- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Познавам фамилија со три деца од 9, 5 и 3 години. Таткото има проблеми со алкохолот а мајката има некое ментално пореметување и не е способна целосно да се грижи за децата. Поради тоа децата живеат во многу тешки услови. Немат греење, немат дури ни стакла на прозорците, немат ни струја ништо се им е исклучено и никој сеуште не земал одговорност да им помогне. Децата се многу фини поголемиот оди на школо и е супер ученик, луѓето што ги знаат им помагаат со облека, понекогаш по некој оброк но тоа не е доволно. Се зафатив малку со таа тема и ангажирав веќе луѓе да ја скенират фактичката состојба. Мојот план е ваков:
1) Прво и основно ќе се ангажирам да им обезбедам документи за да поднесат за помош за трето дете.
Може ли некој да ми каже, каде можам тие документи да ги поднесам и кои документи се потребни?
2) Како второ сакам да се распрашам дали и жената со оглед на тоа дека е со ментално пореметување има право да зима некаква надокнада од држава?
Дали знаете дели постои таква помош и каде може да се поднесе?
3) Истото важи и за социјална помош.
Каде се поднесува?
4) Во план ми е да се распрашам и за отпишување на долговите што ги имат за комуналии, знам дека законскиот рок за поднесување е поминат но сепак би пробал.
Каде можам да се обратам?
5) Сакам исто да прашам дали има можност за ангажирање на социјален работник кој ќе се грижи и ќе ги надгледува децата од време на време.
Која институција е задолжена за ангажирање на ваков социјален работник и дали воопшто постои ваква институција?
6) Знае ли некој на кој начин во овој случај може да помогне Црвен Крст и дали истите имат канцеларија во Струмица?
7) За реновирање ќе пробам да соберам некоја пара и работна рака од луѓето од околината што ги познавам. Контактирав и едно хуманитарно здружение па ке видиме што ќе излезе.
8) Облека и такви работи планирам да присоберам од луѓето кои ги познавам и мислам дека тоа ќе биде најмал проблем.
Тоа ми е планот па ви бе замолел ако може да ми одговорие на погорните прашања. Исто така супер би било ако се напише по некоја идеа плус како би можело во конкретниот случај да се помогне. Може некој имал веќе слично искуство.