Прва изложба за војводата Дедо Иљо Малешевски

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Пред три дена е отворена изложба под наслов „Војводата Дедо Иљо Малешевски”, организирана по повод 130-годишнината од двомесечната слобода на Пијанец и 110 години од смртта на познатиот ајдутски војвода Иљо Марков Малешевски.

На изложбата ќе бидат презентирани бројни документи, карти и фотографии на оваа значајна историска личност, како и неколку лични предмети.

Авторката на концепцијата за изложбата Мирјана Нинчовска, виш кустос во Историскиот оддел на Музејот на Македонија, која изминатите 5-6 години работела на истражување на материјалот од музејски аспект, напоменува дека ова е прва изложба посветена на Иљо Малешевски во земјава, која на посетителите ќе им понуди слика за неговиот живот и ајдутската и револуционерна дејност.

Презентираните материјали потекнуваат од повеќе музеи, архиви и библиотеки во Македонија, Бугарија и Чешка, а посетителите ќе можат да го видат и факсимилот од текстот со впечатлив цртеж на војводата објавен во списанието „Kvety“ во Прага во 1867 година, како и фотографиите од неговиот син Никола, од Димитар Поп Георгиевски и др. Изложбата ќе ја отвори д-р Никола Жежов.

Постете го музејот на Македонија. Видете одблиску. Потврдете си го знаењето за големите Македонци!

Не е важно како, може и Кајганџиите организирано да одат на посета. Вреди да се погледне!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom