење се до границите на Хиндустан. Нивната борба со Рим, кој ги употребил против нив сите свои сили во тоа време, кога Картагеина била веќе покорена – била долговерна и блескава. Но обессилени и изродени слично на др. племиња на Грција, тие без секаков отпор се подложиле на Османлиите, иако длабината на нивните долини, мн. реки и височините на планините, што се простираат по сета земја, за нив представувале вистинска погодност за заштита.

Не гледајќи на малаксаноста во која се мачат сите противници, што се под турска управа (која знае да ги пустоши своите поданици), - само Македонија праќа во странство, и тоа долги 20 год., за повеќе од 16 милиони турски пијастри, памук, тутун, жито , волна и свила”.

При описот на Тесалија, во се ќе ја споредува со Македонија а за Тесалците ќе рече: “Тесалците покорени од Филип, царот Македонски, речиси секогаш ја делеле судбината на Македоњаните”. Значи Тесалците не ги врзува за Грција и Грците но за Македонија и Македонците, особено што и кај Турците, територијално Тесалија е по Солунската област како нејзин трет санџак, што ќе рече врзана е целовремено за Македонија а никогаш за Грција.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
184
Поени од реакции
6
Статиjата за Риттих е од руската wiki . Прочети какво образование е имал Риттих:
Образование получил в Николаевској инженерној академии и в Академии генерального штаба. В 1862—1864 годах наблјудал в Минској губернии за постројкој и ремонтом православных церквеј и открыл до 30 народных школ. Во времја русско-турецкој војны заведовал перевозкој раненых и больных с театра војны; позже командовал пехотној бригадој, затем дивизиеј; в 1894 году вышел в отставку. Генерал-лејтенант.
---
Та този ли генерал дошол през 1901 г. во Македониjа за 2-3 месеца е станал вакав експерт по бугарски език и да може авторитетно да каже: "Ова е фалшификат". Риттих е бил откровен србоман
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ритих води еден интерес разговор со “бугарскиот “ свештеник, всушност месен селанец - земјоделец на околу 35 – годишна возраст.

Интересно е тоа што Русите одат токму на наговор од Србите за некакви српски историски траги (а кои ги нема) но уште поинтересно е што свештеникот е “бугарски”, а се декларира за – ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ. Ова значи дека иако Србите си сметаат дека Башино Село е српско, иако Бугарите си го сметаат попот и селаните за “Бугари” (а така и се водат), првиот човек се смета за – ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ. Патот за Башино Село, Ритих го опишува вака:

“Рано изутрина се упативме со пајтон кон Башино Село, што се наоѓа на три врсти северно од Велес. Србите, посебно настојуваа на ова патување, бидејќи таму ќе најдеме, според нив, јасни етнографски траги на Србите. Такви јасни траги на србизмот имаше не многу, но затоа пак во Башино Село ние имавме куриозитетен разговор со бугарскиот свештеник на црквата Св. Никола”.

По ова Ритих и придружбата се упатуваа во дворот на свештеникот за да измолат дозволаз за посета на селаската црква. По пречекот кој е краток, стегнат и бојажлив доаѓа и моментот кога попот се декларира себеси за Македонец по род, што Ритих вака го опишува:

“На крајот, искористувајќи момент кога свештеникот не беше зафатен, ние го седнавме до нас и почнавме да го распаршуваме за месните интереси и за расправијата меѓу Бугарите и Србите. Свештеникот сето време препрашуваше и одговараше едносложно. Најљубопитен и многу значаен негов одговор беше тој дека е тој ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ, ДОМОРОДЕЦ НА БАШИНО СЕЛО И НЕ ЗНАЕ ДА ГОВОРИ НИ БУГАРСКИ НИ СРПСКИ, ТУКУ САМО МАКЕДОНСКИ. Како Бугари се сметаат половина село, а другата половина се сметаа Срби . Тој одговараше наполно искрено и природно, па и по својата конституција не беше способен да лаже, зашто тоа беше свештеник – селанец, кој стои настрана од секаков вид интриги и караници.

ВО СОЛУН, БУГАРСКИОТ КОМЕРЦИЈАЛЕН АГЕНТ БЕШЕ МОШНЕ ЗАГРИЖЕН СО ОДГОВОРОТ НА БУГАРСКИОТ СВЕШТЕНИК ОД БАШИНО СЕЛО И НА СЕКОЈ НАЧИН НАСТОЈУВАШЕ ДА НИ ДОКАЖЕ ДЕКА НИВНИОТ СВЕШТЕНИК И ВО ДАДЕНИОТ СЛУЧАЈ СЕ РАКОВОДЕЛ ОД ПОЛИТИКА“.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Статиjата за Риттих е од руската wiki . Прочети какво образование е имал Риттих:
Образование получил в Николаевској инженерној академии и в Академии генерального штаба. В 1862—1864 годах наблјудал в Минској губернии за постројкој и ремонтом православных церквеј и открыл до 30 народных школ. Во времја русско-турецкој војны заведовал перевозкој раненых и больных с театра војны; позже командовал пехотној бригадој, затем дивизиеј; в 1894 году вышел в отставку. Генерал-лејтенант.
---
Та този ли генерал дошол през 1901 г. во Македониjа за 2-3 месеца е станал вакав експерт по бугарски език и да може авторитетно да каже: "Ова е фалшификат". Риттих е бил откровен србоман

НЕ ја одвлекувај дискусијата во друга тебе посакувана насока.

Мислев на Бугарската Вики за Башино село, НЕ се прави мутав.

А.Ф.Ритих во 1887г. заедно со М.Ф. Маркович ја издаваат “Етнографската карта на словенските народности”, a самиот е автор на “Словенски свет” (1885 г.) и “Славјанските наречја од XX век во Југозападна Европа“ (1901 г.)

Ритих пишувал отворено и за Српската пропаганда.
Прочитај погоре!


Бугарскиот нели се стандардизирал во 1878?


Цитат:
Напишано од пере
---
P. S. Бугарскиот литературен език е кодифициран немного време след возраждане на Бугарската држава во 1878 г.


А Ритих бил во Македонија во 1901!

Тоа значи дека стариот печат од 1845 НЕ одговарал на Бугарскиот од 1901 г.!

Ритих бил непристрасен, пишувал за сите пропаганди.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
П. А. Ритих (синот)

П.А. Ритих е Офицер на руската царска армија, син на научникот А.Ф.Ритих и кој снабден со богата литература, на двапати ќе го обиколи Балканот.

Првото патување на Ритих - помладиот во Mакедонија е во 1901 г. а второто во 1908 г. На почетокот од книгата ги објаснува причините за патувањето – лично да се увери во ситуацијата на очекуван балкански судир. Австро-Унгарија ја анектира Босна па се очекувал одговор од Србија, а тука биле и интересите на Црна Гора, Бугарија и Русија, која морала да биде информирана за се.

Книгата “Низ Балканот“ е поделена на два дела, првиот е од понов датум - ноември 1908 г. и се однесува на Србија и Бугарија и вториот со постар - летото 1901 год. кога ја посетува Македонија и се однесува токму на неа. Ритих е непристрасен кога треба да каже што се Македонците, покрај тоа што добро ја проучил сета литература за Македонија и Македонците, тој има непогрешливо набљудувачко око за опсервација, комуникативен е љубопитен и правичен.


Ритих дава убави описи на Македонските градови и села, манастири и цркви и пејсажи. Но особено важно е што тој и посветува внимание на разгорената србско - бугарска пропаганда во Македонија и последиците по македонскиот народ. Увидувајќи ја подлоста и фалшивоста на овие пропаганди на мн. места ќе даде свои мислења со предлози како навистина треба Русија да се однесува во оваа трагикомедија.
Ќе биде сведок на такви лакрдии за посрбување или побугарување на Македонците, ќе им ги цитира дијаметрално различните статистички податоци со што на мн. луциден начин ќе се подбива со нивните небулози. Не верувајќи им на пропагандистите тој ќе се наслони на руските конзули - Машков (Скопје) и Ростковски (Битола), од кои очекувал да му дадат пореални сознанија како што ќе рече ...”ако не за етнографскиот состав, тоа барем за бројот на МАКЕДОНЦИТЕ што ја примиле бугарската или српската страна”.


Ритих зборува за МАКЕДОНЦИТЕ, како засебна народност но кои заведени од пропагандите или од др. причини моментно и за тие прилики почнале да се викаат кој за Бугари кој за Срби.
Ритих со своето остро набљудувачко око ќе увиде дека тоа не е изворно чисто и етничко, но пред се црковно-пропагандно (кој под која црковна организација се нашол). Затоа Ритих ќе рече и дека ...”еден ист народ е зафатен или од бугарската или од српската пропаганда“. Разговорајќи насекаде со народот, Ритих и самиот под “Срби” и “Бугари”, ќе подразбира посрбени и побугарени Македонци кои така се водат од најразлични причини (воглавно црковни). Ритих никаде не ги споменува Грците како трета пропаганда, но само Србите и Бугарите, пред се поаѓајќи од блискоста на нив како Словенски народи и поголемата опсност од претопување, додека Грците се од сосем др. далечна гранка народи.

За “многу значаен” ќе го смета одговорот на попот од с. Башино, кога на прашањето што е, одговорил дека е - “чист Македонец, домородец и дека не знае да говори ни бугарски ни српски, а говори македонски”. И не зачудува што Ритих секаде го користи терминот – Македонец, Македонци.

Вториот текст за Македонија денес го избегнуваат и не го користат ниту Бугарската ниту Србската литература. Кога ќе се види, ќе се знае и зошто. Дури и руските историчари од тоа време ќе го цитираат но делумно и тенденциозно, а заради официјалната политика или влијанието на пропагандите дури и таму. Овој текст на Ритих е незгоден за аспираторските цели на србско - бугарската политика кон македонскиот народ и земја. Заради посебната важност на овој втор дел, особено клучните моменти на етничкото самосознание на македонскиот народ во разговорите со Ритих, како и пропагандите кои се прават да го угушат, опширно ќе ги изложиме неговите текстови. Особено важен момент е фалсификувањето кое го бележи Ритих кога Бугарската егзархија штом ја добила Македонија во црковна надлежност, почнува со бришење на старословенските натписи и допишување преку нив Бугарски атрибути и писма. Ритих дава конкретни цркви, лица и датуми кога што и како се прави сето ова. Ниту Србите не заостануваат во ова бришење македонска национална свест и историја.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
184
Поени од реакции
6
Да бе... бил непристрастен... Заради "непристрастността" си написал:

"...Кон изложеното е потребно да се додаде дека, поради крајно
непристојната, за словенството, политика на сегашна Бугарија, со
нејзиниот германски цар Фердинанд, доделувањето на цела Македонија на Бугарите, би било престапно и неразумно..."
Писмо на Ф. А. Риттих
 

Kajgana Shop

На врв Bottom