Предзнаци на Судниот ден (Ислам)

Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
1. О, луѓе, плашете се од Господарот свој! Навистина, кога Крајот насветот ќе настапи, потресот ќе биде големо случување!
2. На Денот кога ќе го видите вие, секоја доилка тоа што го дои ќе го заборави, а секоја трудница својот плод ќе го изгуби и ти ќе ги видиш луѓето пијани, а тие нема да бидат пијани, туку Аллаховта казна ќе биде жестока!(Ел Хаџ)

-Зарем тие чекаат Крајот на светот ненадејно да им дојде, а веќе дошле предзнаците негови? А што ќе им користи нивната опомена кога тој ќе им дојде? (18, Мухаммед)

Возвишениот Аллах го испратил Мухаммед а.с. со вистина и како радосна вест и опомена на луѓето пред настапување на Крајот на светот. Не оставил ниедно добро дело а да не го упатил својот уммет[1]да го извршува; а ниту било кое лошо дело, а да не го упозорил својот уммет на него. Бидејќи ние муслиманите сме последен уммет,а Мухаммед а.с. е последен Пратеник, Возвишениот Аллах го одликувал овој уммет со предзнаците за настапувањето на Судниот ден, кои ќе се случат на оваа заедница. После Мухаммеда.с. не постојат пратеници кои би им ги објасниле на луѓетоовие предзнаци и за тоа што ќе се случисамиот крај на овој свет , навестувајќи ја неговата пропаст и почеток на новиот живот.

6. Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата
нивни да им се покажат;
7. тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го
види,
8. и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го
види!
(Куран,Ел Зилзал)

Поради големата завземеност на денешниот човек со овој свет, често се случува тој да заборави потполно или делумно на Крајот на светот и полагањето на сметките. Причината за тоа е слабата подготовка на истиот со работење на добри дела. Но Возвишениот Аллах сакал да не потсети на скорото доаѓање на Крајот на светоти да ни укаже на вистинитоста со појавувањето на неговите предзнаци.
Кога би го спомнувал Судниот ден Пратениковото благословено лице би поцрвенело, гласот би му се зголемил, неговата срдост би се зголемила, а неговите другари-асхабите би се уплашиле помислувајќи дека Судниот ден само што не настапил.
Некои од имињата на Судниот ден:
-Час на оживувањето
-Ден на оживувањето
-Судниот ден
-Ден на тагата
-Оној свет
-Ден кога еден друг ќе довикува
-Вечна куќа
-Ден на страшниот суд
-Ден на собирањето
-Денот на полагањето на сметките
-Ветениот ден
-Денот со кој ви се заканува
-Денот вечен
-Денот на оживувањето
-Настан
-Час неизбежен
-најголема несреќа
-гласот кој заглушува
-смак на светот
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 08:13 ---
Ова се само некои од имињата со кои се укажува на битноста на оваа тема со која толку често се бави и самиот Куран и укажува на нешто големо за нас, нешто што секако треба да не загрижи и замисли и натера да размислуваме за Овој Ден кој сите нас не очекува.
Самото знаење за настапувањето на судниот ден преставува гајб или нешто скриено од нас. Кога ќе настапи Судниот ден Го знае само Аллах. За Тој час не го известил никого, ниту ангелите, а ниту своите пратеници.

-Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе сеслучи?“ Кажи: „Тоа го знае само Господарот мој, Тој во неговото време ќе го открие, а тежок
ќе им биде на небесата и на Земјата, сосема неочекувано ќе ви дојде.“ Те прашуваат како да знаеш нешто за тоа. Кажи: „Тоа само Аллах го
знае, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“ (Ал Араф,187)

Постојат мал, среден и голем Суден ден.

Малиот суден ден настапува со смрт на еден човек и завршетокот на неговиот живот.
Средниот суден ден тоа е смрт на една генерација, на што укажува и хадисот на Аиша р.а.
Големиот суден ден: тоа е проживувањето на луѓето од гробовите поради полагањето на сметките. Во Куранот се спомнати две врсти на Судниот ден, мал и голем.
Предзнаците на Судниот ден се делат на големи и мали.
Малите предзнаци на судниот ден настануваат во еден подолг периоди тие или настапиле или се очекува нивно настапување. Пример за мали предзнаци се: градење на високи градби, исчезнување на знаењето, раширеност на блудот, каматата, алкохолот, како и многубројни убиства, појава на многубоштво кајследбениците на исламот, барање на знаење кај помлади личности, нарекување на поздрав на само оние што ги знаеме, многубројно пишување на книги и друго.

Големите предзнаци на Судниот ден се например појавата на Деџал (Антихрист), спуштањето на Иса(Исус)а.с, Јеџуџ и Меџуџ (Гог и магог), појавата на Сонцето од Запад и сл.

Jusuf b. Abdullah b. Jusuf el-Vabil

Постојат голем број на мали предзнаци на Судниот ден, Повеќето или скоро сите од нив се остварени. Сите биле претскажани од Пратеникот Мухаммед а.с.

Предзнак-Градење на Високи кули од страна на босоноги чобани
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 08:15 ---


Ова е еден од предзнаците на Судниот ден кој се појавил минатото и се проширил се додека луѓето масовно не започнале со градење на кули и нивно украсување.Ова се бива со причина штошто Аллах џ.ш. Земјата ја прострел и ја потчинил на муслиманите и го зголемил иметокот поради зголемениот број на териториите кои ги совладале. Не поминало многу време и многу од нив почнале да се ослонуваат само на овој минлив свет што е болест на минатите народи. Таа болест најповеќе се изразувала во големиот ометок и негово трошење на она што шеријатски не е оправдано. На селаните и на ним сличните од сиромашните, им се укажала прилика за овој порок, така штосо стекнување на голем имот почнале со изградба на големи градби и нивен натпревар со истите.
Во двата „сахиха“ се пренесува хадис од Ебу Хурејре р.а. дека Пратеникот а.с. одговорил на Џибрил[1] а.с. за неговото прашање за настапувањето на Судниот ден:„..кога сточари ќе се натпреваруваат во градење на кулите, тоа е предзнак на судниот ден.“
Во Муслимовиот сахих се додава:„кога ќе ги видиш голи и боси чобани како се натпреваруваат во градење на кули.“
Во Ахмедовото предание се пренесува предание од Ибн Абас кој кажал: „О Божји Пратенику! Кои се тие голи и боси и гладни чобани? Пратеникот а.с. одговорил„Арапи“.
Хафиз Ибн Хаџер вели: „Натпреварот во градење на куќи има за цел да секој оној кој ќе ја гради куќата таа биде поголема од неговиот комшија. Може да значи дека се сака предимство со китење и дотерување. Голем дел од ова е денес присатно и уште повеќе се шири.“

Ова денес навистина е многу позната работа помеѓу арапите и многу е раширена. Последно нешто што е направено е кулата која доминира во Џедда, Саудиска Арабија и кој е воедно највисок објект на светот со над 1600 метри висина.
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 08:20 ---
Се враќа зеленилото во пустините

Еден од предзнаците на Судниот ден спаѓа и враќање на арапските земји во обилик на ливади и реки, како што вели едно предание кое го пренесува Ебу Хурејре од Пратеникот Мухаммед а.с.:
„Нема да настапи Судниот ден се додека не се врати арапската земја во облик на ливади и реки.“(Муслим,7/97)



Од овде се гледа дека некогаш арапските земји биле со зеленило и дека повторно ќе се вратат во зеленило како порано.Ова е и мудроста на овој хадис кој укажува и на минатото време и на идното време. И двата изрази се научно точни и потврдени.
Надворешното значење на хадисот укажува дека арапските градови ќе имаат вода во изобилие која ќе се користи за наводнување, а преку тоа ќе настанат ливади и шуми.

Двете вести иако не се поврзани укажуваат на остварување на овие зборови кои ни ги пренел Мухаммед а.с. пред 15 века.

Сахара се раззеленува
Една од последните светски познати вести е враќањето на зеленилото во пустините, посебно во Средна и Северна Африка и Арапскиот полуостров.
Ширење на пустината, суша и очај – тоа е тоа што глобалното затоплување и го „спрема“ на Африка – или барем така ни говорат.

Сепак, реалноста е поинаква – температурите стануваат се попогодни за милионите Африканци во најсувите делови на континентот.
Научниците сега увидуваат дека пустината Сахара и регионите во нејзина близина стануваат се позелени, благодарение на се почестите дождови, пишува „
NationalGeographic“. Доколку сценариото продолжи, дождовите ќе ги ревитализираат сушните региони.
Трендот на намалување на пустината е поддржан со моделот за менувањето на климата, кој предвидува враќање на условите од пред околу 12.000 години, со што Сахара ќе стане раскошна савана.
Зелените делови на пустината се гледаат на сателитските снимки од регионот, вклучувајќи го и Сахел, полупустинското подрачје на границата со Сахара, кое се протега на околу 3.860 километри. Фотографиите снимени во периодот од 1982 до 2002 година покажуваат дека зеленилото се шири во Сахел. Вегетацијата се зголемува и во централниот дел на Чад и во западен Судан, укажуваат научниците.
Ова веројатно се случува бидејќи жешкиот воздух има поголем капацитет да ја задржи влагата, која за возврат создава дожд, додаваат научниците.

Втората вест со откривањето на овие диносауруси ,индиректно укажува дека Сахара некогаш била зелена.
Фосили што неодамна се откриени во Сахара покажуваат дека пустината некогаш била влажно тропско место во кое живееле шест видови на необични, а можеби и интелегентни крокодили.
Истражувачите на новите видови влекачи има дале звучни имиња како крокодил-крмак (
BoarCros), крокодил-глушец (RatCros), крокодил-куче (DogCros), крокодил-патка (DuckCros) и крокодил-палачинка(PancakeCros). Тие оценуваат дека нивното откритие помогна да се сфати начинот на опстанок на крокодилите во минатото и сега.
Крокодилите чии фосилни остатоци се откриени живееле пред 145 до 65 милиони години, кога континентите биле близу еден до друг, а светот потопол и повлажен од денес.
- Бевме изненадени од пронаоѓањето на толку голем број видови кои живееле во ист период и на исто место. Секој вид на крокодил имал различен режим на исхрана и различно однесување. Изгледа меѓусебно го поделиле екосистемот така што секој вид го користел на свој сопствен начин, изјави палентеологот од Универзитетот „МекГил“ во Монтреал, Ханс Ларсон.
Ларсон и неговиот колега Пол Серено од Универзитетот во Чикаго ги проучувале вилиците, забите и коските на крокодилите со помош на специјални скенери кои овозможуваат „нуркање“ и внатре во черепот.
Двата видови, крокодил-куче и крокодил-патка, имале поразвиен мозок од денешниве крокодили, додека најопасен бил крокодилот-крмак, кој бил долг и до шест метри, можел да трча исправено и имал вилица со три пара заби налик на ножеви.

Сето ова е индикација повеќе да секој сам за себе размисли за духовното значење и пораките кои Единиот Бог ни ги пренел преку Пратеникот Мухаммед во време кога не постоеле никакви индиции за такви научни откритија како што се периодите на климатски промени, а се работи за милиони години пред воопшто да се појави човекот.


Вашингтон, 20 ноември 2010 (МИА) –
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 08:22 ---
Предзнаци на Судниот Ден: Распространетост на лагата




Лагата е одвратна навика и особина, а човекот кажува лага и е наклонет кон неа се додека кај Аллах не биде запишан како лажливец. Во хадис стои: „Во карактерот на верникот може да се најдат сите особини освен измамата и лагата.“ (Ахмед)
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с би се завртил од своите домашни кога би приметил некаква лага се додека не би се покајале.
Од предзнаците на Судниот Ден е да се прошири лагата меѓу луѓето, така што нема да остане никаква морална пречка која човек ќе го спречи да излаже или да пренесе непроверена вест покрај одвратноста на лагата и лошите последици кои таа ги предизвикува меѓу лугето.
Ебу Хурејре р.а пренесува хадис дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с кажал: „Пред Крајот на времето ќе се појават измамници – лажливци кои ќе ви доаѓаат со приказна која не сте ја чуле ниту вие ниту вашите татковци, па причувајте се да не ве заблудат и да не ве залажат.“(Имам Муслим)
Џабир ибн Семур р.а пренесува дека Ресулуллах с.а.в.с кажал: „Навистина пред Часот (Судниот) ќе има лажливци, па причувајте се од нив“ (бележи Муслим)
Од книгата„ Крај на светот’ М. Арифи
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 08:24 ---

Појава на јавен разврат
Со многуте зла и раширеноста на страсти пред крај на светот ќе се појави и јавниот разврат, кога човеќ ќе чини блуд на јавен пат, на очиглед на сите. Аллаховиот Пратеник саллааху алејхи ве селем, дека тоа ќе се случи и тоа е еден од предзнаците на Судниот ден. Значи тоа ќе бидат всушност два предзнаци- појава и раширеност на блудот, и неговото јавно правење без никакво устручавање.
Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник а.с. кажал: „нема да настапи Судниот ден се додека нема да остане никој на Земјата кој кај Аллах нешто ќе вреди и додека жена на сред бел ден[1] и на очиглед на сите не стори блуд на пола пат, а нема никој тоа да го осуди или да го спречи. Најдобриот тогаш ќе биде оној што ќе каже: „ Барем да се иставивте од патот!“ и тој некој кај нив ќе биде како Ебу Бекр и Омер кај вас.“[2]
Ова го поткрепува и горенаведениот хадис : „Навистина е од предзнаците на Судниот ден : да исчезне знаењето и да се појави незнаењето, да се пие алкохолот и да се прошири блудот...“ Во друго предание стои: „Ќе се појави блудот ќе се намали бројот на мажи и ќе се зголеми бројот на жени“.[3]
Овие два предзнака веќе се појавиле во нашето време преку тоа што го емитираат сателитските каналии интернет, од развратни филмови преку секвенците на блудните настапи и еротски слики, на кое верниците се срамат и да помислат.
На верникот и верничките е обврска да ја чуваат својата душа, да ги соборуваат своите погледи и да ги чуваат своите срамни места, и да бидат опрезни од мешање со луѓе развратници и да не ја забораваат молитвата за постојана чедност и крепост.



[1] Еве еден пример од Македонија пред некое време што го пренесе Сител:„Разврат среде бел ден во центарот на Скопје. Двајца егзибиционисти решиле страстите да ги задоволат под Камениот мост, едно од најфрекфентните места во главниот град. Ова е испратено од граѓанин за сителовата рубрика “На лице место”. „Љубовџиите“ се снимени во саботата околу пладне кога низ мостот и покрај кејот на Вардар поминуваат стотици луѓе. Актерите во аматерската снимка без око да им трепне дали некој ги гледа се впуштиле во акција. Од снимката не може да се види на која возраст се како и од кој пол се. Развратот на јавно место во Македонија се казнува според законот за јавен ред и мир од 2007. Ако полицијата ве фати на дело во автомобил или на отворено, во парк, на Водно или некоја друга локација треба да платите 400 евра казна. Во МВР досега нема пријава за однос на јавно место, очигледно полицајците им прогледуваат низ прсти на занесените љубовници. Граѓаните најостро го осудуваат ваквото недолично однесување во јавност. Парични казни има и во најголем број туристички земји. Сепак во исламскиот свет ваквото недолично однесување покрај затвор завршува и со камшикување.-Александар Динев“ (http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/seks-na-javno-mesto-se-kaznuva-samo-ako-ljubovdziite-se-fatat-na-delo)
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 08:31 ---
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Се’ што е вистинито и добро во крвавата кураишка верзија на верата, се’ е преземено од Христовата и е фалцифицирано во корист на крвавиот и лажен пророк!

Да, за чистата вера Христова зборувам - од која е се’ добро и вистинито преземено и - на која упатуваат сите вистински Пророци и Апостоли, од кои убедливо најголемиот дел се Евреии!







.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Аман веќе.. Крај на светот 2012, Нибиру, Маите, Вонземјанци, оној ќе дошол, тој ќе дошол тоа ќе направел.... Надвор е прекрасен ден, земете чист воздух... Едноставно уживајте во животот не се замарајте со крајот, ако не уживате сега кога ќе уживате?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.479
Поени од реакции
5.176
Последно нешто што е направено е кулата која доминира во Џедда, Саудиска Арабија и кој е воедно највисок објект на светот со над 1600 метри висина.
:pos:
Кој и да го пишувал ова е или неписмен или многу неписмен.
Кули изградени од..... босоноги чобани??? Ако мислиш на Арапите, т.е. газдите во Дубаи тогаш во право си, но инженерите.... тие се далеку од тоа.

Патем, највисокиот кат на некоја зграда на планетава е на 600 метри висина.



Сахара се раззеленува

Напротив, пустината Сахара годишно се шири по неколку километри.

И.... да, човештвото во оваа точка од развојот, практично е неуништливо.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Различните Земјини циклуси во нејзиното вселенско патешествие не се НИКАКОВ предзнак за апокалиптични сценарија и судни денови.
Тоа се познати и испитани појави, кои дирекно или индирекно влијаат врз животот на нашата планета.
Апсурд е да се става под знак прашалник - егзистенцијалната способност на човекот во 21 век.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Предзнак на судниот ден: Претерано украсување на своите куќи

Расипување со парите ииметокот, претераниот луксуз и трошење , ароганцијата и алчноста се покудени и непоаскувани во оваа вера Ислам. Вели Возвишениот:
„.. и не трошете непотребно, Аллах не ги сака расипниците..“


Ебу Хурејре , радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник , саллаллаху аллејхи ве селлем, кажал: „ Денот Суден нема да настапи се додека луѓето не почнат да прават куќи китејќи ги како облеката„мерахил“[1]. Хадисот значи дека оваа куќа ќе се кити и декорира во разни бои на шиена облека. Ова секако незначи дека е забрането да се уреди и среди куќата или да се стават убави завеси и прекривки во неа, туку е забрането претерувањето во китнењето и украсувањето, и ароганцијата и горделивоста која настанува од тоа дело.

[1] Облека извезена со разни конци и бои. Хадис од Бухари
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 15:32 ---
Појава на нови врсти на превозни средства




За спецификите на времето пред крај на времето и Судниот ден, за откритијата и изумите говорат неколку хадиси. На одреден начин хадисите алудираат на новини како што се многубројни трговски центри, превозни средства кои максимално го скратуваат времето на патување, а помеѓу останатото одредени учењаци наведуваат дека е алудирано и на појавата на автомобили. Вака тоа го наведува шејх Албани во делото „Ел Силсилету ес сахиха“ и др. Ибн Хибан бележи од Ибн Омер р.а. дека Пратеникот а.с. кажал: „Ќе се појави на крајот на мојот Уммет луѓе кои ќе седнуваат(да патуваат) на седла во нешто како средства за превоз, и ќе излегуваат покрај вратите на џамија, а жените ќе им бидат облечени- разголени.“[1]
Зборовите „налик на средства за превоз“ укажува дека се некои сосема нови превозни средства кои Пратеникот саллаллаху алејхи ве селем , не ги видел претходно, а најевројатно се автомобили. А Аллах знае најдобро.
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 15:37 ---
Освојувањето на вселената




-О дружини на џинни(невидливи суштества од енергија) и луѓе, ако можете низ границите на небесата и Земјата да продрете, продрете, ќе можете да продрете единствено со голема моќ! (Куран,55:33)
До пред скоро 100 години беше невозможно да се помисли дека човекот ќе успее да ја помине границата помеѓу небото и Земјата. Описот кој ни го нуди Куранот е многу впечатлив и јасен.Без огромна моќ нема да успееме да ја поминеме таа граница. Од наша точка на гледање Спогодувачката реченица овде е воведена со помош на зборот„лав“ кој изразува претпоставка која никогаш нема да се реализира за оние, на кои овој пасус се однесува.
Значи, во однос на освојувањето на вселената, се наоѓаме пред два пасуса на куранскиот текст, од кои едниот алудира на она што еден ден ќе се реализира благодарејќи ј на моќта која Бог ќе ј ја даде на човечката интелеганција и ингениозност, а другиот сугерира збиднување кое нема да го доживеат неверниците од Мека, оттаму и карактерот на спогодба што нема да се реализира. Но, тоа збиднување ќе го доживеат други, како што тоа го претпоставува првиот цитиран ајет.
А)Можноста се изразува преку зборот –„иза“. Можната и остварливата хипотеза е преку зборот –„ин“ и неостваривата хипотеза е преку зборот –„лев“.
Б) Бог овде директно се обраќа на луѓето и на џинните и со тоа е неутализирана можната алегориска стилска фигура.
Ц) Зборот „нефада“ означува продирањеи стои со зборот „мин“. Према речникот на фрази означува„да се помине и да се излезе од другата страна“(Како што стрела пробива и излегува)
Д) Моќта-Султан која овие луѓе треба да ја имаат за да се впуштат во ваков потфат доаѓа од Семоќниот. Тоа е она што ние го нарекуваме освојување на вселената со помош на интелектот даден од Бог. Исто така треба да се примети дека ајетот не само што предвидува освојување на небеските сфери, туку и сферите на Земјата и нјзините длабочини.Денеска планетите се користат за забрзување на свемирските летала.
-И ви дава да се користите со она што е на небесата и на Земјата, се е од Него. Тоа се, навистина, поуки за луѓе кои размислуваат. (Куран, 45:13)
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Предзнаци на Судниот Ден: Ненадејна смрт






Еден од предзнаците на Судниот ден е ненадејната смрт која се појави во наше време, многу често слушаме како некој одненадеж умрел од инфаркт, мозочен удар или загинал во сообраќајна или авионска несреќа и сл.
Енес ибн Малик, р.а, пренесува дека Веровесникот, с.а.в.с., рекол:„Од предзнаците на Денот суден е појавата на ненадејната смрт.“[1]
Луѓето во минатото можеле да го претчувствуваат доаѓањето на смртта, врз основа на болест која би ги снашла така што во болест минувале одредно време во кое можеле да почувствуваат дека тоа е болест која носи смрт. Во тоа време пишувале и опорака, би се простиле со своите, оставале аманет и совети на своите деца ... би се подготвиле за средбата со својот Господар, покајувајќи се за гревовите и изговарајќи шехадет(сведоштво за вистината-Нема друг бог освен Единиот Бог) со што и би го напуштале овој свет.

Денес, познавате човек кој е полн со здравје и сила, на ништо не се жали, кога одеднаш слушате дека преселил (починал) од инфаркт или удар или пак загинал. Навистина, ова е знак за паметните, секогаш да се биде во приправност и свесност, дека во секој миг може да дојде смртниот час и средбата со Аллах, џелле веала.

Искористи го времето за една сеџда(поклон) повеќе
Можеби смртта е таа што те вреба
Колку само здрави видов
Се разделија со душата без болест, ненадејно...

[1] Бележи Таберани во Es-Sagiru El-Evsatu, а Албани го оценува како добар во Sahihul-dzamii, хадис бр. 5775
 
B

Black Guard

Гостин
1. О, луѓе, плашете се од Господарот свој!

Каков е тој бог што сака рајата да се плаши од него,ова е само за контрола на масите и масовна лоботомија на која сме сведоци во многу исламски држави.
 
S

Sagan

Гостин
Читам и се смејам. Волку глупости на едно место одааамна не сум сретнал.
Која е финтата? Да ги заплашувате луѓето за полесно да ги манипулирате и привлекувате кон верата?
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Ако си христијанин ќе знаеш дека истово е и во библијата и евангелијата:




4. А вам, на Моите пријатели, ви велам: не бојте се
од оние, што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат;
5. но ќе ви кажам од кого да се
боите: бојте се од Оној, Кој по убивањето има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него бојте се!
(Лука 12/4,5)


Покажете должна почит на секого:Сакајте го братството на верниците , плашете се од Бог...(1 Петар,1:17)



28. И не
бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку бојте се повеќе од Оној, Кој може и
душата и телото да ги погуби во пеколот!Матеј 10/28)

(погледнете како концептот на казнување е ист како и Куранскиот, односно нема да бидат луѓето само се души да бидат на Оној свет туку и со тела)



49. зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;
50. и
*милоста Негова е од колено на колено за оние, што се бојат од Него.
*Псал.108,11;(Лука 1:49/50)




Тој извика со силен глас:„Плашете се од Бог и дадете Му слава.....(Откровение14:7)




40. А другиот, кога одговори, го искара и рече <Зар и од
Бога не се боиш, кога си веќе и сам осуден?(Лука 23)
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 18:06 ---
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 18:13 ---
Предзнак на Судниот ден: Потрес од кој морињата ќе зовријат




Кога Земјата силноќе се затресе (56- Ал-Ваки’а / 4)

Сите Курански кажувања во врска со доаѓањето, уште од моментот кога ќе почне уништувањето на светот, зборува за тоа дека на Земјата ќе се случи голем потрес.Во Куранот исто така јасно се говори дека тој потрес ќе биде многу силен. Во куранските ајети се кажува како овој потрес, кој планините во прав ќе ги претвори, ќе предизвика голема паника кај луѓето.Состојбата на морето е вака опишана :



-и кога морињата со оган ќе се наполнат. (81- Ат-Таквир, 6)
-И кога морињата ќе се отворат. (82- Ал-Инфитар, 3)
И навистина,за време на потресот кој планините во прав ќе ги претвори, од Земјата на многу места ќе излезезагреана лава. Лава која ќе избие од под морето ќе предизвика од својата преголема топлина зовривање на морската вода. Сосема е невозможно, потресот кој Мухаммед а.с не го доживеали кој можеби во својот живот не видел море, знаел дека за време на силниот потрес лавата може да доведе до вриење на морето. Од луѓето во тој период не можеме да очекуваме даго знаат потенцијалот на магматскиот слој, и тој потенцијал едноставно да може да доведе до вриење на морската вода.
И кога дивите животни ќе се соберат.. (81-Ат Таквир, 5)
Куранот го свртува вниманието кон собирањето на дивите животни во времето на големиот потрес во мигот кога ќе настапи Крајот на светот. Однесувањето на животните предпотресот и после потресот и денес го привлекува вниманието на научниците. За време на потресот утврдено е дека во зоолошката во Сиетл Вудланд слоновите чудно се однесувале и се фрлале од место до место. Слично нешто се случи и за цунамито во Индонезија 2004 кога слоновите и другите животни и пред да настапи земјотресот побрзаа на повисоките места. Потресот и чудната реакција на животните за време на потресот и понатаму се предмет на истражување.Сметаме дека после читањето на Куранските ајети околу ова прашање, би било корисно да се продлабочи ова истражување.

-3. и кога Земјата ќе се растегне,

-4. и ќе го исфрли тоа што е во неа, и потполно ќе се испразни, (84- Al-Иншикак, 3-4)
Во цитираните ајети 84. куранската сура ”Ал Иншикак” предупредува на исфрлање надвор на тоа што Земјата го носи во себе, а тоа исто така го подржува и мислењето дека во времето на силниоткраен потрес, лавата ќе избие на површина во многу делови од Земјата.Возвишениот Аллах со Куранските кажувања сака да ги насочи човечките мисли кон најсериозниот настан кој ќе и се случи на Земјата.
Развојот на науката во модерното време и сите релативни научни откритија укажуваат дека Земјата и цел универзум очекува неизбежен крај, декасепак, ќе се случи Крајот на светот за кој што говори Куранот. Конечно никој веќе не може да рече дека ѕвездите вечно ќе постојат, дека Сонцето вечно ќе сјае, дека никогаш нема да исчезне овој Универзум и оваа Земја.
Куранот тоа го рекол во период во кој не постоело никакво научно откритие за ова прашање, и повторно не згрешил. Инаку веќе постојат знакови дека во универзумот ќе се случи општа катаклизма исто како штоКуранот тоа го кажува.

Зарем тие чекаат Крајот на светот изненадно да им дојде, а веќе предзнаците негови се тука? А што ќе им користи опомена кога тој ќе им дојде? (47- Мухаммед, 18)
 
V

Vollstandig

Гостин
Toчно дека истото го има во библијата, па плашејќи се рисјаните од науката и тие предзнаци да не дојдат предвреме, за време на инквизицијата сите научници ги испозапалија, од играње расипан телефон со верски книги...
 
S

Sagan

Гостин
1. Атеистите имаат поголемо општо знаење за религијата од самите верници. 2. Точно затоа што им требаат факти за да ги побијат во нивните проповеди;)
3. Btw не верувам дека целосно си ги прочитал а не си се навлекол. Тоа ти е како да кажиш дека во цел баталјон во војска само тебе не ти го испрале мозокот(y)
1. Да, затоа што најчесто атеистите се освестени екс-верници.
2. Не, не сметам дека треба да разубедувам некој да се откаже од своето замислено пријателче. Ако така му е полесно, нека си ужива.
3. Библијата два пати (мислев, сум пропуштил нешто). Куранот еднаш. И Mein Kampf го читав до крај, па не сум нацист :icon_lol:
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Појава на разновидни и многубројни безредија



Овој предзнак на Судниот Ден е еден од знаците кои почнаа јасно да се распознаваат во нашево време. Факт е дека денешниот човек е втурнат во виор на безредија и искушенија. Меѓу првите искушенија е гледањето на харамот(забрането-голотија,неморал) кој секојдневно се прикажува преку сателитските програми, печатените медиуми, преку интернет, и преку разните слики и видео-клипови кои се испраќаат од мобилните телефони.
Кој ги пренебрегне и се сочува од овие и слични харами поради стравопочит кон Возвишениот Аллах, неговиот Господар ќе му го надокнади тоа со иман(верување) чијашто сласт ќе ја почувствува во своето срце. Второто искушение е олицетворено во леснотијата на земање харам имот, по пат на камата или мито, но и преку продажба на забранети работи-алкохол, дрога, тутун и сл. Оние кои стекнуваат имот на харам начин спаѓаат во групата на оние чии дови(молитви) не се услишуваат и на кои Аллах им ветува болна казна.
Искушение на денешното време е и облекувањето забранета облека, и од страна на жените и од страна на мажите. Сите овие и слични влетувања на луѓето во најразлични искушенија и фитнет предизвикале богобојазливиот и чесен човек да биде окарактеризиран како чудак во својата околина. Инаку, фитнет е еднина од зборот фитен, а означува збрка, искушение, испит, и се користи за сè она што е укорено, осудено.
Пратеникот с.а.в.с. ни навестил доаѓање на огромни искушенија. Верникот едвај ќе може да ја распознае вистината од лагата. Секогаш кога ќе го снајде некое од тие искушенија, тој ќе повика „ова ќе ме уништи“. А кога тоа искушение ќе престане, веднаш по него ќе дојде друго. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: „Дочекајте ги со добри дела искушенијата кои се налик на најтемниот дел од ноќта; тогаш човекот ќе осамне како верник, а ќе заноќи како неверник, и ќе заноќи како верник, а ќе осамне како неверник. Ќе ја продава својата вера за незначителна дунјалучка(овосветска) полза.“
 
M

Muranyi

Гостин
Interesen koncept na religijata,potocno Islamot-napravi vernikot da gi napolni gakite od strav.Pa zamisli ova da go cita covek bez obrazovanie.I posle se raznesuvale so bombi.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Исламот е крајно сериозна работа. А оној што мисли да се разнесува со бомби има јасни ајети да не се убиваат. Па ако навистина се плашат од Аллах нема да го прават тоа, ама ете и таквите не се имуни на пеколот, посебно ако имале погрешни мотиви. Делото кое не е искрено нема да биде прифатено од Бог, никогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom