Помош за децата од интернатот Гоце Делчев во село Љубанци

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Луѓето од цел свет се кренаа на нозе и помагаат на децата од Уганда.. можеме и ние да направиме нешто за децата што живеат на неколку километри од кафулето каде што го пиеме утринското кафе, од дискотеките и клубовите каде се забавуваме.
Погодени од текстот објавен на бл
огот http://dictatorofdreams.blogspot.com/2012/03/blog-post_12.html група млади луѓе спонтано се решија да помогнат на децата од интернатот “Гоце Делчев” во селото Љубанци во близина на Скопје, со своите скромни донации од стара облека, храна, школски прибор и парични средства со кои би се купиле потребни работи за ова место
. Станува збор за деца кои се на возраст од 6 до 16 години. Поточно има две девојчиња на возраст од 14 години и едно на возраст од 9 години, момчиња на возраст од 6, 9 , 10, 13 и 16 години.
-Нашата идеја е да помогнеме со неколку вреќи компири, грав, ориз, брашно и слично, производи што ќе можат да се чуваат и да се користат на подолг период. Јадат конзервирана храна како паштети за појадок, јадат макарони и слично, значи храна која може да се чува. Имаат и фрижидери за месо и велат дека имаат услови да го чуваат истото.
-Да донесеме облека за горенаведените возрасти, да донесеме училишен прибор за децата, да собереме пари да купиме топки, играчки, средства за лична хигиена.
Собирот ќе биде во недела на ул "Дане Крапчев", во близина на Кино Карпош.
Бидете хумани!
Дојдете, донирајте нешто и помогнете на оние што им е најпотребно!

контакт: Арманд 075 478 134
Еве го и фејсбук евентот за повеќе инфо http://www.facebook.com/events/185904311522017/
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Храна и паричен прилог сигурно, а ќе побарам низ дома и стара облека ако имам.
 
V

Vollstandig

Гостин
. Јадат конзервирана храна како паштети за појадок, јадат макарони и слично, значи храна која може да се чува. Имаат и фрижидери за месо и велат дека имаат услови да го чуваат истото.
Ова си го пишал ко за некое домашно милениче да објаснуваш каква исхрана има...па луѓе се тоа, пиши “соберете тоа што имате“:)))

Незнам сеа, пошто собиров е скопје, значи ограничена е донацијава, незнам како би се изведило и по другиве градови, валјда има некоја невладина организација што ќе покрени иницијатива за донации...барем облека никогаш не сум фрлил можи од 5 години коа сум бил, имам веќе 3 бутици да отворам, така да можам да донирам јас облека:)
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Копи пејстиран е текстот од групата, i'm just spreadin the word :)
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Пишува све на страницата каде ќе биде собирот...собиров не е од никаква си организација или партија или незнам што,туку од неколку дечки кои што сакаат да помогнат...и има веќе ваква тема..
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
- одлична идеја ,сигурен сум ќе има голем одзив
треба да им се помегне на сите што им треба помош
ќе се собере и одвише - сигурно
затоа треба да се побара на кој му се потребни и неопходни
сите овие работи - на пр.она семејство во Припор со 10-11 деца.
А треба и повеќе собирни пунктови по градов.
Кога пред “Бисер“- од двете страни би се направиле, со назнака
за донацијата ,деца цел ден ќе носат од тие “вишок“ работи од дома.
А така и по сите други населби.Пмош на многумина им е потребна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom