Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.631
- Поени од реакции
- 31.837
Значи темава ја отворам за да се запознаеме со една измена која ќе пробаме да ја воведеме како општо правило во подфорумот музика. Целта на измената ќе биде поголема прегледност и полесно отворање/листање на различните теми во овој подфорум. Во време кога некои се вклучуваме преку телефоните и ѕиркаме што има на кајганава, мислам дека постирањето медиа содржини ито како ја усложнува работата, ја кочи прегледноста и создава нервоза при листањето на содржините.
Па така, во сите теми ќе пробаме да воведеме користење на url, т.е линк-врска. Пошто често пати ми стигаат пораки во кои одредени членови ме прашуваат како да постават вака линк, во оваа тема истото ќе биде објаснето сликовито.
Прв чекор, напишете го насловот на песната со букви пример Radiohead-Street Spirit, или пак направете му copy-paste на името на изведувачот и песната директно од јутуб тука.
Потоа го обележувате текстот со маусот вака и стегате на кое се наоѓа во горниот дел десно од фонтот, промена на бојата на текст, големина на букви и слично.
Откако ќе кликнете на него, ви се појавува поле кое изгледа вака:
Следен чекор, стегате на црното празно место веднаш до URL, го внесувате линкот од јутуб т.е овој https://www.youtube.com/watch?v=BrZTNhW44 со помош на paste, и потоа кликате на копчето внеси.
И потоа песната ја добивате во посакуваниот формат вака обележана со црвенко Radiohead-Street Spirit.
Напомена: Добро внимавајте да го означите само текстот како што ви објаснив претходно. Ако означите поголема површина, тогаш постои можност да не ви се залепи линкот правилно.
Напомена 2: За да ја воведеме променава, постовите кои ќе содржат медиа линкови ќе бидат едитирани, само како текст, без линк, а оние кои ќе ја направат грешката ќе ги поучиме да ја ѕирнат темава. Ваквиот начин на постирање ќе се применува во СИТЕ ТЕМИ.
Па ајде да видиме како ќе ја воведиме променава
Со лесно!

Последно уредено: