Во Библијата имаш и упатства и наредби како и кога и кој да убиеш, чоек кој работи во сабота, еретик,идолопоклоник, хомосексуалец, ороспија...
И тоа ли е темелот на Чистотата и Мудроста божја
Ти зборуваш за стариот завет, кој е од
БОГА даден за да му се отворат очите на човекот за гревот кој што го прави!
Гревовите коишто ти погоре ги наброи (похлепа дури и на празник, крива вера, идолопоклонство, перверзна сексуалност, ...) се всушност тие кои што убивале и убиваат милиони луѓе!

Баш затоа
БОГ во стариот завет енергично ни покажува дека гревот како грев е нешто опасно кое што би требало да се искорени од срцето на луѓето, бидејќи - како што погоре пишавме - е многу штетно и опасно за човекот и човештвото!
Во отелотворениото на
Мудроста БОЖЈА (
Христос),
БОГ лично ни ја покажа
неговата надприродна Љубов која несака никој да загине по патот на гревот, но ни покажа и потврди дека
Тој иако го сака грешникот, воопшто не го сака гревот, кој ги роби, мачи и убива Неговите сакани!
Толкувајќи ја и читајќи ја таа библија христијаните се поделија на католици, протестанти, православни, англикани, баптисти, адвентисти.... и куп други и сите тврдат дека само тие го имаат и следат и правилно толкуваат напишаното во Библијата. На кој да му верува чоек?
Многу подобро, попаметно и поправилно би било за целото човештво да се концентрира и да
Го фали
Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој својата
Мудрост (
Милост) за спасение на сите
Ја отелотвори во
Исус Христос, бидејќи нити католиците, нити протестантите, нити православните, нити анкликанците, нити баптистите, нити адвентистите, нити евреите, нити муслиманите, нити будистите, нити хуманистите, нити кумунистите, нити капиталистите ... не
Го понесоја
Голготскиот спасителен Крст и гревовите на светот, туку
Исус Христос во
Кого лично беше (и е’)
Совршениот БОГ!
“Кој се фали, со Господа да се фали!”
Зашто, не оној, што се фали сам, е достоен, туку оној, кого што Господ го фали.
(2 Коринтј. 10:17)
.
Спиро,
оваа икона се однесува на настанот од тројното искушение Христово во јорданската пустина? Не сум го видел овој иконопис до сега...
Можеби зошто е прекуморски?
http://en.wikipedia.org/wiki/Duccio_di_Buoninsegna
http://en.wikipedia.org/wiki/Maestà_(Duccio)
п.с. Мики, те молам простими што следново ти го пишувам (небаре сум поарен од било кого), но сакам само да подсетам дека
Господ Исус Христос - нити една друга
Света личност кои можат да се видат на иконописите -
никогаш не заповедал,
нити од нас барал да бидат ставани на иконописи (цртани на икони) и како такви да бидат обожавани,
туку да се љубиме еден со друг како Тој што не’ возљуби!
Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив,
така и вие да се љубите еден со друг!
(Ев. Јован 13:34)
Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас!
.(Ев. Јован 15:12)
Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг!
(Ев. Јован 15:17)
.