Потекло на името Македонија! *update*

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
А зошто се вика тогаш и во други јазици “СУШИ“ а не само кај нас?
Ај да ми речиш дека Тавче Гравче е македонско име, ама за „СУШИ“?
To е чисто јапонско име што потекнува од јапонија, и секаде во целиот свет се прифаќа она име за кое не може да се најде соодветно име на својот јазик.
Ај прочитај уште еднаш и размисли! Не гледаш дека иронизирам со таквиот начин на толкување на зборовите?
 
V

Vollstandig

Гостин
Дали некој имаше проверено, на google translate, се поддесуваше From English - To Hindi, да преведи, кога ќе пишев Mother of Earth или Mother of Sun ич не можам да се сетам што пишев, излегуваше Маkedonya.
Ако знае некој што се пишеше на англиски нека пиши се отепав од преведување не ми излегува ништо:)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Дали некој имаше проверено, на google translate, се поддесуваше From English - To Hindi, да преведи, кога ќе пишев Mother of Earth или Mother of Sun ич не можам да се сетам што пишев, излегуваше Маkedonya.
Ако знае некој што се пишеше на англиски нека пиши се отепав од преведување не ми излегува ништо:)
WORLD OF MOTHER напиши.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Се извинувам што одам оф-топик, но дали некој знае од каде потекнува зборот:
„ПАЈТОН“
Грчки?, Турски?, Македонски?... :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Дали некој имаше проверено, на google translate, се поддесуваше From English - To Hindi, да преведи, кога ќе пишев Mother of Earth или Mother of Sun ич не можам да се сетам што пишев, излегуваше Маkedonya. Ако знае некој што се пишеше на англиски нека пиши се отепав од преведување не ми излегува ништо:)
Проверено е oд порано, но дури сега излегува во јавноста.

Напишете светот на мајката во превод од македонски на хинду и слушнете како се изговара на хинду!

http://translate.google.com/#mk|hi


Ако пак тоа не ви се верува, напишете на англиски world of mother и слушнете како се изговара на хинду!

http://translate.google.com/#en|hi|world


Ова треба да оди на youtube...
 
V

Vollstandig

Гостин
Проверено е oд порано, но дури сега излегува во јавноста.

Напишете светот на мајката во превод од македонски на хинду и слушнете како се изговара на хинду!

http://translate.google.com/#mk|hi


Ако пак тоа не ви се верува, напишете на англиски world of mother и слушнете како се изговара на хинду!

http://translate.google.com/#en|hi|world


Ова треба да оди на youtube...
Па стави еден клип на јутуб:)
А зошто пак, имаме толкава голема поврзаност со Индиските јазици?



 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Култот на Големата Мајка бил централен култ на античките Македонци.
Овој култ потврден од големиот број на археолошки наоди, особено во северните региони на Република Македонија, почнал да се шири насекаде на Балканот и се смета дека бил првиот култ на домородното население.



Ма - неолитската божица од Македонија


Доколку се обидеме да ја објасниме етимологијата на името "Македонија", според тезата на грчката историографија, дека тоа потекнува од старогрчкиот збор μακεδνός (Македнос) со оригинално значење " високи" или " планинец ", како описен збор за луѓето, за жал, античките Македонци никогаш не биле претставени како високи луѓе, ниту коските кои се ископани насекаде во регионот на Македонија не им припаѓале на високи луѓе.

Старите Македонци биле со средна височина, како што е наведено од страна на многу историчари.



Наместо тоа, многу поверојатно е да се претпостави дека името Македонија (Македонци) може да биде поврзано со овдешните домашни култови, а токму во Големата Мајка (Магна Матер) претставена е нивната врховна божица.


Доколку се прекрши името Маке-донија и етимолошки ги дефинираме двата дела, го добиваме следново:


а) МА – како основа од МАКЕ означува - жена, мајка во сите индоевропски јазици.

Како примери можеме да ги наведеме “Матер“ на латински, “Мадре“ на шпански, “Мама“ на англиски и “Мајка“ на македонски и останатите словенски јазици.



Важно да се напомене е дека *МА е алтернативното име на трачко-бригиската божица Земеле, во превод “Мајка на земјата“, а коренот на ова античко име и денеска опстојува единствено во словенските јазици како име за почва, хумус – Земја/Земља/Земље/Земла/Зиемиа и сл.


б) ДОН – ДИОН(А) означува - Бог, божество, божица.

Култот на Големата Мајка е познат и од античката беседа Диона од Додона.
Диона е индоевропско име кое претставува титула – Божица, етимолошки женска форма од Зевс.
И Афродита понекогаш била именувана како „Дионаеа“ или „Дионе“, односно “божица“. [1]


Светилиштето Дион во подножјето на Олимп во јужниот дел на Македонија, беше главниот религиозен центар на Македонците. Таму ги собрал Александар своите војски пред да тргне во својот освојувачки поход.

* Маке - дионае *


Од приложеното произлегува дека МАКЕ-ДОНИЈА претставува земја на Божицата Ма, позната уште како и божицата Голема Мајка, Мајка на Земјата, Божица на Плодноста, Мајка на Раѓањето, Гаја, Ѕебеле/Земеле и др.


Во Македонија, Големата мајка (Магна матер) беше најобожуваниот култ во неолитот. Најраниот запис датира од периодот од 6500-3500 п.н.е. и до денес сме сведоци на силниот белег кој го оставил матријархатот врз овдешните култури и верувања, кој се зачувал во името на Македонија и Македонците.




Македонска Искра
За мене најлогично толкување на зборот Македонија е зборот Мајка но во изменета форма со сродно но различно значење. За жал денес поради негативни наведувања од народните приказни зборот МАКЕА има негативен контекст. Дали секоја макеа мора да биде лоша жена што сака да им пакости на децата на нивната родена мајка? Не. Макеата може да биде жена што ги љуби децата што ги наследила. Кон што целам? Зборот “макеа“ симболизира мајка на туѓи деца па така мислам дека МАКЕА(ДОНИЈА) е мајка на сите деца што живееле на земјата позната на предците од пред илјадници години. Гледаме колку сме блиску до објаснувањето.. Се се вклопува- големата мајка божица како сувишен симбол за старите народи. Не можам да го објаснам остатокот од зборот- ДОН или ДОНИЈА, но за Макеа сум сигурен.

Браво за тие што го открија преводот на хинди. неверојатно. :)

--- надополнето ---

Луѓе, се навратив да ги прочитам сите коментари и сум разочаран колку малце ви треба да се спуштите под достоинствени нивоа. Има потреба за меѓусебно вреѓање? Дел од конструктивна дебата е да има СПРОТИВСТАВЕНИ тврдења.

Друга работа, има многу забегување. Ама ептен забегување. Некои од вас си создаваат имагинарни светови каде што секоја теорија ја земате за факт а фактите се оживеани во лично убедување дека БИЛО ТАКА....а не знаеме, и на кого му е гајле кога се работи за подробности.

Да не бидам сфатен погрешно. Се залагам да извадиме теории за името на македонија и да ги браниме со истражување и факти, но мета на теориите треба да се конкретни поими а не приказни како брегови и песоци и слично.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Се извинувам што одам оф-топик, но дали некој знае од каде потекнува зборот:
„ПАЈТОН“
Грчки?, Турски?, Македонски?... :)
Turski..JOK
na turski bi bilo
araba N
araba atı N
araba boyası N
araba camını açmak V
araba camını kapamak V
araba dolusu yük N
araba döşemesi N
araba falakası N
araba gezintisi N
araba geçebilir A
araba gövdesi N
araba kapısı açılınca yanan lâmba N
araba koltuğu kafa dayanağı N
araba kullanan kimse N

ARABADZIJA....

na gejski e arma.....

na Makedonski e Pajton...
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
16
Ематија се смета дека е најстарото име со кое била нарекувана Македонија од страна на грчките морепловци кои пловеле кон север во далечното минато пред нашата ера.

Според една легенда, Е(А)матон се сметало дека бил македонски крал,додека според друга , е поврзано околу роднинската врска со Македон, според која, е запишано дека се работи за негов син.Името на државата се објаснувало и според физичките особености на земјата и се доближувало најблиску со грчки збор кој би означувал песок.
Според друго толкување,станува збор за старобалканско име што го содржи фригидниот збор за земја, и дека претставува и грчка калка за домородно име.Покрај името Ематија,од страна на грчките морепловци,крајбежјето на Македонија било означувано и со името Тракија(денешна Бугарија).

Најстарите податоци за Македонија ги среќаваме во Илијадата на Хомер,каде се споменати: реката Аксиос (Вардар),потоа Пајонците(антички племиња, се смета дека се населени пред четврти или петти век пред нашата ера) кои живееле крај реката,градот Амидон од устието на реката,како и областите Пиерија,Ематија, а според родоначалникот Пелагон и областа Пелагонија.

Од причини што Македонија се уште не била,односно Македонците во тоа време немале единствена држава,не се споменати под нивното подоцнежно име.Некои размислувања на еминентни лингвисти сметаат дека името Македон претставува грчки превод на нивно постаро и првобитно име Кауконци.Доколку ваквото гледиште се смета за точно и исправно,во тој случај би значело дека најраното споменување на Македонците под името Кауконци би се толкувало во Илијада,како сојузници на тројанците задно со Пајонците.

Според легендарното кажување на античките автори,Македонците своето име и својата земја го добиле по епонимниот херој Македон.Според сочуваниот фрагмент на Хесиод,кај византискиот цар и писател Константин Седми,во делото за темите вели:
- ‘Областа Македонија (го носи името) по Македон,син на Зевс и Тија,ќерката на Девкалион како што кажува Хесиод; ‘Таа (Тија) откако затрудне,со богот на молњата Зевс,му роди два сина – Магнет и Македон борбениот коњаник,кои живееле околу Пиерија и Олимп’’.

Според други автори,притоа цитирајќи го Хеланик и неговото дело ‘’Светковини од Аргос”,царот Констанин Седми Порфирогенит пишува дека Македонија била така наречена по ‘’Македон ,синот на Еол'',по кого се нарекувале Македонците кои тогаш сами живееле меѓу Мизите.
Истојмениот владетел и други историчари во врска со потеклото на името Македонија објавиле теза дека: “Дел од Македонија се нарекува Макетија’’

Во коментарите на Илијадата и Одисејата од далеку попознатиот старогрчки писател Хомер,кои настанале во периодот од третти-от век пред нашата ера, па се до дванаесетти-от век од новата ера неговите критики биле запишани како сколии.Во сколиjaта кон стих 226 се вели дека:
a)”Македонскиот Олимп е место на живеење на боговите.Пиерија е гребен на таа планина,а Ематија порано се викала Македонија’’.
б)’’Македон,син на Зевс кој владеел со македонската земја околу Тракија,ја нарекол според своето име”.(Македон имал две деца,Аматос и Пиерос,по чии имиња се нарекуваат истојмените градови”).


Извори за подетални информации (Strabon,Georaphia);(Steph Ethica)(Homer препев од М.Д П.)
(de Macedonum nominis vi antique) и други.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.314
Поени од реакции
6.174
Овака, ќе си го отвориш постот и ќе му направиш едит. Не постојат грчки морепловци, грчки зборови, и слично грчки работи. Постојат елински. грција, грк, грчко како поим се јавува во 18 век, само за да ги поврзат племево што се коти на југ со старите елини.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Веќе постои тема во врска со потеклото на името. Пред да отварате нови теми пребарајте слични теми.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Мене не ми е јасно,првин Македонци на грчки значеле високи луѓе,па по две недели на некој друг портал ке прочиташ Македонци значеле на грчки планинци...за да по некој месец наоѓаш дека Македонците повторно на грчки значело плави луѓе,односно као демек они не биле плави(ами исти црномурести како Грците) туку правеле мозаици затоа што посакувале да бидат плави ,демек виделе од варварите Келтите кога напаѓале:eek: ....сфаќаш дека нивните толкувања можеш да ги тумачиш само за пред голема нужда ...
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
16
Веќе постои тема во врска со потеклото на името. Пред да отварате нови теми пребарајте слични теми.
Значи темата е ''Толкување ..." што јас, не наидов на таква тема на форумов.А искрено ни немав намера да пребарувам слични теми кога оваа знам дека е автентична.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 21:34 ---
Овака, ќе си го отвориш постот и ќе му направиш едит. Не постојат грчки морепловци, грчки зборови, и слично грчки работи. Постојат елински. грција, грк, грчко како поим се јавува во 18 век, само за да ги поврзат племево што се коти на југ со старите елини.
Добро да те прашам Хомер што бил по националност Грк или Еленист?
А да ке заборавев, немам никаква намера да направам едит, затоа што се ТОЛКУВАЊА односно легенди,а да ти предложам, ти да си направиш едит затоа што поимот грк не би рекол дека се појавува во 18 век затоа информирај се подобро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom