Предлог за серии и кратки рецензии

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Дај кажете некоја серија со драма, напнатост, мистерија, акција? Нешто слично на Лост, Бреајкинг Бед, Декстер.
Criminal Minds
Mentalist
Hustle

Толку ми текнуват
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.611
Поени од реакции
10.294
Life on Mars ke ja dzirnam definitivno ama amerikanskata verzija poshto angliskiot akcent vmozok mava, drugite sho gi kazavte se poveketo crimi

Kako i da e FALA mnogu i pozdrav

 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Би ви ја предложил серијата "Rubicon" од која за жал се снимаше само една сезона. Но и со таа сезона до некаде целта е постиганта- барем така велат луѓето кои учествувале во тој проект а и јас до некаде го делам нивното мислење.
Во серијата се работи за конспирации, завери кои преку шифрирани пораки се пренесуваат низ светот, и преку кои се крои судбината на државите во светот.
Интересни ликови (донекаде анонимци, но се покажаа супер), кои дел од нив работат во Амреиканскиот институт за политика, а дел се поврзани со случката која се провлекува низ целата сезона (13 епизоди) х 40-45 мин.

Мислам дека вреди да ја погледнете :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Arrested development


Една од најдобрите, најоткачените и најомилени серии кои ги имам гледано. Има три сезони, а сега ќе излезе и филм. На имдб има 9.6, што самото зборува за серијата.
Комедија е, но го нема она на моменти нервирачконо смеење на публиката.
Мајкл е многу фин човек, вдовец, со син, кој е единствен нормален во неговата фамилија. Татко му го уапсуваат и Мајкл мора да се грижи за фамилијата и за бизнисот. Фамилијата не може да опише, мора да се доживее. Секој е приказна за себе, кој од кој е бетер.

Дефинитивно ја препорачувам на сите, гледајте ја. Од мене има чиста десетка.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.822
Arrested development


Една од најдобрите, најоткачените и најомилени серии кои ги имам гледано. Има три сезони, а сега ќе излезе и филм. На имдб има 9.6, што самото зборува за серијата.
Комедија е, но го нема она на моменти нервирачконо смеење на публиката.
Мајкл е многу фин човек, вдовец, со син, кој е единствен нормален во неговата фамилија. Татко му го уапсуваат и Мајкл мора да се грижи за фамилијата и за бизнисот. Фамилијата не може да опише, мора да се доживее. Секој е приказна за себе, кој од кој е бетер.

Дефинитивно ја препорачувам на сите, гледајте ја. Од мене има чиста десетка.
Хаха, таман ја отворив темава и сакав да пишам за оваа серија. :)
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Оддамна ја пратам темава и никако не ми оди во глава зошто Chuck ја нема некој постирано.. Бујрум:


Релативно слаб рејтинг на имдб http://www.imdb.com/title/tt0934814/ , ама филмов е перфекција. Микс од Комедија, Акција и Драма. 4 сезони досега, секоја по дваесетина епизоди од прилика х 40 минути. Последна е 12тата епизода од четвртата сезона.
Оние кои не ја гледале серијава, топло им ја порачувам не навлегуваме во детали што се случува... Типката е :drk:
 
Член од
2 февруари 2011
Мислења
26
Поени од реакции
5
Twin Peaks .....najdobra serija na site vreminja...od nea proizlegoa serii kako X- Files , Lost i dr.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Chuck беше добра до четврта сезона,a сега.... ја утнаа работата.Многу детска ја направија четврта сезона, ја изгубија сериозноста во шоуто. Не дека беше кој знае колку сериозна серијата но сепак пак имаше некој стандард.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
The IT crowd


Многу добра комедија. Има излезено 4 сезони со по 6 епизоди од по 20 минутки. Во серијата е прикажан животот на двајца geek-ови кои работаат во една фирма, во одделот за информатичка технологија, и нивната соработничка која нема блага веза од информатика. Има многу смешни ситуации, на сите на кои бараат серија за опуштање им ја препорачувам.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Futurama



Леле топ е серијава. Одлична комедија. Неколку епизоди се пародии, на пример сега ми текнува на Титаник. Има упте али не ми текнуваат. Имам изгледано две сезони и сум презадоволна.
На секоја епизода на почетокот се појавува по една различна реченица, нешто слично како во Симпсонови. Бтв сите кои ја сакаат Симпсонови нека ја изгледаат, дефинитивно ќе ви се допадне.
Се работи за Фрај, кој несакајќи оди во иднината 1000 години. Таму се спријателува со еден робот Бендер кој е многу себичен, еднооката девојка Лила, стариот професор кој уствари му е внук на Фрај итн.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
9 август 2008
Мислења
218
Поени од реакции
109

Луд, Збунет, Нормален (Lud, Zbunjen, Normalan)

Еве нешто наше, Балканско. (IMDb: 9.0)
Една од најдобрите серии што сум ги гледал и што секогаш ќе ме насмеат.
Се работи за тричлено семејствоИзет, Фарук и Дамир.
Изет (Фазлинович) е главниот лик во серијата, тој е вдовец и има околу шеесет години. Како дете бил сирак. По убедување тој е тежок кумуниста и секогаш кога му треба помош се обратува пред сликата на Јосип Броз Тито. Покрај своите кумунистички ставови тој е многу алчен па и на своите најблиски работи за пари. Поради тоа е главен организатор на разни превари. Многу сака да ја пие херцеговачка Максузија (ракија). Сака да зборува за својот љубовен живот и комунистичкото минато.
Фарук е единствен син на Изет. Ради како музички продуцент (->радио) и поседува музичко студио Акорд. Тој е голем противник на татко му Изет со кого често се караат. Не сака многу да работи така целиот ден го поминува во барот близу до неговото студио Сан Ремо. Студиото не му работи како што треба па често смислува идеи како да дојде до пари.
Дамир е единствен син на Фарук и внук на Изет. Тој е резултат на една стара љубов на Фарук. Мајка му го родила и го оставила на Фарук и Изет да се грижат. Тој е единствениот нормален член на семејството Фазлинович. Студира медицина во Сараево и е еден од најдобрите студенти.

Уште многу легенди како Чомбе, Дино, Рефко (3-4), Енес, Самир, Стјепан, Џуро, Марија, Споменка, Сенка, Ивана, Џидо Мова, др. Џиџимилович, Џефика, Буба итн.

До сега има излезено 102 епизоди и уште е во тек снимањето на 4 сезона.
Нова епизода излегува секоја недела на FTV, но достапна е за гледање на YouTube и за симнување.

Штета за оној кој не ја гледал серијава.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Дај кажете некоја серија со драма, напнатост, мистерија, акција? Нешто слично на Лост, Бреајкинг Бед, Декстер.
Многу различни жарнрови си одбрал, но сепак заедничо е тоа што се тешки драми па за тоа би ти ги препорачал

Carnivale (која е многу слична на Лост)
Twin Peak (мајката на сите драми)
Babylon 5 (таткото на Лост)

Ако сакаш нешто слично на Breaking Bed тогаш гледај
Damages
Ligths Out

А за Декстер единствена што ми паѓаа на ум е The Sopranos .
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.056
Многу различни жарнрови си одбрал, но сепак заедничо е тоа што се тешки драми па за тоа би ти ги препорачал

Carnivale (која е многу слична на Лост)
Twin Peak (мајката на сите драми)
Babylon 5 (таткото на Лост)

Ако сакаш нешто слично на Breaking Bed тогаш гледај
Damages
Ligths Out

А за Декстер единствена што ми паѓаа на ум е The Sopranos .
+ 1 за Carnivale. Серија ипол. Ја гледав пред 2-3 години, кој сака потешки серии обавезно оваа.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.511
Поени од реакции
33.676
+ 1 за Carnivale. Серија ипол. Ја гледав пред 2-3 години, кој сака потешки серии обавезно оваа.
:vozbud:

Обожавам мистерии, колку и малку одговори да дадат. Серијата колку што сум изгледал доаѓа нешто као lost meets fringe, само не толку модерна. Немам изгледано многу, само 7 епизоди, по саат трае епизода и многу ми се допаѓа. Фин предлог. :smir:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Community



Паметна комедија. За мене барем. Моментално е во тек втората сезона, али дефинитивно не губи на квалитет.
Се работи за студентите на еден државен колеџ во Америка (а сите знаеме какви се тие) и за нивните згоди и незгоди. Значи, тука е адвокатот Џеф, плавушата Брида која упорно оди against the world, чудниот Абед, самохраната мајка Ширли, бубалицата Ени која светот го гледа низ розови наочари, Трој, и старецот Пирс кој мене лично ми е најНЕомилен лик. Професорите се кој од кој побетер.
Главниот лик е неверојатен талент за комедија и е ептен згоден :) Не му ја гледајте сликата на имдб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom