Рамстор Гараж Сејл - Попусти до 85%

  • Креатор на темата Креатор на темата FeliXxX
  • Време на започнување Време на започнување
Па како да купуваат и мажите, кога е 5 пати поскапа?
И мене да ми се маичките по 100-200 денари ќе купувам неделно по една...

Имаш за 100-200 маички: за еднократна употреба.
Асална маича испод 700 немаш.
 
Не знам за ова, ама во Сити Мол се тепаат луѓе. Во Наутика (на втор спрат), маици и маици ЛаКоста на попуст од 6,000, на 4500 на 1200-1500 денари.

Дали ова ги задоволува вашите вкусови? :)
 
Не знам за ова, ама во Сити Мол се тепаат луѓе. Во Наутика (на втор спрат), маици и маици ЛаКоста на попуст од 6,000, на 4500 на 1200-1500 денари.

Две недели пред попустите ја бев во Лакост во Рамстор... поло маичка беше 5,200 мислам. Сеа кога бев со попустов гледам цена од 7,000 шкртната и 4,500 пишано. Ајде беее а на мајка им еднаш може?.. o_O

Осврт на попустов од мене покрај Лакост, следново беше забележано...

Во тоа до Лакост, Paul & Shark мислам се викаше маичка беше околу 7,000. Гант јакна од 18,000 на 13,000. Абе убавини. Мислам дека преку интернет да ги нарачаш со регуларна цена ќе ги земеш поефтино:tapp:


Горе во Спорт М и Најк на попуст беа извадени околу 5-6 модели (немаше патики на попуст или еден, два шугави модели) и тоа беше одприлика од 5 и нешо илјади спуштени на 3 илјади.. значи ни 50%.

Доле од бела техника скоро ништо на попуст немаше. Едино некој фен или тостер.

Само во Топ-Шоп имаше некој попуст на некои тавчиња од 2300 на 1500 ден.

Спрингфилд ништо на попуст освен 50% на фармерките, али тоа е веќе втора недела од коа се така.

Во Божиновски на часовници немаше никаков попуст..

Искрено не ни очекував некој посебен попуст, знаејќи ја неспособноста на нашите трговци тука да направат добра зделка, туку само гледаат што е можно повеќе да избричат и да живуркаат после неколку месеци до нова година.

ЕДИНСТВЕН вреден попуст што може да се спомене е попустот во Геокс (Geox) кој беше на повеќе модели патики-чевли од 7-8 илјади на 3-4 илјади. А за тој квалитет што они го нудат, дефинитивно вреди по таа цена да се земе кај нив.
 
Попуст?

Дај не зезајте предходно ги качиле цените x3 ако цената на една маица е реална 500 ден. тие ќе ја продаваат за 1,500 ден а кога ќе има попуст ќе ја спуштат на некои си 800 ден... и ќе кажат да ние имаме попуст. Секако кога веќе предходно ги кренале цените до плафон. (n)

Исто и за патики испод 4,500 ден не можам да си најдам патика солидна... освен во конверс што има за таа цена некоја си солидна патика и тоа со попуст. За машки каде и каде е далеку поскапо отколку за девојки мене ако ми требаат од глава до пети да се облечам со 200 евра а девојките ќе се облечат за некои си 110 евра... разликата е далеку голема.
 
Уште се лажете со попусти? Еве ви пример купив патики за детето од Рамстор една продавница пишуваше 50% намаление беа 1600 ден. А истиве во Штип во Спортисимо веќе цела година се продаваат по таа цена. :icon_mrgr:
Исто зимото еден шал гледав 650 ден и викам кој ќе дава толку пари, следниот викенд идам во Штип истиот го земав за 250 ден. Претходно бил 500 ден и му пишале попуст 50%. :icon_mrgr:
Моите патики беа 3600 и после демек и биле последни и ајде за 2400 и кога гледам дома внатре испечатено место каде се прозиведени и цена 36 евра.
 
Колку сме за нигде уствари... Срање стандард, а скапи работи. Надвор па обратно... и ај ? Него сакаат луѓето преку ноќ да се збогатат, тоа е проблемот.
 
