Криптон е планета која што би требало да биде многу понапредна од земјата од секој аспект не само технолошки туку и културно понапредна, во човекот од челик тоа е сосема го нема, ни прикажуваат планета која што е само технолошки понапредна од земјата и многу вештачка, со почит ке кажам дека супермен од 1978 година тоа го имаше доловено одлично со легендарниот Марлон Брандо, со големо чувство направено да изгледа како Криптон е планета која што е културно и ментално многу понапредна од Земјата, технологијата на Криптон во тој филм не ја гледавме никаде, а секаде ја имаше, класа приказ на друга планета и тоа пред 35 години... така да голем минус од мене за приказот на Криптон.
Доообро бебето супермен кидна од планетата криптон и се упати кон земјата (јухууу) Генералот Зод е уапсен и е осуден во фантом зоната

, како да кажам ви текнува на прстените кои што се вртеа во првиот дел и како генералот Зод и другарите беа заробени во стакло и пуштени во вселената, по оригинално од тоа здравје, неможе да смислат ни на сон нешто појако од тоа (Class Act)
Да се вратиме на Земјата каде што јас очекував да го видам малиот супермен како прави супер финти расте ова она, ништо од тоа дирекно на 25 години и како се пронаоѓа себеси

во овој голем свет

(кој што подоцна супермен ќе направи да биде мал) патем и ваму таму по некој човек спасува (знаете неможе да одолее) и повремените flashback од детството за да ни објаснат како уствари се исчеличил до 25 години, бидејки нели го прескокнаа тој дел...
Сега е време да ја запознаеме Лоис Лејн (Ејми Адамс) која што во потрага по приказна оди на некое неверојатно ладно место каде што температурата ноќно време паѓа и до минус 40, ама тоа не ја спречува Лоис Лејн да излезе надвор уште првата ноќ со нејзиниот супермоќен апарат и да слика, јас незнам како сликна еднаш кон планината каде што има некое ископување и погледнува во ЛЦД екранчето на апаратот кое што беше 3 ипол инча најмногу, зумира и здогледува човек на 2 километра (ноќно време и да не заборавиме дека надвор е минус 40 степени) во бела маичка, чекај малце господине супермен па нели играше lay low комбинација неприметен, што е сеа шетање како на широк сокак, или пак мислеше дека никој не излегува навечер на антартикот па си рече ке одам со стил шо му е*** матер.
Готово Супермен знае кој е што е и што треба да направи, но сега доаѓа генерал Зод и му се заканува на човештвото дека ке го уништи доколку не му го предадат Кал Ел

полека бе пријателе од кај знаеш дека е тука од каде знаеш дека си многу помоќен од Планетата Земја, сепак тој ја заплашува планетата со својата технолошка моќ емитувајки "You are not alone" на секој телевизиски екран на Земјата, дури и на мобилните телефони

, не еден не два целата планета го бара Кал Ел тој да се предаде за да човештвото да преживее

, пологичен човек би рекол WTF и би побарал "Get me the president on a secure line... Should we nuke em Sir? Аpproved and god save us all...
Како и да е Супермен виде невиде си се предаде сам

, односно му се предаде на генаралот Зод кој што го бара Codexот кој што бил скриен на леталото кое што го донело Кал Ел на Земјата, НИКОЈ не му кажа каде е леталото или пак кој е всушност Кал Ел во реалниот свет, туку како по ѓаволите наеднаш се најдоа пред вратата на мајка му барајки го леталото

, во меѓувреме Супермен побегна од вселенскиот на кој што беше благодарение на Лоис Лејн која што без проблем се снајде на вселенски брод сместен на неколку километри од месечината.
И стигнавме до долго очекуваниот фајт, ке кажам одлично одработено, многу добро изработени фајт сцени со молњевита брзина благодарение на фактот дека сме 21 век, многу ми се допадна овој дел од филмот замислувајки како е да го гледам во 3Д, односно сакам да кажам токму ова го очекував од Супермен филм кога се работи за супер луѓе со натприродна моќ, скок пук потези со притискање на двете копчиња слично како на Супермен играта на маме32 или генерално гледано целиот фајт со еден збор одличен...
Прво полувреме заврши, се истепаа но Зод и компанија кодексот не го најдоа, сепак заклучија дека кодексот воопшто не им бил потребен, туку Супермен бил клучот, мислејки дека туку така ке го совладаат ја вклучуваат својата тераформинг машина (RTS gamers know the term) со цел да го уништат човештвото, чекај малце нели знаеа дека супермен веќе има план како да ги сопре машините, тука влегува во аспект блокбастер влијанието на масовно уништување (веќе видено минативе години) односно многу јаки визуелни ефекти како може за брзо време да се уништува град,планета итн, само јас како што знам секогаш кога Супермен бил на стража ниту еден човек не загинувал, а не па масовно да гинат, затоа нели по ѓаволите се вика СУПЕРМЕН, дури нели и времето го враќаше назад со вртење на Земјата да се врти во обратна насока само за да не загине никој

, како и да е Супермен ги сопре planet killer машините и во целиот тој хаос или урантини остануваат Супермен и Зод на ЧИСТО поле создадено за Final Battle

...