Принудна работа за сите невработени !

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Она што го предлагав јас !

Сите студенти кои не работат ќе и исплатат оштета на државата во вредност од 1/2 просечна плата !

Сега кафичите и дискотеките каде млада пијана багра урла и игра ќе останат празни, крда на издрогирана стока што мери улица и бадијалџи ќе гради патишта и мостови и ќе биде корисна за државата !

Со новиот нацрт-закон за невработеност се предлага принудна јавна работа од најмалку 52 дена годишно за сите невработени лица, а оние што ќе одбијат ќе бидат избришани од евиденцијата



Невработените што ќе прифатат јавна работа ќе добијат и бесплатен градски превоз

Гасење шумски пожари, изградба на патишта, брани, садење дрвја и редица други активности наскоро би можеле да станат задолжителна дејност на невработените во државава. Со новиот нацрт-закон за невработеност се предлага принудна, но платена јавна работа од најмалку 52 дена годишно за сите невработени лица, а оние што ќе одбијат ќе бидат избришани од евиденцијата на невработени.

Иницијативата за законот доаѓа од здружението на невработени лица „Македонија“, од каде што велат дека добиле поддршка од Агенцијата за вработување (АВРМ) и очекуваат законот да се донесе. Со него се бара поедноставување на процедурата за вработување и отпуштање работници, охрабрување на преселбата од еден во друг град, предвременото пензионирање, како и трансформација на АВРМ во активна берза на работна сила. Во законот уште се наложува медиумите да посветуваат најмалку 1 час неделно за проблемот на невработеноста и преку телевизиска берза да се вработуваат луѓе.
- Иницијативата и нацрт-законот ги доставивме до кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. При изготвувањето го земавме примерот со Финска, каде што невработените лица се обврзани да одработат 52 дена во некоја јавна работа. Состојбата во Македонија е толку екстремна што може да се спореди со големата депресија во САД. Таму во 1932 година цивилните конзервативни трупи биле основани за да ја поттикнат природната конзервативна работа за младите и неженети. Тие извршувале најразлични јавни работи за што им биле обезбедени храна и просечен месечен готовински надомест, здравствена заштита и други потреби - вели Гордан Давитковски од здружението „Македонија“.

Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 30 јуни во земјава имало 311.374 невработени, од кои 204.369 лица во градовите и 107.005 невработени во селата. Во здружението се сомневаат во вистинската бројка на невработени лица.

- Не се сите тие невработени. Ако има толку, улиците на Скопје ќе бидат блокирани од таа маса на луѓе. Сите си бараат чаре на свој начин. Според нашите процени, бројката на невработени е до 100.000 лица. Затоа предлагаме секое невработено лице што ги добива бенефициите (паричен надоместок, социјална помош и сл.) од државата да биде работно ангажирано 52 дена во годината во јавните работи на локално ниво. И мерката бесплатен градски превоз што ја предлагаме нема да биде за сите невработени, туку за оние што ќе се јават на јавна работа - вели Давитковски.

Од здружението се залагаат да се охрабри предвременото пензионирање на работниците, кои би можеле да претставуваат технолошки вишок. Предвременото пензионирање е ефикасен механизам со кој може да се дејствува врз повремената вработеност и скриената невработеност. Романија го подобри својот проблем со невработеноста во поголем дел преку предвременото пензионирање, тврдат од здружението.
Нивната порака до странските инвеститори е да градат фабрики, а не трговски центри.

- Се залагаме за доаѓање на странски инвеститори што ќе отворат фабрики и ќе вработуваат што повеќе луѓе - нагласува Давитковски.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Секс принуден то треба се да се апси бре, пендрек држава :icon_lol:.

Него ми требаат тројца со оваа општо корисна работа да ми го средат дворчето позади куќа кај Питбулот шо ми е, многу запуштено ми е.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Жими а*имов ќе донесат ваков закон :D
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Шта је бре мишеви шта сте се усрали ?
Нели сакавте работа ?!

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Шта је бре мишеви шта сте се усрали ?
Нели сакавте работа ?!

Знаеш колку ќе биде законот спроведлив а?
Колку што ги натераа фасади да прават, куќни совети да оформат, па овие со бугарски таблици да префрлат на наши, така да слабо плашење верувај....
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Да сакам работа ал не да идем да рмбам за беспари ;)
Ќе ти се плати, де. Ем ти ќар, ем државата.:icon_lol:

Со новиот нацрт-закон за невработеност се предлага принудна, но платена јавна работа од најмалку 52 дена годишно за сите невработени лица, а оние што ќе одбијат ќе бидат избришани од евиденцијата на невработени.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Е како да не. На пр. јас сум завршил факултет, сум невработен, а утре со овој закон во сила ја да одам да чистам улици, јавни WC, градам мостови и така натака. Да сакав таква работа немаше да одам на факултет, просто ке си го ладев дома, и ке барав ваква работа.

Овој закон може пратениците да го донесат само за своите деца...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Е како да не. На пр. јас сум завршил факултет, сум невработен, а утре со овој закон во сила ја да одам да чистам улици, јавни WC, градам мостови и така натака. Да сакав таква работа немаше да одам на факултет, просто ке си го ладев дома, и ке барав ваква работа.

Овој закон може пратениците да го донесат само за своите деца...
Затоа предлагаме секое невработено лице што ги добива бенефициите (паричен надоместок, социјална помош и сл.) од државата да биде работно ангажирано 52 дена во годината во јавните работи на локално ниво. И мерката бесплатен градски превоз што ја предлагаме нема да биде за сите невработени, туку за оние што ќе се јават на јавна работа - вели Давитковски.

Ako zimas soc pomos ako ne ne, ali cim zapanale moze vakov zakon da ni nosat po 10 mladi picinja dnevno i onaka slobodni bez rabota da gi ebaame i da gi pumpame za da ne ima poise????
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
a sto fajde deka ke brisele od evidencijata o_O
 

Kajgana Shop

На врв Bottom