ги читам коментариве и се смеам искрено .... за 50 евра може да се дотерам супер ,машко сум имам 23 години ... од Ченто си земав два пара патики она кога одиш накај Арачиново патот од продавницата,кај супермаркетот ... по 2х 600 денари .... маици 2х 300 денари истотака .... фармерки од Шутка 1 х фармерки од 800 денари .... и ајде сега .... цени ве молам :D ... Заеби Рамстор,Сити Мол и ГТЦ дами и господа .... :D еве ви и слики :D 2013-08-24 01.36.13.jpg2013-08-24 01.37.22.jpg2013-08-24 01.38.39.jpg
 
На попуст,и пак ми се прескапи многу работи,отколку реално вредат.Колку и да сакав да испазарувам уште во понеделникот ги видов цените,не ни сакав да погледнам,за една маица никаква комбинација на бои(портокалово,зелено,розево)се осекав ко виножито 600денари,а истите по шутки ги шиткаат за 200-250 денари.Прескапи се ретко купувам,ама кога купувам си го купувам она што ми треба,и најчесто од глава до пети,па може и по две парчиња да си купувам бидејки овие попусти се одамна завршена приказна за мене.Тоа што е ефтино,ништо не ми фака око.
 
Тапа попустов. Во Тимберленд демек "веќе на попуст" фармерките им беа по 4900 и како премија добиваш уште 20% попуст на каса. Абе ајде, кога не им се на попуст исто толку се, значи даваат 20% попуст на некои што им останале од пред 5 сезони. Имаа извадено некои мизерни, растегнати џемпери и фланелски карирани кошули, џемперите по 6000 беа :cautious: По другиве продавници исто ги извадиле најмизерните работи и ајде демек попуст даваат.
Единствен добар попуст што приметив беше во Беатина, имаше добри машки кошули за по 500 денари и во Geox по некој модел.
Во она Fiori ич не влегов пошто стратегијата му е да ги купи за 100 денари, првично да стави цена 2000 и после да даде "неверојатен попуст" со кој ги продава за 500 и народов мисли дека тоа е којзнае каква зделка и во тек на тие две-три недели он си вади профит за цела сезона. Ова ми го има кажано девојката што му ја даде идејата на газдата на бутикот.
Дефинитивно трговциве се страшно лакоми. Во Рамстор во последниве два-три месеца колку што можев да приметам имаа многу малце промет, веројатно затоа што косоварите се префрлија во Сити Мол, па мислеа да се извадат со акцијава, ама лакомштината пак ги надвладеа.
 
Заебете купување од овде по брендирани продавници , сега брзо ја открив aliexpress.com и да ви кажам право со одличен квалитет се производите зедов патичиња за 2000 денари адидас овде го нема тој модел ама најсличен на нив исти такви беа 4700 во спорт М .
 
ги читам коментариве и се смеам искрено .... за 50 евра може да се дотерам супер ... по 2х 600 денари .... маици 2х 300 денари истотака .... фармерки од Шутка 1 х фармерки од 800 денари .... и ајде сега .... цени ве молам :D ... Заеби Рамстор,Сити Мол и ГТЦ дами и господа .... :D еве ви и слики :D Прегледај го приврзокот 70749Прегледај го приврзокот 70750Прегледај го приврзокот 70751

Еве јас те читам тебе и се смеам. Си се облекол за 2600 денари ама што? Две рала патики, две маички и фармерки. Каде ти е долниот веш, аксесоари,козметика? Убаво си прочитал ама не си разбрал, девојка може за 1000 денари да се облечи комплетно,додека ти мораш да бираш дали ќе се облечиш од половина надоле, или од половина нагоре.Само илустриран пример:

1002304_341336309333457_1674637112_n.jpg


Денес има доста небрендирана ефтина облека со која може да се помине добро. Како на сликата,би коштало:
Сукња - 500 денари
Маичка - 200 денари
Наочари - 200-400 денари
Чанта - 400 денари

tumblr_m1z6owU6Wy1rqwjsso1_500.jpg


Чевли на распродажба 600 денари.
Долен веш,градник,гаќи,хулахопки 400 денари.

Вкупно: 2500 денари, и заштеда од 100 денари.
 
Прееска бев пак. И вау, ова стварно бил најголемиот македонски Garage Sale!
Неверојатен попуст од 85%! Панталони за 5.800 денари, а чизми за 8.970! :pos:

Што им е на овие бе? Или WiFi рутер Linksys за 3080 денари, истиот што пред 6 години го земав за 3100 денари :pos:
 
Глупости на кило, само се бламираат, или нека прават, или ич нека не прават...
 
у спрингфилд блузонот март негде го земав 2400, сега е 1200 :icon_mrgr:
 
Е ова е тој попуст за кој зборуваат Рамстор а го немаат, со еден пар фармерки ти излегува бензинот што ќе го потрошиш до Солун, а вие идете 4-5 души со 100 евра најмалку во џеп за да купите облека поевтина 2-3 пати од Ситимол или Рамстор. Замислете во Скопје фармерки намалени од 3400 на 600 денари

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom