Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Перо, Струмица за друг град мош е село, ама технички јас сам си грацко дете, сос грацки корене. Ама поради тва страдам, не продавам чушки и френки и ко седнувам на кафе коо кошта 80 денара, и не ми дават од дома плус 120 за цигаре. Затва, преку неедлта ми прече. Викендо се опивам, и се гребам. :D

Туку, законо, селективно корне, има места кајшо се оде на вечера, на пица со децата, сос баби и дедовци и е дозволано пушене.
Шо значи не се само кафаанте и кафеџилниците. Скопје гледам оште строго се држе. Ебати главнио град, цигар ко неможаш да исчурлаш. ;)

На нас се јачаат. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Нејсе, државава па и рајата во неа, треба да еволуира а за тоа треба време. Какви пациенти сме, кај нас изгледа ќе треба троа повеќе време.
Да, ете австријците имаат 80 и кусур (prosek 79.9) години просек животен век, македонците 75.3), затоа тие треба да еволуираат као македонците, да пушат само дома и тоа по можност во клозет. Ние сме сорта држава која еволуира само кога се работи за закони по нечиј кејф. За другите закони кои навистина се за добробит на скоро 100% население, кој ги шиша.
 
Оти лоша. Баш е за поздравување.

Нема да се оствари. Второ секој пушач е со испран мозок и владината стратегија треба да биде токму да им се помогне на овие лица да се ослободат од ова зло.
 
Бреј бреј бреј што ми изнакажа, така останав.
На некој сигурно му е испран мозокот чим дошол до ваков генијален заклучок.
 
Нема да се оствари. Второ секој пушач е со испран мозок и владината стратегија треба да биде токму да им се помогне на овие лица да се ослободат од ова зло.
:eek:

Брат, не си нормален жими око :pos:
 
:eek:

Брат, не си нормален жими око :pos:

Лош речник користиш ај се надевам дека нема пак да ти се повтори.
Друга работа кога веќе се споменува овој закон и евентуални негови измени редно е да се знае дека ваков идиотизам може да постои само кај нас. Ова не се однесува на тебе пошто очигледно е дека си пушач па оставам да се изјаснат други на темава... Во цел свет законите се носат за да се намали бројката на пушачи посебно кај младината кај нас е обратно... А тоа е зашто нема државна стратегија за сузбивање на ова зло. Ако нешто мене лично најмногу ми смета тоа се пушачите и нивните права. Посебно оние што пушат по 10 кутии на ден, тука веќе се работи за нарушена психолошка состојба никаква потреба...
 
Ова е слика и прилика за нашето општество таман ќе мрднеме некој чекор напред во случајов законот за пушење и есто оваа прашање да се затвори зошто фунцкионира колку толку и мислам дека донекаде позитивно влијае , ќе се најде некој паметен и ќе не врати пак онаму каде што сме биле. Ова е симболиката за тоа зошто постојано се вртиме во круг. Се надевам дека оваа прашање нема да се отвори и дека нема да се даде значење на такви микро партии како ЛП кои по секоја цена се борат да привлечат внимание.
 
Ајде сега и ме искара, а остај што не сфати дека е и заебанција со оглед на тоа што се знаеме, мислам малце полабаво господине, форум е ова, не бундестаг. А од друга страна ти вреѓаш една цела категорија на луѓе и тоа не е проблем. Ок, ти знаеш.
Во темава воопшто не сакам да навлегувам, и еве очигледно и ти не сакаш од мене да чуеш, а богами 188 страни се изнапишани овде, не знам што ново би сакал да чуеш.
 
Се поправам сори :icon_mrgr:
 
Лош речник користиш ај се надевам дека нема пак да ти се повтори.
Друга работа кога веќе се споменува овој закон и евентуални негови измени редно е да се знае дека ваков идиотизам може да постои само кај нас. Ова не се однесува на тебе пошто очигледно е дека си пушач па оставам да се изјаснат други на темава... Во цел свет законите се носат за да се намали бројката на пушачи посебно кај младината кај нас е обратно... А тоа е зашто нема државна стратегија за сузбивање на ова зло. Ако нешто мене лично најмногу ми смета тоа се пушачите и нивните права. Посебно оние што пушат по 10 кутии на ден, тука веќе се работи за нарушена психолошка состојба никаква потреба...

Ти да пушиш 10 кутии на ден.
 
Ај не си прајте бајрам на умот, и така законов важи само во централно градско подрачје и на десниот брег на вардар.
На левиот брег не цигари и мара се пафка слободно, од сарај па до охрид оди во кој сакаш локал не важи законов, јас не знам шо се просераваа што го носеа што трењираат глупоча.
 
Ова е слика и прилика за нашето општество таман ќе мрднеме некој чекор напред во случајов законот за пушење и есто оваа прашање да се затвори зошто фунцкионира колку толку и мислам дека донекаде позитивно влијае , ќе се најде некој паметен и ќе не врати пак онаму каде што сме биле. Ова е симболиката за тоа зошто постојано се вртиме во круг. Се надевам дека оваа прашање нема да се отвори и дека нема да се даде значење на такви микро партии како ЛП кои по секоја цена се борат да привлечат внимание.
Убаво наброја добро познат каде мрдна законот, значи овој закон е донесен специјално за Македонци. Плус и во многу градови во внатрешноста се пуши, последен пат бев во кафана во Кавадарци на автобуската што е и ми донесоа пепељара. Така да законов што го донесоа селективно важи во МКД.
И предлогот е добар за дискусија. Нека има посебни локали и секој нека си избере каде да иде.
 
Еден единствен добар закон донесе оваа влада, закон кој ме ослободи од неподносливата реа на тутунот на моите алишта после излегување, и баш тој закон да се поништи?

Која иронија...

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom