Постои ли душа?

ReNaTa

-SHY- girl
Член од
1 декември 2007
Мислења
240
Поени од реакции
6
Ако е телото материјално, а душата нематеријална, тогаш како душата останува во телото? Се движи, а не го напушта?

na teloto mu e potrebna dusata, taa mora da ostane vo teloto. bez dusa nema zivot. covek bez dusa e mrtov covek (samo telo)
dusata go napusta teloto vo dva slucai: koga spieme (no se vraka) i zasekogas koga ke umreme.
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Па да у право си Рената ако немаш душа како ќе живееш мора нешто да има во нас нешто друго...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А објаснете ми го ова.Кога ќе речат за некого-а бе душа човек е!
Ако е тоа така какви се лошите луѓе.Ценам ако ми одговори некој на ова.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
54
Поени од реакции
0
Toa e stara izreka i ti ne ja sfakaj preseriozno :)
Spored toa sleduva deka losite luge nemaat dusa ... no bidejki sekoj ima dusa, valjda izdvojuvame dobra i losa dusa. haha demek pocnav da filozofiram! :) i taka, si kazav ja :)
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
54
Поени од реакции
0
A koga spieme velat dusala ni lebdela nad teloto ...
koj kako si ja sfaka temava :)
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Постои...

Сум слушнал дека додека спиеме душата привремено го напушта телото и оди на местото каде што сонуваме..и потоа се враќа назад во телото..
Кога човекот ќе умре душата(духот) засекогаш го напушта неговото тело и оди на небото...
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Душа = енергија тоа е тоа што го држи човекот во живот.

Нема што друго да се кажи на ова прашање.
 
K

kat.<3

Гостин
човекот живее поради душата во него,без нејзе и не може, но во моето мислење во животот на секој човек има една најчиста душа, убава душа која и дава сила на неговата, целата сила која и треба.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Непостои.....зборете шо сакате нема да го сменам мислењето :)
 

Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
постои,секако дека постои...
тоа го прави човекот во права смисла човек...
 

Gollum

Real in fantasy.
Член од
4 август 2005
Мислења
23
Поени од реакции
0
А објаснете ми го ова.Кога ќе речат за некого-а бе душа човек е!
Ако е тоа така какви се лошите луѓе.Ценам ако ми одговори некој на ова.
Кога ке речеме за некој дека нема душа, се мисли дека е нечовечен дека направил лошо дело(да не наведувам пример) а уствари тој е опседнат со моменталната функционалност на Човештвото, како пример: Човек кој бара идеи кој е весел кој троши пари за задоволства кој не се фокусира на материјалноста умира сиромав, богат со знаење, го сакале само блиските "клошари" бил одбегнуван од гратската заедница затоа што бил активен во работи кој не ги разбира секој (едноставно по смртта ке му речат "Човекот имаше дух". А од друга страна човек што се фокусира на материјалното на заработка на избегнување на ризик, сваќање на потребата на искористување на идеи, способен за итрина со тек на време искусува каде е и каде треба да помогне, од страна стои дека тој материјален човек е суров скржавец, тешко прифатлив, идиот, а во истиот момент сите го поштуваат му вршаат бесплатни ускоги еден збор (му прават лице) и се `арно зборуваат додека е жив и додека сите околу него гледаат некој момент за средба и голем успех.. и кога тој човек ке умре ке речеме дека беше човек без душа, ЕДНОСТАВНО само затоа што само бил Човек кој живеел според денешниот напнад ЖИВОТ.

Душа = енергија тоа е тоа што го држи човекот во живот.

Нема што друго да се кажи на ова прашање.
Многу незавршно си ги објаснуваш загатките ако живот=енергија
Тогаш што претставува енергија во овој термин? и немој само да ми ја напишеш недовршената и необјаснета равенка на забеганиот Е=mC2

Постои...

Сум слушнал дека додека спиеме душата привремено го напушта телото и оди на местото каде што сонуваме..и потоа се враќа назад во телото..
Кога човекот ќе умре душата(духот) засекогаш го напушта неговото тело и оди на небото...
Проби да се растереш на YouTube за Astral Travel кое е многу слично со твоето објаснување тоа е еден метод кој намерно се предизвикува и лично јас верувам во тоа *напоменувам дека мора да го сватиш на друг начин не само летање (нуркање во твојот мозок на фантазија)

na teloto mu e potrebna dusata, taa mora da ostane vo teloto. bez dusa nema zivot. covek bez dusa e mrtov covek (samo telo)
dusata go napusta teloto vo dva slucai: koga spieme (no se vraka) i zasekogas koga ke umreme.
BULL*** Мора еднаш засекогаш да се објасни нешто, дека Душа е именувано од нас. Душа е воопшто крајно термин кој засега е недофатен и неопишлив едноставно засега непостои. Сега за сега постојан термини и научни докази за Функцијата на нашито мозок. Дека секој што допира до овии термини Душа Духови Патувања во вид на дух тело и дух се Произлегува од нашиот мистериозен орган МОЗОК!? (си измислуваме цело човечко постоење прашања и сами си ги одговараме*)
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Мене не ми е јасно како се изразувате.Душата ја сметате како орган,викате без неа не може да се живее.Душата сме ние,а телото е нешто како робот од кој ние стануваме свесни дека сме живи.Да немавме тело ние ќе постоевме али немаше да бидеме свесни дека постоиме.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Проби да се растереш на YouTube за Astral Travel кое е многу слично со твоето објаснување тоа е еден метод кој намерно се предизвикува и лично јас верувам во тоа *напоменувам дека мора да го сватиш на друг начин не само летање (нуркање во твојот мозок на фантазија)
Астрална проекција (или астрално патување) е езотериска интерпретација на искуствата наречени „патувања надвор од телото“, при што астралното тело се одвојува од физичкото тело.[1][2] За разлика од сонувањето, астралната проекција може да се практикува намерно.
Идејата за астрално патување се базира на општоприфатеното религиозно објаснување за задгробен живот,[3] а патувањето на душата е опишано со термини како „патување надвор од телото“ при што патувачот го напушта своето физичко тело и патува со суптилното тело (или сонувачкото тело или астралното тело) во `други` области“.

Верувања

Астрална проекција или астрално патување се однесува на астралното тело или двојникот кое е дел од физичкото тело на човекот и кое може да патува низ астралот. Астралното тело во класичната средновековна и ренесансна неоплатонистичка филозофија, како и во подоцнежните објаснувања на теозофијата и розекрајцеризмот, е светлосно тело кое ги соединува душата и физичкото тело, а астралот е свет на светлина, кој се состои од сфери на планетите и ѕвездите, и претставува простор меѓу небото и физичкиот свет. Овие астрални сфери се смета дека ги населуваат боговите, ангелите, демоните и духовите.[5] [6]
Идејата за астралното тело се појавува во трудовите на францускиот окултист од 19 век, Елифас Леви, а потоа е присвоен од теозофите и од од херметичкиот ред Златна зора. Теозофите нашле поврзување на оваа идеја со некои древни текстови хинду.[7]
Терминот „астрална проекција“ се користи на два начина. Во редот „Златна зора“[8] и кај некои теозофи[9] се задржува класичното средновековно философско значење - патување во други светови,[10] но надвор од овие редови, терминот означува било какво не-физичко патување во рамките на физичкиот свет, а не само низ астралот.[11].

Астрална проекција

Најчесто при астрална проекција, оној што ја прави опишува дека се наоѓа во сфера која нема допирни точки со физичкиот свет. Околината може да биде исполнета со ентитети, но и не мора, може да е вештачка или природна, а најчесто потполно апстрактна, пријатна или стравична. Општоприфатено е верувањето дека оној што влегува во астрална проекција има пристап до мистичното знаење наречено Акаша записи. Речиси во сите случаи на астрална проекција, се влегува во астрален свет кој е налик на сон.[12] Некои изјавуваат дека самото „заспивање“ означува влегување во проекција.[13]
Астралната околина се дели на „нивоа“ или „светови“. Постојат бројни различни толкувања на структурата на астралните светови во различните традиции.[14][15][16]

Етерична проекција

Спротивно од астралната проекција, таканаречената „етерична проекција“ се опишува како способност да се движиш низ материјалниот свет, но со етеричното тело, кое обично (но не секогаш) е невидливо за луѓето кои се во своето физичко тело. Роберт Брус, Њу ејџ писател од Австралија, оваа проекција ја опишува како нефизичко ниво кое е најблиско до физичкиот свет.[17]
Споре окултистот и мистикот Макс Хендел, етеричкото тело е медиум меѓу астралниот и физичкиот свет. Според него, етерот е прана, „животна сила“ која ги овозможува промените кај физичките форми. Од ова објаснување произлегува дека кога некој при своето искуство на проекција го гледа физичкиот свет, тој воопшто не е во астралниот свет.[18]
Во книгите на Карлос Кастанеда проекцијата која е наречена „сонувачко тело“ е токму оваа етерична проекција.

Практикување

Во окултните традиции, практикувањето вклучува разни состојби - од состојба на транс до состојба на визуализација и контролирано дишење. Во трудовите на Алистер Кроули, се употребува терминот „Тело од светлина“, а при неговата употреба се префрла свеста од физичкото тело во него, како чин на волја.[19]
Старите шамански традиции на Индијанците, етеричното тело односно „сонувачкото тело“ го користат во секојдневието за обавување на некоја работа на голема далечина, кога не е можно да се стигне со физичкото тело. Ова е посебно објаснето во книгите на Карлос Кастанеда.[20]




значи не си во право ... :lazgo:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Многу незавршно си ги објаснуваш загатките ако живот=енергија
Тогаш што претставува енергија во овој термин? и немој само да ми ја напишеш недовршената и необјаснета равенка на забеганиот Е=mC2

BULL*** Мора еднаш засекогаш да се објасни нешто, дека Душа е именувано од нас. Душа е воопшто крајно термин кој засега е недофатен и неопишлив едноставно засега непостои. Сега за сега постојан термини и научни докази за Функцијата на нашито мозок. Дека секој што допира до овии термини Душа Духови Патувања во вид на дух тело и дух се Произлегува од нашиот мистериозен орган МОЗОК!? (си измислуваме цело човечко постоење прашања и сами си ги одговараме*)
Што е критериум за сфаќање на душата?
Се што постои се спознава со сетилата, или се поима со умот. И она што потпаѓа под областа на сетилата, ја има за доволен доказ самата чувственост, зашто заедно со воочувањето во нас се создава и претстава за дадениот предмет. Но она што се поима со умот не се спознава само по себе, туку врз основа на спротивното (она што се спознава духовно, не може да биде спознаено само по себе, туку врз основа на надворешните “сетилни” пројави, кои потпаѓаат под областа на нештата кои се спознаваат со сетилата; духовно, значи, се спознава врз основа на она што му е спротивно, односно врз основа на сетилата).Така и душата, бидејќи е непозната, не се спознава сама по себе, туку токму од своите пројави.
Постои ли душа?
Нашето тело е подвижно - или се придвижува од надвор или одвнатре. А дека не се придвижува однадвор јасно е по тоа што не се придвижува на начин како некој да го турка или влече, како на пример, што се придвижуваат бездушните предмети. Одвнатре, пак, придвижено, не се движи на природен начин, како на пример, огнот. Зашто огнот не престанува да се движи с# додека не престане да биде оган, како што телото, станувајќи мртво, не се движи, но останува телот. Значи, ако телото се прдвижува однадвор, како што се помрднуваат бездушните предмети, нити природно како, на пример, огнот, тогаш очигледно го придвижува душата, која и живот му дава. Ако, значи, се покажува дека душата му дава живот на нашето тело, тогаш јасно е дека сама по себе душата се спознава врз основа на она што & е спротивно (односно, врз основа на телото).
Дали душата е суштина?
Дека таа е суштина се покажува од следното: најпрво, природно, треба да биде кажано што е дефиниција за суштина, бидејќи таа е суштина. Потоа, каква е таа суштина бидејќи е една и иста по број, но способна е да прима состојби спротивни една на друга.
По с# јасно е дека душата прима спротивни состојби иако не отстапува од својата природа. Во неа може да се видат праведност и неправедност, храброст и плашливост, целомудреност и невоздржаност, состојби кои се спротивни една на друга. Ако, значи, својството на суштината се изразува во способноста за примање состојби кои се спротивни една на друга, тогаш јасно е дека и за душата важи иста таква дефиниција. Значи, душата е суштина. Потоа, ако телото е суштество, тогаш неопходно е и душата да е суштество. Бидејќи не може она што се оживува да има суштина, а она што го оживува да нема суштина. Зарем може да се каже дека она што е ништо и нема своја суштина ќе биде причина за она што има своја суштина? Или, повторно, ако нешто има живот во друг, и без тој друг не може да постои, тогаш кој безумник ќе каже дека тоа нешто е причина на тој другиот од кого го има животот?
Дали душата е бестелесна?
Горе е покажано дека душата се наоѓа во телото. Треба, значи, да се види како таа се наоѓа во телото? Ако е додадена на телото како што каменче стои врз каменче, тогаш и душата е тело. Тогаш не може да се зборува дека целото тело е обземено од душата, затоа што (во тој случај) душата е додадена само на еден негов дел. А ако таа се помешала и се слеала со него, тогаш за душата треба да се каже дека е сложена од многу делови, а не дека е проста, што се отфрла со самиот поим за душа. Бидејќи она што е составено од повеќе делови може да биде и деливо. Она што може да биде деливо, тоа е и разделиво. Она што може да биде разделено, тоа се состои од делови. Она што се состои од делови, тоа има три димензии. Она што има три димензии, тоа е тело. Кога тело ќе му се додаде на тело, тоа создава множество. А душата која се наоѓа во телото не создава множество, туку го оживува. Значи, душата не е тело, туку е бестелесна.
Уште: ако душата е тело, дали таа се придвижува одвнатре или однадвор? Нити се придвижува однадвор, затоа што не се турка и не се влече како бездушните предменти; нити се придвижува одвнатре, како што се движат битијата со душа, бидејќи би било неточно да се зборува “за душа на душата”. Таа, секако, не е тело: значи, бестелесна е. И повторно: ако душата е тело, има ли (таа) сетилни својства и се храни ли? Не, таа не се храни, а и ако се храни, не се храни телесно, како (што се храни) телото, туку бестелесно, бидејќи се храни со зборови и мисли (во оригиналот: “ Λογος”).
Од тука, таа нема сетилни својства, бидејќи (со очите) не може да се види ни праведноста, ни храброста, нити нешто од таквите појави, зашто тие се својства на душата. Таа, навистина, не е тело. Значи, таа е бестелесна.
Дали душата е проста?
Дека душата е проста се покажува, главно, со она со кое е докажано дека е бестелесна. Ако таа не е тело, бидејќИ секое тело е составено, а она што е составено сложено е од делови, а таа (душата) не е многуделна. Бидејќи е бестелесна таа е проста, зашто не е составена од делови.
Дали душата е бесмртна?
Јас мислам дека на она што е просто (по својата природа) му следува бесмртност. А на кој начин доаѓаме до таквиот заклучок? Слушај. Ниедно од постоечките битија не е распадливо само по себе, бидејќи во почетокот не беше така. Затоа што распадливото се распаѓа со делувањето на нешто спротивно на него. Заради тоа се што е распадливо, тоа е разделиво. А разделивото е сложено. А сложеното е многуделно. Она што е составено од делови, јасно е дека се состои од различни делови. А она што е различно, тоа не е исто. Според тоа, бидејќи душата е проста и не е составена од различни делови, исто така бидејќи е несложена и неразделива, таа заради тоа е нераспадлива и бесмртна. И пак, она што се придвижува од нешто друго, нема во самото себе животно начело, туку го добива од придвижувачот, и постои се додека е поседувано од таа придвижувачка сила. А се распаѓа штом престане да дејствува тоа начело. Тоа, пак, што не се придвижува од нешто друго, туку има движење само од себе, ако душата е самодвижечка, никогаш не престанува да биде, зашто на она што е самодвижечко му следи секогаш да е подвижно. Она што секогаш се движи, непрестано е. Она што е непрестано, бескрајно е. Бескрајното е нераспадливо. А нераспадливото е бесмртно. Од тука, ако душата е самодвижечка, како што е покажано горе, тогаш таа е нераспадлива согласно приложениот заклучок.
И уште: ако се распадливо пропаѓа заради сопственото зло, тогаш она што не се распаѓа по сопственото зло, нераспадливо е. Зло е она што се противи на доброто, затоа тоа и го разрушува. Бидејќи телото нема друго зло освен страдањето, болеста и смртта, како што се и неговите доблести – убавина, живот, здравје и сила. А злото на душата е страшливоста, распуштеноста, зависта и слично на тоа. Па сепак, сето тоа не ја лишува неа од животот и движењето. Значи, таа е бесмртна.
Дали душата е разумна?
Дека нашата душа е разумна, секако ќе се покаже врз основа на многу нешта, а пред се по тоа што е сама, и што пронашла (различни) вештини (“τας τεχνας” – уметностите, занаетските вештини, науката) кои се корисни во животот. Бидејќи вештините не се појавиле туку така, или случајно, зашто никој не може да каже и да докаже дека тие се неделотворни и бескорисни за животот. Значи, ако вештините допринесуваат во она што е корисно во животот, тогаш тоа што е корисно заслужува да биде пофалено. А она што е за пофалба создадено е од разумот. Вештините се откритие на душата. Значи, нашата душа е разумна.
Потоа, бидејќи нашите сетила сами по себе не се доволни за поимање на нештата, се покажува дека нашата душа е разумна. Зашто, за разбирање на битијата ние не се задоволуваме само со сетилните доживувања, бидејќи не сакаме да бидеме излажани во погледот на нив. Еве, не пример: нештата кои се различни по природа, - дали се еднакви по форма и слични една на друга по боја? – сетилното чувствување е немоќно да расуди. Бидејќи неразумни, сетилните чувствувања може да н& дадат само лажна претстава за нештата, додека ние ги постигнуваме со разумот. А дека навистина се е така, гледаме по тоа што овие појави чие постоење, форма, боја и т. н. сетилните органи му ги пренесуваат на умот (со што и се ограничува нивната улога), а душата потоа умее да ги употреби на корист, да направи избор и да ги претвори во она што нам н& одговара. Според тоа, ако на постоечките нешта сетилните органи, бидејќи се неразумни, може да им дадат лажна претстава (не ја поимаат до крај, во потполност, па може погрешно да ја претстава), постои умот (Ονους) кој за с# расудува, и с# вистински спознава како што е. Умот е разумниот дел на душата. Значи, душата е разумна.
Уште: ние ништо не спроведуваме во дело од она што најпрво не сме си го претставиле себе. Тоа не е ништо друго, освен вредноста на душата. Бидејќи умот не & е придодаден однадвор, како и спознанието на постоечките нешта, туку таа самата со мисловните сили, од самата себе, ги уредува нештата. Заради тоа во неа најпрво се прави преднацрт на некое нешто, а потоа се спроведува во дело. Вредноста на душата не е ништо друго туку с# да прави со разумот. Затоа што веќе е покажано дека таа прави разлика помеѓу спознанието кое & го даваат сетилните органи. Значи, душата е разумна.
Што е душа?
Суштина бестелесна, разумна, која пребива во телото, сопричина на животот.
Што е ум (νους)?
Најчистиот и разумен дел на душата за созерцание на нештата, и она што порано е доживеано ( преку сетилните органи).
Што се размислувањата (φρενες)?
Тие се сила на душата што се однесува на нешто, кои по пат на разумот се донесуваат (некој вид усогласени поими).
Што е тоа начин (обичај) (τροπος)?
Тоа е онаа состојба на душата, што произлегла од навиката.
Што е тоа чувство?
Орган на душата, сила на сетилата која е во состојба да прима впечатоци од надворешните нешта.
Што е дух (πνευμα) (ова се однесува исклучиво на функциите на човечката душа)?
Суштина без форма, која претходи на секое движење.

извор

... и пак не си во право ...:turn:
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Невидливиот свет кој е во нас се состои од дух , душа и разум т.е последниве две се дел од духот значи кога ке умреме ке го напуштиме телото со духот но бидејки ја имаме душата комплетно ке можеме да го чуствуваме истото она што сме го чуствувале дури сме биле во тело ...после смртта прочитав дека разумот и сетилата се изоструваат и мисловниот процес е многу забрзан и се одвива секавично кога душата е надвор од телото. Ако верувате дека сте живи со тоа што содржите душа во телото треба да верувате дека има многу паметен творец кој сето тоа ви го дал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom