Првите пишани знаци за комуникација врежани се во македонските карпи

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Првите пишани знаци за комуникација врежани се во македонските карпи, два милениуми пред древните Египќани да почнат да пишуваат и исто толку пред Сумерите, тврди Марко Мерлини шеф на катедрата за археологија на романскиот универзитет Сибиу и директор на Институтот за археомитологија во Рим.

Системот за пишување кој се развивал во Европа, посебно во Македонија датира од предисторијата и тоа 2000 години пред постанок на египетското и сумерско писмо тврди д-р Марко Мерлини - експерт за карпеста уметност. Научниците се едногласни во оценката - карпестата уметност е личната карта со која во светот Македонија гордо ја идентификува својата научна мисла, култура и историја.

Токму карпестата уметност е еден вид праисториски Ерусалим не само за Македонија но и за Европа воопшто констатира Душко Алексовски - професор по карпеста уметност на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Иако во 70-тите од минатиот век карпестата уметност за дел од домашните научни кругови немала право на граѓанство, аргументите тешки еден милион цртежи и 30 илјади фотографии направени на 30 локалитети во Македонија го победиле скептицизмот. Сега таа е дел од наставно истражувачката програма на Штипскиот универзитет Гоце Делчев.

За пошироко запознавање на јавноста со овој дел од македонската предисторија говори и таканаречената патувачка изложба со 80 фотографии направени на повеќе локации кои ја доловуваат ретроспективата за почетоците на европската писменост, токму тука - во Македонија.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=53947
______________________________________________________

Супер ... иако тоа го знаевме.

Само се нервирам кога не им веруваме на нашите научници ... па треба да дојде некојси италијанец за да го кажат тоа на вести. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom