Рачни мелачки, сецкалки, дробалки, цедалки, рендалки, преси и др.

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Значи темава има јасен наслов,поточно рачни помагала за кујна.
Еве што најдов кај мене во „креденец“,а што има во фиоките од
оние поситни помагала за се и сешто утре ќе видиме.
Како е кај вас што имате од овие работи,а што имате и повеќе.
Кој од овие набројани мелачки најповеќе ги употребувате.
Овде ќе одговориме и на многу прашања,со што е најдобро и
најлесно да се некој артикал-производ правилно припреми.
Со што да се изренда кромид за ќофте,со што да се сомеле
шеќер во прав или да се исецкат смокви, или нешто друго.
Подготвуваме летен македонски пинџур-како е најдобро, со
која од овие кујински алатки:толчен,сецкан или пак мелен.
Сме решиле за ручек да имаме пица,сецкањето одзима многу
време и парчињата не се еднакви, што да употребиме тогаш.
Имам уште многу некој работи што треба да ги покажам, пр.
кое ренде е најдобро или кое сецко за помфрит е и за долга
употреба. Точно така има многу работи што ќе ги купите а се
само за украс,најповеќе по тезгине ама и во Веро и Рамстор,
е слична состојбата,купувате кршач за ораси а со него ништо
нема да скршите освен него значи треба да се вика самокршач.
Така да некој работи од свекрвата може да бидат попрактични.
Ајде и прашајте: со што да сомелам тоа и тоа,што е ова и сл.Picture 847.jpg
Picture 846.jpg.Picture 845.jpg.Picture 852.jpg
Picture 843.jpg.Picture 849.jpg.Picture 850.jpg
Picture 851.jpg.Picture 853.jpg.Picture 854.jpg
Picture 855.jpg Е што е бре ова Анчо...
 
Чика Анчо ..... мора да му се да де признание .... секоја чест ахахаххаха :pos: (y)
 
Picture 848.jpg уф ова сум го заборавил,години бре (под исти број е затоа сум го утнал,време е некој да ми свети,кога мислам нешто да „сомелам“. (Титан -1964 год,)
 
Прегледај го приврзокот 75482 уф ова сум го заборавил,години бре (под исти број е затоа сум го утнал,време е некој да ми свети,кога мислам нешто да „сомелам“. (Титан -1964 год,)
ова за ореви ако не се лажам .... ги ставаш во она просторчето и ги туркаш со тоа поклопецот .... ?! можеби грешам ?!
 
Ги користам сите, освен оние под бројче 4,5,10. Некои од нив се постари, а некои се нови и слободно можам да кажам дека металот од кој се направени старите е многу поквалитетен од новите.
Си ја заборавил сецкалката за варени јајца. Таква нешто слично, речиси иста на неа имам и ја користам за сецкање на јаболки, сливи... за компот :)
 
Леле Анчо кутри алати, со бројчињата се ко затвореници на препознавање викнати :icon_mrgr:
Секој чест.. (y)
Овие се на изложба ставени, затоа се со бројчиња ;):D:)
 
Имав вакво порано ама се изгуби, многу корисно алатче за правење салата од јајце. :icon_mrgr:

Eierschneider.jpg
 
Некој садо-мазо тип би платил дебела пара за машиниве... just saying
Онака, секоја чест за чувањето на сиве овие машини во беспрекорна состојба, слободно може музеј да отвориш за напредокот на машините во кулинарството... Браво!
 
.
Некој садо-мазо тип би платил дебела пара за машиниве... just saying
Онака, секоја чест за чувањето на сиве овие машини во беспрекорна состојба, слободно може музеј да отвориш за напредокот на машините во кулинарството... Браво!


Picture 398.jpg.Picture 399.jpg.Picture 400.jpg.
Picture 402.jpg.Picture 405.jpg.Picture 406.jpg
за овие мислиш
 

Attachments

  • Picture 401.jpg
    Picture 401.jpg
    85,4 KB · Прегледи: 7
Супер тема!
Имам рачен миксер кој ми е одличен за употреба, купив и комплет блендер со маталки, рендиња... Али блендерот не ми е баш функционален. Има некој искуство со оној рачниот од топ шоп, кој наводно сецкал и мраз?
 
Picture 858.jpg Што извадив сега од висечи да видиме-сецко за кромид
Од потребното,еве го најпотребното,без кое не се може,бидеиќи денешниве домаќинки се со лакирани и долги нокти,кој пак често сметаат за работа во кујна, а и страв е да не им се замирисат рацете,затоа е ова а и нема да пуштите по некоја солза без потреба.
Внимавајте при купување и избор. Има едни со постоље-пластична чаша,кромидот се става внатре,но поголемите не ги собира,плитко е.Рачката е поширока не се гледа опругата,но брзо или при прва употреба станува неупотребливо.Имаше порано едни со стаклена чаша и нож како крст-доста време издржаа иако не беа баш практични.
Треба и чашата да се чисти,а опругата брзо кородираше,бидеиќи беше внатре.
Ова на сликава е старо-се е на мегдан,нож,опруга,рачка па и кромидот. Без чаша е најдобар избор,вака се сецка на дрвен подметач-даска.
Можете и морков,паштанак,магдонос и друго.Јас го употребувам и одличен е за сецкање на краставица за припрема на таратур.А може и за ореви за баклава и сл.
--- надополнето: 27 октомври 2013 во 01:41 ---
Супер тема!
Имам рачен миксер кој ми е одличен за употреба, купив и комплет блендер со маталки, рендиња... Али блендерот не ми е баш функционален. Има некој искуство со оној рачниот од топ шоп, кој наводно сецкал и мраз?

Што е постаро е подобро. Добро има и сега ако е некоја марка,ама е скапо.
Затоа да си најдеш блендер ИСКРА од пред 40 години,комплет со повеќе делови,
(немат смрт) имат и сецко за ореви,за прав шеќер,соковник,цедалник и маталки.
Би го постирал и тука ама не е ова тема за електрични апарати. Само и овие рачниве вршат работа,па и подобро,на пример мелачкиве за афион,или едни соковници за секое овошје=рачни мелачки,уутре ќе ги сликам,во подрум ми се - е тие пари вредат,
и живо цвекло ќе исцедат и сок ќе направат,само што ги нема сега никаде да се купат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom